Tuesday, April 12, 2016

Idomeni- EU buffer zone 4.12.2016






In late 80s, early 90s the whole world was aware about Yugoslavian doom. The Slovenian rat was the first one that abandoned the sinking ship called Yugoslavia.
Almost 26 years later, nothing has changed. Still the same hatred between Croatian and Serbs, Bosnian and Albanians, Albanians and Macedonians, Macedonians and citizens of Kosovo....and it goes over and over again... lot of conflicts, crises,blood and hatred spreading ended like myths and stories to tell where testimonials are mass graves and huge case files in International Criminal Tribunal in The Hague.

I do thing that this goes on EUs and NATOs back, because they did nothing during the crises to help with creation on any solution.Now this area is ziom for crime, drugs, weapons and human trafficking. The other thing is that EU cannot intervene in countries sovereignty.Its left to themselves, and that is not so productive as we can see. There is lack of democracy ,at least the one that most of the western countries are ruled by.

Today, all eyes are toward this region - Balkans. Because of the refugee crises. The thing that is bothering me is miss-usage of Macedonian defense policy, for gaining political points by other neighboring countries.

I shell not discuss how Macedonia is ruled, or how democratic it is, at least not now, but it have right to defend its own territory and sovereignty. If there its decision that the Balkan route is closed, and there are ongoing transfers from EU to Turkey, and every attempt to enter in Macedonian territory is illegal, and I dont mean like sneaking in the bushes and crossing the border, but violent riot that have consequences on the military power, than the same power can use proportional right to react.
The interesting thing in conflicts is the gaining on strategic power. In this case can be sympathy by the media and huge international pressure. Usage of the most vulnerable category (women and children) always works in rising more tension and intolerance.

And all of this happening in Idomeni, the border between Macedonia as non-EU member state, and Greece as entrance gate for the refugee and EU member state. This is EU buffers zone. The other thing that its kind of making me irritable, is the lack of cooperation between this two countries.
 I never play the blame game, and  I think that they should not too. If they dont cooperate, than the country that is left to itself, should find solutions applicable to its norms and resources, and obtain them without giving admission to anyone.








Thursday, October 23, 2014

Студентски гЛас 23.10.2013


Веројатно не е моја работа, впрочем дипломирав пред три години ( и веројатно не сум многу постара од појќето од вас), но никогаш во животов до сеа не сум сретнала по мрзелива,егоистична и поманипулативна маса од ова Студентската.
Вие, идните економисти, фармацевти, правници, чистачи, козметичарки,политичари, филозофи, скитници....
Младина која треба да е иднината на ова држава (каква - таква) толку да не сакате да се борите за своите права? Не станвит збор за прашањето кое ве засегат сега - екстерното тестирање- , туку она , општо во животот дали некогаш ќе соберите храброст да се спротиставите на некој - на професор, мајка, дечко, Влада,претпоставен, другар... ?
Не, никогаш, подобро ви е да Ве газат и користат како сакаат а вие да си молчите, и тоа ќе продолжи до крајот на вашиот  живот.

Јас, искрено не бев некој студент, напротив во индексон имам две 10, а остаток е све друго. Секоја шеска е заработена со знаење. Кј мене на факултет викаја - мала е разликата меѓу 6 и 10, а голема од 5 и 6.
Јас бев еден од оние студенти, кои се бореа за своите права, кои секогаш дрско се спротиставуваа и на професори и на декани. Ме викаја - она од Студенски,
Колку за пример, бев претседател на мојот смер, и претставник на 120 души во Студентскиот парламент и да....имаше и казни за тоа што многу зборвам или ко шо и рече еден сега многу мил мој професор- си ја пикаш глата вторба за нешто што не вредит...или барам...ама секогаш си терав по своето зш знаев дека зад мене имат 120 души кој знает кои им се правата нивни и дека мора по секоја цена да ги добиет.

Не, како денес. Сакате да смените нешто, сите скокате никој не оди кога треба, го криете газот. Па не, мили мои. Една ластојца пролет не носит. Нека не му давет политички концепт на сето ова, и не ве повиквам на ништо, впрочек кажав, не сум засегната, само се трудам малку на некој од вас да му ги отворам очите.

