Sunday, March 24, 2013

Пост- изборен пост! 24.03.2013


Фала богу шо идат Велигден и шо помина 24 март за да может луѓево на рат да здивнет од политички кампањи и реклами ( шо т'пан ти ја прает глата по 100000 сати дневно),од месо било какво ( не дек редовно месо се спремат, ипак да се разбериме телешко е 350 денари), од греој кодошења и оговарања, и од фрлање пари за џабе  купвење гласој, ко на пример 50 евриќи за да гласаш за една дотична партија, ама се у року службе.

Да бидам искрена стварно фино си поминав на денешниве избори. Ама ич не беа напнати, нервозни и неизвесни. Како набљудувач во една изборна единица и со цел да го демантирам она шо се трудет да го наметнет од една СССС-мовска партија, абе немаше ниедна неправилност, нити причина та да се исценират... Напротив, сите шо влегоја на гласачко место си беа насмеани, љубезни и пусто сите ко го клаваја ливчето викаја : Ајде со среќа ДА НИ Е!
И стварно, ко размислив малку, уствари Охриѓани победија во Охрид, никој друг.

Ама пустиве избори, исцрпувачки се. Да пазиш кој шо како, да евидентираш и да ги потсетвиш нормално сите шо гласале дан си ја заборает личната карта, з'ш та се дават од ко ќе го клајш ливчето во кутијата по принцип -даваш лична карта-ти даваме ливче-го пикаш ливчето во кутијата-ти ја враќаме личната карта. Ама народов беше толку возбуден шо сите гласаја и кидавела да ги немат надвор со причина шо надвор пукаше сонце. Мерак. Ак не за друго, бар уз кафе и муабет чаршија идаја да гласет.
Резултат- фантастична излезеност на гласање. Е, и после сме биле мрзи, ма не....Само недела да е, сонце да имат и кафемат кј шо ќе се одвиват гласањето и се е то екстра.

Сумирани податоците беа....шо знам...мене ми беа преубај...Уствари....не....само убај бројки. Шо би рекол Џамбазов : Ајде, дај му Натали на човекот, убав број крупен број...
Е  му даде Натали џек пот, и то убав џек пот, шо трајт цели четири години. Ме бендисвит то шо чоекот шо го доби знајт паметно и разумно да ги трошит парите, и уште попаметно да инвестират. Секако, тој шо губит имат право да се љутит, е сеа не е битно да се победит, битно да се учествуват, з'ш и то беше непознато, дали ќе имат појќе играчи за џек пот.
Ќе речит некој среќа имал чоекот. Как да немал среќа, да имаше ќе си одеше уште (ак се опитвам јас) пред 8 години. Среќен ќе беше цел Охрид. То се викат да работаш за доброто на твоите сограѓани.Ама нит ние имавме среќа нит тој беше посреќен.

Убо вака, се од прва...не втор круг, трет круг деветти круг, ајде Данте уш малку ќе го гласаме. Вака мирна глата до Велигден. Мојш денојве комотно да си впиваш сонце покрај езеро без страф дек ќе те пернит некој политички маркетинг дур слушаш радио, дек очи ќе ти бодет плакатине низ градов дур бараш sвезди по небоно. Се убо, бериќатврсан шо би рекле пријателине турци. Стварно, уште пубо ќе ни е,т.е. ќе почнит да ни се разубавуват градов, ние, расположението и се она шо досеа ни мрчеше, ни грачеше и ни  фрлаше завеса пред очи.
Бравос, шо конечно во еден град како шо е Охрид успеа да победит народот. Ами нели и со победа на народот  е - ДЕМОКРАТИЈА?
Па, да резимирам ОХРИД Е ДЕМОКРАТСКИ ГРАД.... Браос за Охриѓани !







