Saturday, December 29, 2012

Политичка басна ! 29.12.2012

Па добро, партиски мора да се прослави доаѓањето на новата година, која наводно ќе биде бериќетна за едните а опозициска за другите. Па итриот лисец излезе со преседан дека оние што се препаметни да се занимаваат со политика се казнети со владеењето на поглупавите.
Навистина, да беа паметни, како што викаа, до сега плаво - жолтите лисја ќе фучеа низ улицеве ширум Македонија. Не дека во опозициското дувло нема интелектуалци, паметковци и луѓе кои навистина умеат да се докажат и справат со некоја ситуација....но едноставно не можат да ја покажат главата надвор од топлото дувло... Сеуште се мали и кревки, а поискусниот дивеч лови и демне за да се нахрани во студената зима.

Па да, во политичките сказни функцијата на летечки килими ја имаат фотелјите.

Така и кај нас, Манулач се бори за нова сказна во историјата на Охрид, која е прилично долга... Има една добра стара поговорка : Гладна мечка оро не играт... Така, Охридскиот татко борејки се за трета мајка на овие избори, испраќа конвои од војничина да застанат во четата на Црвената лисица; чунки со неговата мудрост и храброста на другите ќе ја освои ливадата.
Како секој добар лидер, лисицата застанала и ги наушкала своите поданици каде, како и на кого треба да удрат. Претходно го надушкала "стравот" на лавот кој воопшто не ни зарикал за да објави војна.

Како во секоја добра сказна, така и во оваа лисицата викала : Кај што има сила нема правдина.... А бидејки по сите природни закони лавот е оној кој на крај ќе ја "крка" лисицата (само кога би посакал) а овој лав сакал мир и соживот на ливадата, излегол и и рекол на лицисата : Лисицо, ти си итра. Секогаш знаеш како да го наклеветиш некој кој не го изел зајакот, или да го испразниш кокошарникот и додека уште имаш пердуви помеѓу забите да викаш дека јас сум го направил тоа. Престани да ги манипулираш "ситните" животни и застани сама, со својата итрост и години а јас со својата грива и сила да го решиме проблемот за ливадата.
Јас како кралот на животните, како добар борец кој го дели својот плен не само со оние од мојата глутница, туку и со поситните животни кои не можат сами да ловат ти кажувам дека ливадата е моја и во неа ќе владее мир и соживот. Кога тоа го слушнале следбениците на лисицата размислиле : Лавот можеби е силен, и можеби не можеме да го победиме со овој стар лисец....ќе му се придружиме....редно е да излеземе од ова влажно дувло малку на светлина...Можеби големите диви sверки ќе престанат да не ловат....

Така лавот, со мудрост која можеби ја немал премногу. и со сила која не ја искористил.... ја спасил ливадата

Monday, December 24, 2012

Прост народ - силна држава 24.12.2012

Добро, навистина, кога ќе почниме да размислуваме со своите глави, оти во последно и мислењето можe да се монтира... Навистина греота, греота за сиот овој  народ што денес мрзнеше по улици, се жалеше дека немат пари за јадење ( а фрлаше со јајца и кромпири), и безцелно ги трошеше своите гласни жици- џабе викате немат кој да ве слушнит.

И додека левиот аперкат на Макрадули е десна рака на Бране, страда Македонската новопечена демократија. Додека се кљошкавте во собранието ( каде ви е културата, Вие кои сте ставени таму како избраници на народот, Вие кои треба да бидете олицетворение на една партија без разлика за која станува збор, Вие кои го изгубивте достоинството бидејки ние гледаме) надвор како муви без глави, леташе збунетиот народ на сите страни.
Добро, ајде, го опколивте спикерот Велјаноски ( треба да се погледнете во огледало, мажи, сите имате повеќе од 30 тина години, имате деца и фамилии, жени, некои во блажено стање, некои кревки на изглед но гласни за уши), која е целта?