Денес, како не сакате да вложвите во себе. Имав другарка која студираше на економски во Скопје :
- Надица, таму имат се, само не мојш вистинско пријателство да најдиш. Сите глеет да те зафркнет, или да се подобри од тебе,ретко кој би ти поможил. Живот, и викам. Штета, голема штета. Не вложувате во пријателства, се ви се од корист, за љубов да не прајме муабет....или за културно и интелектуално вдахнување. Не.

Е зато сте мили мои  проста маса која е лесно манипулативна. Не го користите мозокот за ништо друго сем за фризури и шминки носење



Monday, June 2, 2014

Тинејџерска (не) СВЕСТ 02.06.2014


Си идав од на работа сеа кон четири сатот, а пред гимназијана имаше куп деца, шо е нормално з'ш е школо, иако појќето не беа на часој.Се слушаја врисоци, свирежи од коли и плачења. Се довикуваа нечии имиња, а на семафорине неколку деца се бркаја, среќа шо колине имаја убај кочници, па не собраја некој од нив.

На зидчено пред аптекана седеа неколку деца од кои, на едното не му се гледаше кожата - целото беше крваво. Колку шо наслушав од минувачите се тепале две деца, иако горе-долу имаше околу 50 деца. Се вртеа телефони за да се соберет покасно со цел да ги разрешат сметките.
КОИ СМЕТКИ, БРЕ ДЕЦА, КОИ? Сигурно имаа околу15-16 години а веќе беа спремни да посегнет по друг човечки живот. Знам, бидејки видов, еден од нив посегна по столот кој беше надвор од сендвичарата. Значит, стол. Која е сериозноста на проблемот за да сакаш на некој да му ја скршиш глата?

За неколку минути после то бев дома, и цел пат се мислев дали да се јавам во полиција или не... Си викам, па добро не е мој проблем, не сум дирекно инволвирана во истиот а и не ги познавав учесниците во тепачката. Ама не ми даваше мир. И си се јавив. Да, го пријавив она што го видов. Затоа што полицијата е таа која треба да делува превентивно, кога веќе родителите и професорите не может.


Си се прашвам,зарем толку ниско падна цената на човечкиот живот, шо е толку лесно да посегниш по истиот, а и по својот. З'ш со лишување на нечиј живот се лишвиш од својот а и  целата твоја фамилија.
Се прашвев, колку други вакви случаи или со колд "тепачки" на малолетници - без причина, не биле пријавени на надлежните. Колку е ниска и совеста на обичните минувачи и граѓани да го пријават, или да поможет да се смирит ситуацијата.
Од друга страна, точно е дека не сме никој засегнати и дека не се мој или Ваши деца, ама должност е да се пријавит.

Искрено ко се јавив прво нешо шо прашав е дали некој пријавил? Ми одговорија дека не. А да се земит во обзир сине продавници, аптеки и самана гимназија и другарите и очевидците и никој не се најде да се јавит...
А шо ако зафрлеше со шанкерскиот стол и го остаеше на место? Или погодеше некоја кола, или кола да удреше некој од тие шо се бркаја на црвено после сите ќе беа, да , знам видовме...ама никој нишо не напрај.

Друга искрена ствар е то шо не ми беше прва тепачка на која сум налетала,ама е прва шо сум ја пријавила, и од сега ќе се јавувам з'ш само така можда нешто ќе се сменит во градов.
Почев од младинава....








Wednesday, April 30, 2014

Скопје и јас... 30.04.2014


Воопшто не бев воодушевена од помислата дек требит да одам Скопје. Ич. Не знам зш, ама не ме фасцинират како порано. Сум живеела во многу пубај градој од овај, и ништо не ми е вау или ново.
Искрено го пишам ова зш сакав да споделам нешо шо мојт на појќето од вас му се десило. На пример стартно, во Галеб-ство, имат еден шофер абе нон стоп шо е напизден, ни крив ни должен мојт да си го окркаш. Истиот шофер си љубит турбо фолк - од онај српско-бугарскион. Па 50 души ги вртит во Дантевиот Пекол до осми круг, зш во деветти веќе сме Скопје и излегвиш од автобусон ко то животно прашање да е.