Thursday, March 21, 2013

За инет ! 21.03.2013


Ех, да не беа избориве немаше мајци, пенкала, тефтерчиња и освежувачи за кола да имаме нови. Ё добро де, ќе се најдет, како спавачи, ко ќе требит да запишиш нешто а не мојш пенкало да најш, да не морат да киниш лифчиња од тетратка - сеа ќе имаш тефтерче и нормално з'ш да не ти мирисат убо во колата, само требит да го потскријаш малку з'ш секакви будали имат па да не ти настрадат шофершајвната или некое друго стакло.... внимателно....

Слушнав дек Ацета наш за инет од ВМРО и Бакрачески изготвил нова програма и за инет од Скопје 2014, следвело то да Охрид си добиет своја 2013.
Ам добро.....Кј беше Охрид од 2004 или 2005 па навака.... никаде, ништо ич....не....се извинувам...2 кружни тека, вработувања во Општина,нискоградба без плата...ама ако...да си одет луѓено на работа од сабајле....
Да го објаснам проектов....

1. На "НОВО ИЗГРАДЕНАТА АВТОБУСКА" ќе стаел споменик од неколку метарски чоек шо во рацете ќе држел табла - соби-rooms-zimmer- ак како, полесно да се снаоѓет туристине ко ќе дојдет, а не да ги грабет приватњациве за ракај за ногајци, вака фино културно ценовник и знакон од Општинана.Се то организирано.
2.На крајбрежјето на езерово сем котва ќе стаел и еден споменик РИБАР онде пред ПТТ, за да ги мотивират младиве појќе да водет грижа за рибите и то како требит да се замавнит со ј'дицана дан му истајш око на некој после шо прајме?
3.За ИНЕТ од Владана ќе му давал субвенции на рибарине.... На секој по кило црвчиња....ам ај не...Пред избори е море....требит да се гласат...Вака то не е подкупвење...Само ги субвенционират за да может риба да си фатет и после благодарение негово, ќе му се захвални и ќе гласет за него.
4.Изградба на ЕКСТРА-ПОВЕЌЕ-КАТНИЦИ насекаде низ Охрид... Немат потреба да кружит воздухов...не...з'ш шо скопјанине поздрави да се од нас ко мојме на исто да сме... Ко Нујорк еден на пример...Абе метропола, метропола..... И не морат да имаме поглед на езеро.... Ак сакаш да го видиш ќе си излезиш и ќе шеташ на ќејон. Паметно.

Стварно ме интересират, абе пуста чоечка љубопитност ќе ме закопат некогаш.... Шо ако и кога би победил пак тој... Охооо...ништо ич... Собирам парталите, станот, колата, фамилијата, пријателите абе и цело Охрид на грб го зеам и си ги носам во некој нов град... Е...Имат место шо... Ќе си изградиме наше мало градче и ќе го викаме Северен Охрид... Е....таман...таму немат потреба да имаме градоначалници, буџет ( шо и ако ти си плаќаш месечно еден куп даноци, тој буџет се во мањак е неколку милиони), немат потреба атмосверски води да плаќаме, немат потреба најскапа вода да пијаме...јесте да, мојт ќе неаме езеро ама ко ќе се стопит снегон на Галичица ќе си напрајме вештачко..... То е "домаќинлак"... Охриѓанштина...
Ќе си имаме Охридски совет и се со гласање.Немат трте-мрте.
А Охрид мојме да им го остајме на тие шо мислет дека со градење на зградишта, некој базен шо требаше да се изградит пред многууу години, спортски сали, места кј шо младинава требит да се рекреират и се шо требит да се градит...з'ш се друго во Охрид функционират па да...

Како дел од младинава во градов.... Ох, ненормални едни.....та едните та другите... ние работаме па до фудбали, пливање ни е дојдено.Да, сите сакет да работет во Општина, во Нискоградба, во Комуналец... То е... Пак ќе речам.... Џабе... Уствари шо, стаж им течит, за плата ќе се опитаме.Важно, ко ќе му се жалиш на некој дек немат работа во градов, тој одма со реплика, имат како немат, за тој шо сакат да работа во Општина и тхе рест шо ги спомнав имат. Само услов... Ех сеа и ти.. Услов.... Ами требит да си од една партија ... Од паритија која ништо не сработала нит планират да сработат, од партија која ги украла боите на Шведска....