Подобро лав да води во војна магариња, отколку магаре - лавови?
Па денес видовте, магаре кое се труди да поведе во војна лавови. Што требаше? Да се исколи народов помеѓу себе? Каде ви е тогаш демократијата та на едните, та на другите?
Манипулирате со плитките умови на простиот народ, оти ДА, да бевте паметни ќе се информиравте за она што ако и што ако не се донесе буџетот.
Како слабо изрежиран македонски филм, бидејки знаеа и едните и други дека ќе "пукне"  (автобуси од сите краеви на Македонија се упатуваа во Скопје) ги форсираја своите "оскаровци" да одиграат веќе одамна испланирани акции, кои во стилот на Роки Балбоа ( сам против сите) тргнаа во борба.


Очигледно е дека проблемот ќе треба да се решава со интерен увоз...прашањето е што да увеземе....дали народ или политичари? А може и обратно - или едните или другите да се иселат од државава....


Денес, каде беа оние кои навистина ги разбираат економските поими, промени да им објаснат на граѓаните со прост македонски јазик дека нема да има никакво Грчко сценарио?
Каде се оние независни телевизии кои нема да ставаат на мета една или друга парија, каде е релевантното информирање со прост навистина прост јазик?
Оти она гласачко тело кое постојано слепо заокружува бројки, заслужува да му се објасни на јазик кој го разбира. Дали поради Божјата милост во нашава земја имаме три неворојатно драгоцени нешта: слобода на говорот, слобода на свеста и разборитоста да не применуваме ниедно од тие... Како неми ги гледаме видеата кои ја покажуваат ограниченоста на македонскиот ум во секој поглед. Ограниченост која се темели само на устата на пастирот и она што тој го зборува.
Погледнете, кога ги прашуваат за што мрзнеат - не знаат да им одговорат и едните и другите, знаат само еден збор БУЏЕТ....

Friday, December 21, 2012

Политички ерес 21.12.2012

Добро е ...жива сум....бар така мислам....Стварно само еднаш се живејт, а понекогаш ни толку... Одлично, кога веќе го установивме моето стање, редно е малку да го разгледаме и стањето денес во Македонија. Навистина не верувам дек нешо се сменало, сите сме живи, здрави (кој појќе кој помалце) и на број ( сем СДСМ на кој многу приврзаници му откажаја љубов, или Бранче "рецимо" ги истера).

Не можам а да не го пуштам овај пустиов собраниски канал, бетер од Касандра е ( и овде плачет, се расправет, се нарекувет кучки и копилиња, и нормално секој со секого е врзан, ама то на крај се откриват и тајната е во то шо не знајме кој  стварно го киднапирал детето), крајно е заразен и навистина чоек мојт да научит нешто (јазик т.е. зборој шо ко мали ни викале - ако го кажиш ќе ти стам пипер в уста) и предизборната програма која ќе ја имат ВМРО ( а знам бидејки во буџетот се вклучени сите проекти кои допрва треба да се остварат, а ќе се продавет ко алва; а СДСМ знајт дека то палит кј народот па ги бојкотират поднесувајки амандмани).
Стварно, јас не знам, парите не се во сопственост на гарнитурата шо е на власт, то се наши пари. Ние, шо сме делеле од уста за ДДВ, ПДД ( Даноци на имот,  на среќа, даноци по основ на приходи од земјоделие, самостојна дејност,  капитални добивки и сл); и ак се земит во предвит дек во Македонија по некој статистички податоци каде учеството на ПДД  во вкупните приходи на централниот буџет е негде 11 %, па стварно то се наши пари, а ние не се расправаме за нив.

Навистина е тешко да си пратеник. Имаш еден куп привилегии, службени возила и дневници, хранарини и шо е најважно си секогаш топ среден, АКО и само АКО ги следиш општо прифатените норми на твојата парија; а ако не си, е тогаш ќе ја затвориш вратата од штабот само од надворешната страна - ЕРЕТИК еден. Оние кои имет малку појќе "м'дина" и нормално имет некоја информација плус за Грујо и Бранче, ама ич не им е гајле, си терет по ќејф, у осталом нишо никој не им мојт. Стварно отстапувет од нивната програма, та едните та другите. Нивните ставовови не се нишо друго, туку ерес шо ги заразвит другите во групата (студенти, земјоделци, спортитсти,уметници, пензионери,обичните граѓани)...
Со манипулацијата на јавниот долг ( ако не се донесит буџетот, не мојт да позајмиме парички од европскиве фондови) страдат само еден, а то сме ние. Имат стварно еден добар цитат кој ќе ја објаснит целава работа : Или народот ќе го уништит јавниот долг, или јавниот долг ќе го уништит народот !
Епа вака, во секој случај ни одговарат првово, з'ш второво го зеде Грција.
Во случај кога Буџетот за 2013  не се донесит до 31 декември ( за то имаме уште 10 тина дена или 6 без викенди), Македонија ќе се финансират времено, т.е. извршната власт ќе ги наплаќат јавните приходи и ќе ги извршвит јавните расходи во период од три месеци ( од денес по некој пресметки то е март - локални избори) , во кој сметат дек буџетот ќе се донесит.
Немат место за "паника", Вељаноски си ги координират ученичинава, ама кој го слушат...
НИТ СЕ ТЕРЕТ, НИТ СЕ ВОДЕТ....