После то имат неколку ситуации шо не мојш а да не ги избегниш во автобус :
Она спроти тебе ко ќе сејт млад пар ( под млади мислам пост тинејџерски 19-20 години) и слушаш само пљас пљус, се вртиш и глеаш  јазици летет насекаде, па место нив тебе ти е незгодно.
Зад тебе ко ќе сејт дедо или баба најадена превентивно лук, па секогаш ко ќе сакат да седнит пубо го фаќат седиштено од двете страни и влечит за да се поткренит( а зш е расипано и ти со седиштето) добро, ама барем коса да ми остаеше,и исто, си кашљат во тебе.
Најомилено ми е она тој покрај тебе да купит на стража чипс или мекица, да те замрсит во јакната и да ти речит : сакаш?

Никогаш( колку шо се сеќавам) не сум ја пробала мекицата од стража. Мртва сериозна сум. Не знам зш. Мојт зш побитно ми е да си купам еспресо од лук оил, него мекица, и без то после целата мирисам ко јас да сум ги праела зш сите во автобусот јадет.

Стигвиш Скопје, туриват. И без то прст пред очи не се глеат. Убо тука шо живеам.Дома досадно, сама. Важно на скопскине канали имат еден куп исцелители шо может да те смеет ко ништо до 4 сатот сабајле, барем мене. Се чудам шо ојт по земјава.
И си викам, ајде да излезиме. Сама - сама. Чадор ич,ама си реков сакам да видам шо имам пропуштено за година дена.  Не ги имав видено сине споменици, а и бродојне во Вардар имаја шанса да се одкответ, па во случај да требаше да биит некој позади кормилото да се најдев.....
И така си тргнав, сама.

Она ко ќе поминит кола во вирче и за влакно ќе се поттргниш, па ке ти олеснит, за некој пешак со нога да цапннит и да те напрајт појќе бербат од шлепер, или ко ке сакаш да скокниш вирче, ама краток си во нозете па го фткаш рабон од тротоарон и до колејнци си воден - е то ми се деси, и не ми сметаше.
Ги немав сменато бришачиве на наочариве па мораше да ги стам в џеп. Можев да го осетам дождот.Дап. И стварно е...Одвај гледав, римејлот ми беше растопен и сто посто изгледав ко некој да ме имат тепано два дена- без престан, и пак не ми сметаше.
Дури не ми ни сметаја патролите на полицијата која ми мафна, зш сама ко чукната шетав.
Поминав со раката по работ на онај мостон, железнион, нов шо е.... ладно железо....ама фино чуство за миг да ги бришиш безбројните капки дожд, за во истиот миг како да не си го напрајл то.

Не се трудев ни да си ја исцедам косата, не би сменало ништо.
Скопје - Центар. За миг ми беше убав, раскошен, иако беше каллив и заспан, уморен и за некој досаден. Ми беше убав. И тогаш ми текна, па да.... Го сакам дождот, затоа.....












Sunday, April 27, 2014

Шо му фалит на боемскиот живот? 27.04.2014


Сума сумарум на април :
Искрено, имав неколку "неуспешни" обиди на скоцкам нешто убо и читко ( а можит и ова за некој немат да е убо) ама да си го кажам своето. Во изминативе неколку недели мислам дека повеќето од вас беа окупирани со то на кој не му се вервело, то дека требит да прајте разлика, да ојме во европа сега, и то дека времево беше променливо т.е громој дека имаше....нема да навлегвам појќе...некој од кој и јас беа зафатени со пејофот во ракометов...то е....други почвет за матури, трети за први мај и поминала годината.

Последен пат ко бев излезена ( то беше вчера) ама мислам излезена она да личиш на чоек ( зш ретко носам штикли ко на трет спрат шо секоаш на сиодвење ги ставам в ташна и си менвам балетанки, или фасадирана ко ќе се опулам во огледало да не се познам и да си речам - здраво маче :) ха... им реков да пријателине, Ве Молам друг пат ко ќе ви речам за излегвење да ме потсетите како си поминавме минатиот пат, за да не идам тук да си одам кј шо ми е местото -Џез.