Friday, March 8, 2013

Психо - Политичко Растројство ?!? 08.03.2013

Оваа колумна ќе ја започнам со еден цитат кој ретко го користам, од принцип што навистина не знам да молчам, да, особено во оној миг кога тоа е најпотребно...
Подобро да премолчиш и да испаднеш глупав во туѓите очи отколку да прозбориш и да ги отстраниш сите сомнежи.... И, да им го посветувам на сите оние кои се доволно паметни за да зборуваат и доволно прости за да молчат.
Онаа старата, Молчењето е злато... Штета што во нашава Македонија повеќето луѓе се среброљупци..

Оди вака : Синоќа го гледав монологот на Генералот со Министерот... Па добро... не беше некој си дуел... Навистина ако се земе во предвид дека константно само едниот од нив говореше... Ух... кога јас би се нашла на место, на било која страна... Па мислам дека во секој момент ќе скокнев да ја задавам...
Да, бидејки Тој е мој заколнат непријател, мој Расколников .... Бидејки ако веќе претставувам нешто, до срж ги бранам моите идеали, она за што се борев во 2001, бидејки и обете страни застапуваа некој си свои начела, своја цел за постоењето...
Едните сакаа Голема Албанија, ние сакавме само Своја Македонија....

Да, цврсто тврдам дека не можеш да бидеш две личности во исто време, сем нормано ако не страдаш од поделеност на личности, која појава во психологијата е блиска до шизофренија и да, за тоа постојат институции кои не се блиски со министерството... Да, тие институции се нарекуваат нашки кажано ЛУДНИЦИ.....
Штета што цела Македонија е за таму....

Исто така тврдам дека можеш да си симпатизер на една партија, но тоа не значи дека се согласуваш со сите нејзини одлуки.... Секако, колку луѓе толку глави.... и уште толку мислења...
Кога веќе сме кј министерствата... Да, како сите вас Македонци сметам дека Министерот не треба да се доближи до тоа Министерство, а камо ли да го води... Бидејки ние сме емотивно поврзани со се она што тој претставува како човек, и се она што ние претставуваме како нација. И да, го сметам за провокација од нивна страна, оти да коалицираш со некој по дифолт би значело да ги прифаќаш и неговите одлуки.

Можеш да си симпатизер на Вечни политики.... Но дали тоа значи дека се согласувате со секоја нивна одлука? Со секој нив изговорен збор на телевизиите, или секое нивно повикување за излегување на студот.... Да, како симпатизер сметам дека кога веќе ве влечкаа надвор по улици, требаше да одите до крај.... Требаше да се борите до крај... Можеби ќе ја добиевте војната по неколку изгубени борби... Ама, уште едно ДА тоа никогаш нема да го дознаете....

Гледате, не сум симпатизер на ниедна паритија, и истовремено сум за сите... За сите со кои  делам барем сегмент од моето размислување. Навистина, верувајте и процесот на размислувањето во последно време е монтиран, особено ако се земат неодамнешните настани.
Навистина штета што Политичкото растројство е позастапено од психичкото...
Луѓето збудалуваат од толку многу политика... Од толку многу нечовечност, нељубезност и алчност...



Tuesday, March 5, 2013

Митиншки старт - атак ! 05.03.2013

Додека се трудев да стигнам до на едно место, случајно бев завлечкана во огромна маса на луѓе, кои, со оглед на тоа дека беа наметнати со црвени маици, дефинитивно се упатиле на плоштадот за да го слушнат Груевски како го означува стартот на предизборната кампања.

Се прашувам, зарем таа не беше започната уште во декември? Оти се така ми се чинеше, со тоа Ти Ти Ти, а не Јас Јас Јас.