Thursday, December 20, 2012

Жени vs Мажи 20.12.2012


 This is a man's world - but it wouldn't be nothing, nothing without a woman or a girl... 

Секако ви теквит на песнава .... не дека е машки светов, ама.... не вервам дека припаѓат на било кој пол. Денес кога владејт демократија, кога на жените им е дозволено да гласет, пцујет и носет пантоли, па речиси немат и некоја голема разлика меѓу маж и жена, сем нормално она шо го имет или немет меѓу нозе.

Кога станвит збор за однесување во јавност морам да кажам дека и едните и другите хибернирет. На пример, често мојте да забележите (дали на вечер во некој кафич, или преку ден на кафе) конценцентрирано машко / женско друштво (мешано во никој случај), си мислиш исто ко во турсконо; седет свртени грб со грб и најстрого е забрането пријдвење во било кој случај (з'ш да ти се смеет другарине дек си прос и не знајш како да и пријдиш на некоја или другаркине да те оговарет кј можело онај да ти се свиѓат) и нормално ќе се предлагет закони за даноци ак не се зголемит процентот на ин релејшншип или мерид каплс. Ипак, мислам денес е супер да си сингл.
Немаш обврска да се јавјаш по телефони нон - стоп ( за то кј си и со кого си, па недај боже ак си со другар/другарка одма си сомнителен/сомнителна; шо прајш по цел ден и стандард муабети од типот на лигаење по телефони), не го славиш св.валентин ( не морат да даваш пари за мечиња со ај лав ју натписи) туку си излегвиш и си пиеш винце, не морат да се пазиш дали деколтето ти е отворено и се глеат нешо шо не требит, или миниќот ти е многу краток; дали си испил некоја пијачка појќе; не морат никој да земаш/враќаш со кола - алоо постојт такси ( тебе ти се останвит до фајрон, ама твојата драга морат да ојт сабајлето на козметичар, па должен си да ја вратиш) ; секогаш го имаш друштвото на прво место и најбитното слобода да флертуваш со кој сакаш и кога сакаш без некој да ти замерит.

Искрено, сигурно едно седумдесет посто од другаркиве, пријателкиве па чак и некоја познаничка се сингл. Навистина така се среќни, само не знам до кога. 
Не дек немет "додворувачи" , ама наводно маживе не се за врска ( а ние едни нежни, едни скромни, едни паметни, се едни - нај нај...пфффф). Еден бил женкар и ветрушка, другиот бил многу добар па з'ш да го изгубиш како другар ( а и во едниот и во другиот случај двајцата сакет да те опнет, а ти си добра другарка и не мислиш на то), третиот бил кренат, незнам другиот каков бил.... 
Па изглеат стварно врска е преценета ствар. Не е ни чудно шо имат толку многу сингл та жени та мажи.
Во време на монотонија и здосадвење на друштвото ( стварно ретки случаи) се тргвит во поход, и то не со некој шо ето ти прајт некаков ќејф, туку ај ради реда, и после си викаш : Пооо како можев со она бе брат; добро бе кј ми беа очиве - вие пак едни добри другарки шо сте, шон ме предупредифте да не прам глупости, и ред оправдувања и изговори за кој мислиш дека ќе ти поможет да се оправдаш не пред другарките/другарите туку пред себе си. 
Кога станвит збор за храброст, стварно жениве се подиректни, поискрени и без влакна на јазикот шо до негде ме плашит ( не дек не спаѓам во овие). За разлика од нас, маживе пак се ко ној : трчет, трчет (некој стварно се брзи) и ко ќе видет дек упалило, февга да ги немат и пикни ја глата во некоја дупка. Ретки се тие шо останвет до крај без разлика на то како ќе излезит на крај. Па ризик ствара капитал бре. 
Е, а она кој чекал дочекал, и шо е мое ќе си дојт - заборајте ги, стварно немет смисла... Тргните од то - да-  шо е мое ќе си дојт - а шо не е сам/а ќе си го зеам... Вредит...