Муабетот ми е следниоф : убо си поминав, мислам нормално не е битно кај си тук со кој си, и имав убај луѓе околу мене ( мислам на мојте пријатели, подалеку од нашата маса не глеав, кратковидна сум) ама наоколу имаше многу несреќни луѓе. Дап. Како заклучив...па многу лесно...колку и да се смејте ви се пулит во очите дека не сакате да биите таму, дека некој ви фалит, дека радо би ја исклошкале та другарката шо чрчорит за вас зад грб.
И како секое сериозно друштво, почнавме муабет на та тема.
Е, да генерално македонскиов народ е несреќен. Шо му фалит?

Научени на безгрижен и неуреден живот базиран на користољубие и завист, кј шо све буквално се гледат низ призма на пари, кај шо  не ти е гајле за сопственото мислење туку за мислењето на мнозинството, кј шо вистината е глува а правдата ќора, кај шо младината е без грам свест а возрасните заборајле за то шо ги учеле нив, кај шо овој боемскиот живот ја доживува  својата одисеја... и све то благодарение на заборавот на една вдахнувачка емоција -Љубов.
Можев да користам некоја многу по-фенси придавка, ама ова ми беше нај, со цел поблиску да ја доловам емоцијава. Немат да должам за то шо е, сите колку-толку сте ја доживеале, сеа кој појќе кој помалку.

Да се вратам на муабетов. Е добро, и како то се несреќни, и то баш без љубов?

Па така, немет пријателство имет корист, не споделвет емоции ( среќа, тага - ко ние на пример, другарка ми се вработа, не по струка и една обична работа колку да не сејт дома, ко и се јавија двете пиштевме од среќа, а овие- ќе се јавет да ја накодешет дек не е за та работа само да и упропастет, или ко ми умре кучето другарка ми рикаше со мене, денес- ке ти се смеет, зш е животно), споделвет клиентела и матерјализам, споделвет цинизам и завист. И на крај, ќе останет сами.И просто, луѓе без вистински пријатели се несреќни луѓе.

Немат љубов. Врска базирана на :лаги, неверства, зш шо  најубав пар ќе сме тој е батулец од оние набилданине а јас сум шмизла - топ пар од оние ефтинине Холивуд тинејџерски филмој, зш тој имат стан кола и шо знам јас, ако нека ме бијат немат потреба да се сакаме битно е шо ќе речет луѓево, и све е битно само не си битен ти, т.е. поважно е мислењето на другите него твоето. Или ко ќе се будиш покрај некој шо не го сакаш,е па не знам кој е среќен тогаш, богомолкана можда, зш му ја јајт глана на партнерот и не морат да го глеат појќе.

Шо знајте вие мене како ко ми е? - Никој не ме разбират... Мислам стврно мамо ај одјеби. Овде тесно ја поврзнам љубовта со почитта...Нормално, некој требит да те научит да сакаш, а ак мајка ти појке сакала да ојт во козметички салони или екстремно да е зафатена со работа за да те прехранит и немат време да те научит на основни емоции, ти ќе бидеш осудена од кралот, да не речам несреќна ќе бииш некое време, зш нормално кралот ќе те пикнит в затвор и таму не мојш да си среќен, сем ако затворот не е во Норвешка.

Не знает да се сакет себе си, Се некој друг е подобар од нив, па морат да се бориш за уба еманципација во општествово. Морат да се трудиш да импресионираш некој шо ето, и не ти е толку битен во животот ама ако, и се со потсвесна цел, да го истакниш твојот антином на достигнување а да го дискредитираш неговото. Се понашаш ко фатална фагоцитоза (зборов го слушнав на радио и ми е збор на неделата, т.е. да бидам појасна - се понашаш ко бактерија шо е способна да уништит цел организам) и на крај од денот ко ќе го напрајш то -  да си несреќен.

Многу од вас, мојт и да не се сложвет со мене, ипак се работит за мислење. Сигурна сум дека многу од вас не ги прает работите шо ги прает среќни, не споделвет љубов и радости, туку себично си ги чувет за себе. Исто сум сигурна дека многу од вас ќе речет дека немат никакво влијание на емотивната празност со то како некоја личност е гледана од вашите очи.
Имат.

И така заклучивме дека генералниот кривец за несреќата на луѓево во нашево општество е љубовта која  ја немат. Не се пари, не е невработеноста, не се сите оние социо-општествени фактори кој секојдневно ни го окупирет умот, туку е една емоција која е забораена. Зш и порано не биле толку богати и ситуирани, образовани  и не се понашале ко фодули по градојве ама биле среќни. За ова слободно мојте да ги прашате вашите баби и дедовци.

