Friday, September 27, 2013

ДРапалома.... - Диплома за бришење г'з....

Е ај...не мојш едноставно некој работи да ги промашиш во оваа наше село ненаречено Македонија. 

Дур си шеткарав од на работа еден круг по градов ( иако не е баш кружен) налетав на еден мој познаник. И нормално... Еј шо прајш шо имат ново? Кј работиш, овде во Туристичкава Агенција... Да, бе.... Не бе се заебавам.... на паркингов сум.... И нормално не целава прашалници само шо бев тук само шо не се онесвестив... Тук шо, на истото сум и јас. Дис ис хау ит гоес... Аман бе, да ти се покакам во државава. За шо учевме бе факултет?
-Надица, остај то... Онај на другана страна е магистер а онај другион правен имат завршено.Замисли две години волунтирал во судон и сеа ево со мене си ставаме фискални
( дечково со кој разговарам имат економски факултет). Браос викам. Ете...

Нормално, невработеноста во државава не е проблем, неаме вработени. Поважно е да се дефинират брак ( ко санкир до то сме дојдени, све остало е памучно бело), да се кљошкет за некој си изјави, дојави и одјави како на вести во и вон државава ( г-ѓа Шекерка), да се патуват по странство дури до Луизијана ( да се најт клиника уба да се инвестират и да се праќет лекари наши таму-на дообука, зш загреота нишо не знает, бар дур се таму да одет на некоја џез свирка да донесет и таква култура навака), да се носет инвеститори по можност за изградба на паркинзи - не за друго, да имат тој шо завршил факултет шо да работат.

Абе и не е се така црно. Море, алоо како не е црно? Поцрно е. Кога ќе ги вратиш тие пари шо си ги фрлил? Затоа што нели, знаењето е сила и моќ ама ак некое од локалниве батиња ти излезит од колана и несакат да ти платит 50 денари, немојш да се бијаш. Е тука тој е помоќен а немат ебани три дена школо.
Си викаш ко ќе завршиш средно, е супер сакам да бидам доктор ( да спашавам луѓе), адвокат (да ставам криминалци во затвор), полицаец(да фаќам криминалци), економист( да бидам успешен или бла бла бла) ама ова беа вредностите ние ко учевме шо и не е толку далеку.
Сега : абе да завршам било шо, да се вработам во општина, полиција,пожарна и нишо да не работам. 
Ете, а тие шо сакет да работет, шо барем имет три грама мозок,и вервет во некои си вредности се по : паркинзите низ државава, во локалните кафичи и кладилници како келнери, во фаст-фуд  ресторанчиња,таксисти, чувари или избацивачи во некој кафич ( ова за оние шо имет некој мускул појке).

Да се разбериме, не ги потценвам ниедна од горе наведените работи, зш и јас сум со факултет па ич не ми е страм да кажам дека работам келнерка, страм ми е да кажам дека имам факултет. Зш за келнерај не ми требит то. Фала богу табака е ајнцер, тацна е тацна, кафе е макијато и се така на така.
Просперитет.То е.Градиш успешна кариера. Менаџираш проста маса на луѓе шо ето по цел ден сејт и зјапат во телетексине, шо фрлат една просечна македонска плата место на детено чоколада да му купит или патики нови,шо ќе требит и дупла дневница да почниш да му даваш зш сејт цело работно време- алоо на локалов, и нормално да пробвиш да не влегвиш во дискусии зш и колку да му објашњаваш-немат да те разберит. Ама то е. Имаш факултет и пробвиш да го искористиш, хм, а јас со мојов до сега сите ќе требаше во воздух да ги кренам.

Или замисли, во случајов на пријателов : Па комотно мојт да му напрајт Биланс на состојба на Билјанини извори- зш нели истите ги имет паркинзиве. Колку приход имат и колку не сакале да му платет зш си может.
Или правникон : Според амандман тој тој и тој од Законот за сообракјај и паркинзи или шо ти знам јас не си обврзан да платиш паркинг, ама морат.
Ама Надица, имат разлика со факултет. Абе никој то не го оспорвит. То е та брутална вистина. Имат разлика. Не мојш да се разбериш. 

И како резултат-немало да си бегат младинава од државава. Епа извини, да ми кажеа мене мама и тато дека за џабе ќе ми пропаднет години учење, за да си бидам попаметна и пообразована од сеа некој си 60 посто од младинава ( зш сите одет на факултет) немаше да биит така. Уш од одма ке си одев. А, попаметна во секој случај ке си останев.
Ало, разбудете се младино. Ова требит револуција да се кренит и да се напрајт. Шо само  куќни Че Гевари ќе се прајме и сами ќе си зборвиме. 

Опозиција, позиција и в центар разгледај малку шо се случвит наоколу.
Требит да се напрајт нешо, зш цела Македонија ќе ви останит празна, без нас - младите.