Wednesday, December 19, 2012

Буџетски циркус ! 19.12.2012

Деновиве Македонија ја тресе буџетска треска... т.е. не вервам дека обичниот граѓанин си сејт пред телевизор и ги пратит претставите кои ги изведуваат та едните та другите.
Станвит збор за крајно ризични и опасни точки во кои НИЕ не уживаме. Некој од фактот шо не разбират шо прает муабет ( само гледат турканици, драпање, слушат разни обвинувања и врескање и нормално дебати кои во никој случај не се поврзани со донесувањето на Буџетот на РМ), некој разбират ама не мојт никако да реагират, а некој само за  терање сеир ги пратит куршумите кои летет на сите страни.

Како основна движечка сила во секоја држава е буџетот на самата држава. Тој претставува еден од најважните инструменти за реализирање на националните, економските и социјалните потреби  и приоритети на државата, или како шо викам јас на македонски то би значело : плати за сите вработени во државните институции, пензии, стипендии и социјални давачки, изградби, донации на школи и болници, враќање на старите државни долгови и се она шо претсавува пари кои се поврзани со давање и земање од и на страна на државата.
За да се донесе буџетот ( секако и било кое друго прашање шо е во корист на државата, или се работи за државно ниво) мора да оди на гласање во собрание како и да поминит низ некои филтри и гласање ЗА и ПРОТИВ.
За да дојдам до епицентарот на овај проблем ( да, буџетот претставува проблем, сега, пред подготовка на локалните избори - нема пари во буџетот - нема локални избори, а локалните избори се проблем за опозицијата) треба да ги раскажвам седниците кои постојано се пренесуваат на собранискиот канал, а за да ги скратам епизодите на политички договори, и да го објаснам она шо сакам ќе бидам директна, конкретна определена.

Значит, циркусот трајт веќе некој месец - два, а ќе станит долгорочен зато шо со недонесувањето на буџетот на Македонија и се заканвит грчко сценарио т.е. банкрот на државата, а со то знајте и сами како НЕ функционират ништо.
Како главни опуртунисти на донесувањето  на буџетот се социалдемократите а погоре и кажав зошто. Кога само на миг би го вклучиле каналот ќе забележите работи шо не сте ги забележале до сега - кој со кого не се сакат, кој плачел и кој нокти корнел, кој на кој му се заканвел, кој лажел и до кога ќе лажел, кој бил лицемерен итн итн, се само убај работи не.
И тоа го прават толку добро шо ние мислиме дека навистина ни се заканвит банкрот, дека навистина немат да се донесит буџетот, дека навистина немат да имат локални избори.
Гледано со ова - навистина - нас ни се пренасочвит вниманието од веќе постоечките проблеми, полека но сигурно се формират ново гласачко тело ( дали за ВМРО или СДСМ ), се создавет фрустрации помеѓу граѓаните, секој на секој почвит да должит и секој се потајно се надеват дека стварно ќе дојт крај на светот, з'ш вака веќе не се живејт.

И додека трајт собранискиот циркус ( и таа напнатост кој ќе ојт на тенка жица од една крајност на друга, држејки баланс каде на едната страна Македонија и нејзината иднина, а на другата партиските интереси) ние ко телиња во шарена врата се sвериме и си мафтаме со опашките.
Редно е и ние да му се приклучиме на циркусот, па на крај краева ние ги одбравме оние што го бојокотират или предлагаат, оние што врескаат и крескаат, оние што "се претсавници" на народот.