Да ви кажам ми идаше да си пукнам дур ги слушав како разговараат еден со друг, движејки се во правец кој дефинитивно тие не го одредиле, бидејки слепо пратеа некој кој го немаше на чело.
Навистина, ( бидејки живеам на Туристичка), имав поглед кој е вреден да се чекат, како зајдисонце на Кариби. Така , од мојот балкон ( на 4 ти спрат) можеше да ја видиш лентата на автобуси кој беа начичкани толку близу еден до друг, шо сто посто од авион изгледаа ко лента за претицвење на автопат.

Да се навратам, да , имаше разговори од типот на :
- партиски, и то како ќе победиме, тие ќе изгубет ( конечно), кој бил во право а кој не и кој крадел најмногу ама океј ;
- Абе брачко да ти кажум ваа ракија не ја биве, треабше од нашта да донесум;
- Ми нисмо у Куманова, искочисмо во Охрид,
и мојата омилена - Еве сме на кеј у Охрид - е извини срцка, ама ние си викаме покрај езеро.

Дур си одев така не можев а да не се опитам по не знам кој пат з'ш некој на пример шо е од Струмица, Штип, Кочани или др град шо е на 5 - 6 сати клинкање од Охрид се забрал да дојт. Сигурно то мрцварење не е само и само за Груевски, или обратно, се забрале охриѓани да одет Струмца за Црвенкоски. Сигурно не е то дек ќе слушнет нешто ново.
И ми светна : Идет да го видет Охрид, не за друго и времето им се погоди, абе пукаше сонце.
Стварно, пријателе, Охрид беше преполн. Сред сезона не е динга олку. Луѓе на кафе, по ресторани, на вечери, по тротоари...Мислам дека и во сезона требит да се организирет митинзи. Санкир морат избори да имат, па да се организират безпари превоз до Охрид. Можит фино лепо да се ангажират некоја туристичка агенција : Ајде, специјална понуда по повод месец тој и тој, неколку часовна екскурзија во Охрид, за само ИЧ пари. Услови : партиско знаме, и мајца по желба, зависно од која паритија си.

Не дек во Струмица е поарно.
100 % е бетер з'ш немет езеро, кј ќе шетет, ај по чаршијана малку, мојт и по некоја нива да скинет некое сезонско овошје. Таму све е сино - жолто,Охрид црвено - црно. Ам то е, за толку колорит сме платиле.
102,5 % ко имет идано автобусине за Охрид, на разглас ко поминвеле пред општинанан ја имет пуштено - Домаќине добри гости ти дојдоја, штета шо Ацо не ги чу.

Друга работа шо ми идаше да ја напрам, беше то да се качам на бинана, да напрает мој холограм и дирекно и во Струмица да пренесвет, и да го запрашам овај македонски народ :
Добро бе луѓе, колку од вас ги знает целите та на едните та на другите. Колку од вас ја знает историјата и значењето на името на нивната партија, з'ш гарант да ги прашаш шо значит ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ, еден немат да знајт. Уствари тие само знает ВМРО и еСДеС.
Ох, народе мој македонски, за кој се тупате во гради, кога ни самите не ги познавата идеалите нивни, кога ни самите не ги знаете химните нивни... Впрочем, сигурно сте ја заборавиле и онаа нашата, ако не целата, сте ф'тнале некој стих.

Ајде народе, Заев од Струмица 2- 3 кила чушки, френки и бостан, од Охрид Бакрачески 4- 5 кила риби, сакате калифорниска пастрмка, сакате охридска пастрмка. И да, намерно ги спомнувам овие типични работи сега, вон сезона, з'ш ветувањата ни се давет сезонски, а ко ќе дојт време за берба и риболов нигде ги немат, ама важно кажвет дека ќе сеет и ќе фрлет трски.

Да Охрид и Струмица беа полни со луѓе без идеали, со луѓе кои немаат право на глас, со луѓе кои се стрижани од сите страни. Ама да, дур имат овци ќе имат и волна, а ножиците ги имет и едните и другите.