п.с. join to the club of happiness... try to be happy - share some love -  не е Боб Марли, јас сум :)












Tuesday, March 25, 2014

Изборен Сердар 25.03.2014

 Пискотници се слушаат од Галичник до Река,
 што тешка несреќа ги збра
 и мажите, и жените, та гласи тажна ека
 и навева сал коб и зла?

Само што пискотниците не беа од Галичник до Река- беа од Охрид до Струмица и назад.
Да, синоќа ова се случуваше во оваа наша тажна Македонија. Навистина тажна.Сега целосно го разбирам Прличев. За што се бореле тогаш и денес....Не е премногу реторичко прашање...Едноставно прашање на кое сите ние го знаеме одговорот.
Си викам, ех сеуште не можеме да се ослободиме од ропство, иако сме без поробител, самите на себе сме си џелати, самите на себе сме си поробители.
Затворени во мислата на подобро утре, не ги гледаме последиците од вчера и денес. 
Ќораво следиме нечии вредности и принципи заборавајки на своите.

Не, синоќа не бев на митинг, но не бев и поштедена од она што го затекнав после тоа - расфрлани шишина и хартии, недојадени оброци и недопиени пива.
Охрид личеше на град поминат од цунами- неколку пати. Не верувам дека и останатите градови во кои ќе се одржуваат вакви -манифестации- ќе бидат поштедени од цунамито - Малограѓанштина.
Прочитав на неколку портали дека Охрид беше преполн - ко во сред сезона, а можит и повеќе. Па беше.... Видов покрај езеро разџагорени луѓе, насмеани и распеани, чиниш слават 1991, каде место таму, на пиедесталот би зборувал Григоров за независноста на Македонија.
Каде ти е независноста сега, Македонијо?

Зависиш од две партии кои не ти даваат ништо а ти одземаат СЕ! Исти, драги мои...И двете се исти...Оти благосостојбата никој не ја ведел во овие дваесет и кусур години, сите се сеќаваат на онаа претходно.
Не...ја виделе оние кои биле на власт тогаш, сега и утре.
Повторно, некој креативец напишал - Во Македонија не се живее - во Македонија се ПРЕЖИВУВА...Ова  некако ме потсеќат на цитатине од Хихи - риху во Недела сабајле шо ги даваја, со иронично смеење во позадина, оти е вистина.
Во комшилуков, дневно ги гледам речиси сите комшии. Сите си поставувaaт едно прашање: Шо ќе прајме денес за ручек.
Чиниш толку е тешко, или толку е сиромашна Македонскава кујна шо морат да имат непрестани консултации и совети и покрај телевизиските емисии.
Никој не ти кажува како да прехраниш четири члено семејство со девет илјади денари, од кои четири ти се за струја, една илјадарка за вода, комуналии и нискоградба, и дванаесет за кредитот шо си го зел од некоја Банка.

Ако му верувате на Вашот Македонски народ онолку колку што тврдите дека го прaвите тоа, не гледам причина и потреба да водите предизборна кампања, та едните та другите. Оставете го народот да си одлучи кому ќе поклони парче добра кременадла, додека самиот крпи за леб.
Ако сте го направиле она што тврдите, или другите украле онолку колку што не сме виделе, оставете народот да си реши.
Пред години правев споредба: Македонскиот народ е ПИРЕЈ, Пиреј неуништлив, Пиреј неистреблив.Згрешив. Оти и дивата трева ќе се најди некој да ја искорне.
Самоистребување и искоренување. Преселба на Пирејот на други поровки почви од онаа на која се појавил.Само и само да продолжи да живее, оти тука е газена од сите страни.

И не сум толку патриотка колку што звучам...




















Sunday, January 26, 2014

"Vo svetot na bajkate" 26.01.2014

Mojot svet e bezboen. Go obnojuvaat lugeto koi vleguvaat i izleguvaat od nego...Nekoi resile da ostanat podolgo a nekoj....samo da pominat... Gi zalam lugeto koi nemale sansa da me zapoznaat. Ha...Da...istoto vazi i za vas...Site....Treba da vi e milo sto nekoj resil onaka samo da pomine vo vasiot zivot... Toa bi znacelo deka ne zasluzuva da mu dadete cetka za da oboi del od vasiot svet so negovata boja...