Friday, December 14, 2012

Нова Година со Стар Сјај ! 14.12.2012

Навистина времево знајт да изненадит. Бар така велеја од локална поради то шо не бил исчистен снегот. Ко да не е зима, да пукаше надвор 30 степени, е тогаш да се изненадиш. Не ми е јасно како мојт со деној да се најавуват дека ќе имат снег, дека ќе е ладно, да се носи зимска опрема итн итн, а ние пак ....ИЗНЕНАДЕНИ....
До пред некој ден (конкретно вчера, з'ш сабајлево го средиле то) на Туристичка можеше да се организират уметничко лизгање. Се залетвиш од Мак Петрол, и слободно тераш до излезон за Струга ( нормално ак не те пернит некој со кола). Сега истото уметничко лизгање мојме да го организираме по тротоарите долж цел Охрид ( со исклучок кј Општинана, па стварно немат смисла градоначалникон да се лизнит). Изглеат нешо коалицијана Алче - Петрески е изненадувачка.
Како најнов изговор е то дека немат доволно механизација за справување со снегот и нормално тука виновни се Владата која не дава доволно средства за истата да се набавит.
И додека се припукуваат како во оние добри стари вестерн филмови ( каде при двобој секогаш некој користит лажни очи, или сцена со зрак на сонцето кое ќе му пречит на противникот) секогаш имат некоја колатерална штета по улициве во градов.

Како шо ближит нова година , се припремат градов за пречек. Се украсвит на секаде, се фрлет светилки ( буквално се фрлет, ко некој да зел грст од светулки во сите бои и фрлал кј шо му текнало) , се убржавет налозите за плати ( иначе ќе те блокирет од УЈП за неплатени придонеси), се купвит нова облека ( да, во Певекс, или шо викам јас двеста за двеста, се за двеста ха ха ха), се полнит фрижидерот за Божич или Св. Никола и се терат по слави.
Шта се тиче украсвењето на градоф , доволно е еден збор - МИЗЕРИЈА. Не дека оскудно, имат светулки на сите страни, ама пукат кичојна. Од бродој, до звонци, до испреплетени црева и sвезди едноставно нема што нема - се си има. Секаде во светот украсувањето на градот го прави организација која се занимават со тие работи - кј нас то го прајт Комуналец.. Комотно мојте да го споредите Охрид со една Љубљана на пример.

Се сешчам ко бев дете на плоштад имаше една огромна елка шо тогаш ми се чинеше дек го допират небото ( нормално за дете од 4 години) , украсена со разни сијалици ( се дур не почнаја да ги крадет, па ја украсвеја од погоре).
Се славеше на плоштад без страф дек ќе ти пукнит некоја петарда в нозе, или дека ќе те украдет сосе партали. Ретко кој одеше по кафани, кафичи. На плоштад па дома. Се славеше фамилијарно или со друштво, ама пак кај некој дома.
Денес то го немат. Како шо разбрав мојт и да немат ни пречек на плоштад, ќе ни стает една елка шо не е елка ( мислам на Кривата Елка Во Охрид навалена накј рибнион, покриена ко со врешче), по целана чаршија ќе имат sвездено небо - со многу паднати sвезди ( појќето не светет) па ти слави нова година.
Сепак, да се разбериме, коштат то да се најмит некој да го средит градов пицикато, да се купет нови светилки, а пак недај боже да се исчистет тротоарине и спореднине улици (локалниот буџет е празен) ако ние си плаќаме.
 Тој шо си платил - ќе си исчистит ( и шо требит), зато денојве ако пак не ИЗНЕНАДИТ снегов сите по една лопата и на улица - Да си го светниме градов - ЗА НАШЕ ДОБРО....

Sunday, December 9, 2012

(Пред)изборна апокалипса ?!? 09.12.2012

Не дека немав за шо да пишам, ама едноставно ме имаше фатено некоја мрза, башка ако се земит времево во предвит стварно не ми се мрдаше од фотеља. И да, дур надвор мрзнит, натре се создават некоја зовриена атмосвера. Да. Според календарот на Маите, предвидувањата на Нострадамус, Клеопатра - Балканска Пророчица, и останатите бајачи и предвидувачи, ни кажаја дека овај месец, поконцизно на 21 декември ќе се случело апокалипса. Па, стварно сите се заебале. Изглеат не знает дека во март во Македонија ќе имат избори. Така да бидите сигурни - немат крај на светот.
За разлика од нас ( македонците) кој сме паметни, и знаеме дека немат да имат стварно крај на светот, во Америка НАСА мораше да излезит со официјално соопштение дек немат то да се десит ( бар не овие неколку 100 тина години), како и во Русија дека немат за шо да се плашет, ќе имат вотка на пазарот.
Кога станува збор за апокалипса, та одамна е во Македонија, т.е. четворицата јавачи на апокалипсата : Груевски, Црвенковски и нормално Али Ахмети и Мендух Тачи (се извинувам ако имам ф'тнато некоја буква во презиминава и иминава на коалицискиве партнери, стварно не знам како би се пишеле, па водено од она пиши ко шо читаш) одамна јавет наоколу во своите нови блиндирани коњи.
Секој од овие четворица ни донесе по некоја негова митолошко - библиска карактеристика : војна, глад, болест, смрт. Можеби навистина не онака како шо си ги замислуваме, ама , апокалипсата е стрварна и се појќе се зголемвит како шо се ближит март.

Некој во минатото ни ги остај ТАТ и Македонски Телеком ( како добро познати афери), проневерени државни пари, имагинарни инвестиции, воени конфликти или агресии, раздор во општеството и рамковни договори ( и нормално секое минато си остај последици) пак имагинарни морам да потенцирам индиски инвестиции ( да бидиме реални индиското гуру прво ќе требит да платит едно 50 милиони евра комуналии и уш толку на охриѓани за нивине шо ги имет таму, па ак не и појќе, значит  околу 100 милиони евра стартни трошоци, чисто сумјам дек ќе биит ова работа), хидро - аеродроми ( е после не знам кј ќе ги паркирет оние од струшко кајчинана), после едно чудо реклами за подигање на национално  - етичката свест на македонските граѓани ( мислам не третирет бетер од дебили - Сонцето по секако изгреват за сите) и секако мојата омилена Истражи ја Македонија ( особено рекламана за Скопје која ја давет минимум едно 15 пати на секој пола сат, каде шо се прикажвет сите убајни на Македонската Метропола).
Сепак е релативно, пренатрупано не значит и убо. Точно , да, во сите светски метрополи имат споменици, импозантни градби, војсководци, цареви, фонтани. Да, со разлика шо кај нив то си се градело со генерации, симбол на некој период, на некое време. Па, кј нас то го немат.... Се се изгради во еден период, во едно време.
Без разлика кој од овие ќе јава на чело на Македонија, сите јаваат во ист правец....
 ЈУРИШ кон ЕУ и НАТО....