Ponekogash ke sretnete licnost sto za mig ke oboi del od vasiot svet kako da ja rasprskal bojata....na site strani...i vam vi se dopagja toa.... Toa e kako onaa situacija koga sedite vo voz, a pred vas dreme sovrseniot stranec.... Postojano mozete da go zabelezite negoviot pogled na prozorecot od sprotivnata strana.... Suvite lisja stanuvaat zeleni a neboto povtorno ja dobiva svojata sina boja....
Vasata bajka zapocnuva...Mozete da se vidite kako se drzite za dlanka  i kako zavivate nekoja pesna koja pee na radio...Kako nekoj kratkometrazen film.Se se slucuva brzo....Kako da ste go pritisnale kopceto za zabrzuvanje...Gledate se.... Sostanoci, baknezi, srekja....
Next Stop - Station Central de Antwerpen....
Gi sobirate svoite torbi i se trudite da izlezite od vozot. Se vrtite i gledate deka ve prati so pogledot. Nasmevka na negovite usni... I vie ste oboile del od negoviot svet.Za moment ste spodelile ista bajka.

Onaa situacija koga nekoja od vasite bliski prijatelki kazuva deka ke stanete tetka.Deka nabrzo vasite razgovri koi se vrtele okolu mazi, seks i stikli sega ke se vrtat okolu mazi seks i peleni.Vo ovaa bajka mozete da ja slusnete onaa melodija na prispivna pesna....onaa igracka cesto visi nad detskoto krevetce za da go uspie pobrzo...Mozete da go pocustvuvate mirisot na Bekutan...Ve vrakja za moment vo vaseto detstvo...Vasata bajka ja imaa ona boja na detska soba ispolena so mnogu zvezdi.Sekoja zvezda-zelba. Ja stavate vasata dlanka blisku vasiot stomak i gi otvorate ocite...mirison na Bekutan e seuste prisuten...Go zemate vo pregratka deteto na vasata prijatelka...Oboen del od vasiot zivot..

Koga nekoi boi ednostavno izbleduvaat...Kako custvata...Nekoj ne se potrudil dovolno da ostavi traga vo vasata bajka.pocnuvate da se prasuvate kakva boja voopsto bese...Dali mozebi bese crvena.....Toa e onaa bajka so prijatelite.Samo del od onie koi nekogash bile najdobri.Cij svet ste oboile i vie.Koga na pochetokot vo dlankite drzele paleta na najrazlicni boi...Ste mislele deka mozete da go oboite i svetot.... Nekoi od niv se dobri umetnici, se trudat da obojat sto povekje bajki.Najcesto site gi ostavaat nezavrseni.


Onaa boja koja ne moze da se promeni.Boja koja tesko mozete da ja pokriete ako ja nanesete nekade.Boja na bolka i taga.Koga ke ja nanesete na nekoja strana, nikoj ne bi mozel da ja pokrie iako se trudi postojano da ja osvetli ili izbrise.Negovata bajka dobiva temna boja..Kako del od vasata dnevna soba da e oboen crn, iako ostanatite vasi zidovi se so ubavi pastelni boi ona sto go sobira celiot vpecatok e temniot zid.Najcesto koga ke izgubime nekoj...fizicki ili emotivno....Ostanatite zivovi mozeme da gi menuvame....Ovoj ne go zaboravame...A i dobar ni e takov...

Jas gi sakam onie bajki ispolneti so mnogu boi. Koga cetkite se na site strani.Koga lugeto koi go obojuvaat mojot sve sakat da ostavat i svoj potpis.Kako da ja maknale dlankata vo bojata i ja zalepile direkno vo moeto srce.Koga zemaat grst svetulki vo svoite race i gi razlevaat na temniot zid.Mu davaat malku razigranost.Ne se trudat da go promenat, se trudat da go razubavat.
Koga ke poglednam na taa strana od sobota, gledam temnina, no so pomosh na tie luge gi gledam i svetulkite koi treperat so sekoja nivna nasmevka.
I toa za mig mi ja pravi ovaa bajka ubava.