Saturday, December 1, 2012

Младинска невработеност ? 01.12.2012

- Молам ?
- Надица?
- На телефон.
- Се јавуваме од Младински Совет на Охрид, утре во 11 часот ќе се одржува трибина во малата сала во општината на тема Младинска невработеност, дали можеме да сметаме на вашето присуство?
- Секако ( радо би се искарала со некој од локалниве претставници на народот), ќе бидам таму.
( Пред малата сала во Општина Охрид) : Како сте? Супер, ево да видиме шо ќе кажите денес. Само ние сме, или ќе имат претставници од некој што е на власт или локалниве општински комитети?
- Па ние ги контактиравме, ама многу се зафатени во предизборниве трки за гласови.
Супер си викам, повторно не игнорирет кога станвит збор за некоја тема за која тие упорно не сакет да изнајдет решение, а истото постојт од дамна. Значит темава ви е за невработеност?
- Да, конкретно за млади и невработени... (хах, ги исполнувам условите, фантастично)
Дур чекаме пред врата, па сигурно видов дестина души шо ги познавам од градов, а шо знам дека се пробисвет или немет три дена школо, ама битно работет ( во случајов се мафтет) во некоја од канцелариине во Општинана.
- Еј, како си Надица?
- Убо ево, некој состанок имаме и така? Ти од кога си овде?
- Ам имат три - четири месеци. Важно плата се земат.
Ете, си викам... Другарчево имат средно образование, работеше како обезбедување во некој од локалниве кафичи, а сега во Општина си земат плата. Се трудев да ги скријам фрустрациите кои секој млад човек, кој завршил факултет, кој гледат како наоколу  мамини и татини дечиња, политички војничиња и внуци на владики си се вработувет. Кога ќе размислам малку, она шо ни го викаја ко бевме мали : Учи сине учи за да не работиш - јас стварно учев и стварно никаде не работам се исполни. Во глава со брзина која е за мили секунда побрза и од светлината почна да се барат суштината на проблемов. Не требит да имаш некое предзнаење за да ти текнит дека нормално проблемот е непотизам, корупција, а како најпопуларен партиска книшка.
Секако, ова е грубо нафрлено си викам, кога суштината е многу подлабока, а то е самото општество.
Кога мама и тато би биле на некоја функција или ако имет некој си голема корпорација ( хм, во Македонија то би било некое си претпријатие, не сум запознаена со постоењето на некој си корпорации), секако би ме пикнале и мене на работа, а исто би постапиле и вашите родители. Е, а на запад то го немат. Ако ти не си способен, не се интересираш или едноставно не те биват, па немат да работиш ни во компанијата, а богами за некоја функција ќе се опитаме од проста причина шо тие го користет капацитетот на својот мозок и размислувет долгорочно, или на македонски - з'ш мојот син да ја водит компанијава ако не е способен за истото и да фрлит 30 години шо јас сум ја создавал, или да ме страмит со некоја одлука шо ќе ја донесит, а истата не требит да е донесена.
 За разлика, овде во Македонија, ретки се тие шо размислувет западњачки : Па луѓе, невработеност имат, поубо да работит некаде моево дете одтколку некој друг да му ја зејт работата, ако немат абер за економија, право, или ете општа култура и комуникација со луѓе.
Како втор начин да си најш работа е корупција. Уф, сигурно имат многу корумпирани ама јас неам корупваљки за да ги подмитам истите. Ама ме фаќат инает, з'ш да им дам пари за нешо шо требит да се остварит од проста причина шо јас сум компетентна за то работно место. Ете, ама не. Во Министерство за Економија (карикирам, можит да е и друго министерство и подрачна едница, или во локална самоуправа Охрид)  имат потреба за човек кој имат завршено музичка академија ( брао, бар весело ќе им е во канцеларијата, мојт ќе им свирит секој ден по нешто па ќе ги мотивират да работет) а не со соодветен факултет, (ма шо зборвам мојт стварно музичка академија е соодветно за во Министерство за Економија ?)
И, нормално  малку да поглеате вести, т.е. чак и набрзина да ги менвите каналине, ќе слушните партиски вработувања, партиски вработувања.... Ам сеа то е. Ние шо не сакаме да се експонираме многу з'ш, ако размислиш, да работиш некаде во државна институција, и автомацки ако се менит власта се менвиш и ти... не карактерно, едноставно си бараш друга работа не би сакал да се бележиш. Ама немат братче. Денес ретко интервју да се обавит за вработување. Едноставно се идентификуваш со членската книшка и знајш ако имат избори мојт ќе се вработиш, зависно дали локални се изборите или не. Интерно слушаш, се шушкат дека имало нови 13 вработувања во Општина Охрид, и 30 вработувања на Аеродромот во Охрид. Е ај да видам оглас некаде. Оглас - никаде. Или оглас имат, ама колку фиктивно да се завршит работата, тој шо е одбран си почнал одамна.
Сите овие проблеми влечет уште подлабоки корени. Не станвит збор за криза ( Македонија од секогаш била и никако да излезит) , ни транзиција ( од ко памтам за мене е во транзиција), станвит збор за прост македонски менталитет, малограѓанштина и балканизам.
 Појави кој тешко дека се искоренливи, бар во наредниве дестина години тешко дека ќе се сменит нешо на поарно, сем ако младите не се вработет, и целосно ја отфрлет та застаренос за неработење (нишај врата - земај плата), каде се цени квалитет и навистина се почвит дасе  функционират ефективно, а сме млади и ефикасни.
Зато пред да го вработате син ви, или да подмитите некој, размислите, мојт син ви ќе го пишет по весници дека проневерил милиони евра, ама за то вие сте си криви, вие сте знаеле дека имат криминални предиспозиции, ама ако, поубо тој да работит, отколку детето од комшијата.
- Надица, кј замина? Можиме да влезиме.
- Супер, баш го разглобив проблемов. Интересно ќе ни е.
- Повелете...