Monday, October 7, 2013

Кладиолница - пласе то би 07.10.2013

Абе само Милан ме заеба. Ам нормално Милан нон-стоп ви го...Сејш и ги слушаш. Ааа глеам домашната си ја напрајвте за денес. Па да ти кажам цела нош ги следев статистиките, шо кој како порази и победи , кој по просек колку голој имат и се натака. 
Јас на пример знаев дек Арсенал ќе изиграт нерешено.Знаев. 
И сеа муабетов. Да, абе брат за  60.539 со зборој ( шеесет илјади петсто триес девет) денари ме заеба. Да. А колку уплати? Ам дваесче. А убо и шо, цел билтен дан го имаше напишано. Не бе, 13 утакмици само. Е малку.

Постоет неколку типови на коцкари, клиенти, пациенти ( извините пациенти),или ај сеа муштерии кои одет во овие места. 
До душа јас имам предлог до владата да се градет појке кладилници од старачки домој - да, редовно од сабајле првите тринаесет утрински кафина ни се пензионерски. Си идет, ќе се зберет од пет до седум души и почвет : ( фудбал и спортска нормално не ги интересират)  : идеме политика доза еден ( од времето на Бугарија до денес, србија и назад до кралство, до Груевски и Брачко и денес и накрај наслаткото ТИТО, уствари Ти То можеш) ама интересни се, секој со свој живот, споредби и се така натака и то да се зејт во предвит шо најмладиот имат 72 а најстариот ама стварно без крадење 91 година и се мешани си живеет и муслимани и православни. Ај сеа да видам некој денес со умојве од различни националности на маса да зборвет за политика - ќе се испоубиет. Значи, небитно. Целна група број еден : пензионери.Чек.

Леле брат дај тој ваучерот да ми скокнет поенчинава. Ај бе прајме ливче и бегаме. Гледаш две батиња од околу 24-28 години, фино и културно скоцкани си влегвет, уплаќет 500 че на тикет ( а уплаќет да речиме минимум 3) и си бегет. То е права ствар. Уплаќаш 500 за добивка од 700. Ам јас ак иам 500 шо кој пенис бе...  Ама ај...спортска. Мојт и некој стопостотен сок ќе пиет на екс. Целна група број два : прости ко утој математичари. Чек.

Абе од кј се Јувентус. Абе Италија и ти море толку си просТ. Гледаш две дечиња од по 13-14 денари шо парите за кифла идет и ги оставет во кладилница. Си викаш : Абе деца деца, ој на школа, во тој ранецот уште букварот ти ѕиркат. Застанвет на пултон и броет денар по денар : за триесет и шес можит да уплатам, ам добивка колку е 980 денари. Многу е. Ќе ги делиме по пола. Целна група број три : основци-средношколци. Чек.

Најмногу ме нервирет оние шо идет со деца. Абе ти се мољам. Ај самиот шо идат шо се трујат ама го свлечкал и то детулето, шо очињата му солзет од шо е зачадено од цигаројни, то кутрото цртат некој бројки и само :тато ајде да си одиме. Девојче ај ак сакаш донеси едно шлагче за малава. Ај. Да ти се.... Оди море прошетај го дур имат сонце малово, не овде си го свлечкал два сати да сејт зш ти не знајш дал Челзи ќе победит или мојт и три гола ќе дајт.Страшно. Секој не требит да е родител. Целна група број три : безобразни нафрчкани - најк патики- татковци.Чек.

Посебна група се оние постојани "муштерии". Кажав. Идет пред отварање на локалов седет пред врата од ко ќе се затворит.Абе цел ден, цел е*ан ден. И да, седет и чекет некој да дојт да им дај кафе или сок зш тие штедет за да се покриет ак не влезит некоја утакмица. Кое покривање бе брат, кое???  Требит да се напрајт едно за картончиња чукање, и секој од тие таквите влегвит и оп- чукат картонче- дошол, не, за после дан му прајт проблеми градоначалникон, а башка ко ќе видит цел ден - дупла дневница. То не знам очине как не ги заболе од телетексине ѕркнати во нив, и вратон искривен нагоре. Ил да, мојт требит да им даваме крагни за вратон ко ќе влегвет дан го повредет. Страшно. Целна група број четири : 40 - 50 годишни безкичмењаци шо место кифла на синот или хулахопки на жената коцкет. Чек.

И последни ама и не помалку важни : Опаки коцкари. Оние шо "не ги знајме" ама нон стоп ѕвонет по телефони, уплаќет неколку месечни македонски плати на ливче, се појавувет, седвет во ложа пред телевизорине со жената и синот. Или опаки од типот на : утакмицава не мојт да почекат, дај да зејме за јадење да јајме овде во цигаројниве, дур сите ни се пулет вуста. И тука распослани помфрити, хамбургери и семфојни после нишо живо да не мојт да излуфтират. Ваквите ако промашет и не успеет навреме "да се покриет" уплаќет во живо : Јееесссссс, гоооллл лупај брате, дери се  - шо ние од камен сме. Ма пцуј колку сакаш нас то не не реметит уопште. Отрпнавме. Целна група број три : неизлечиви опаки коцкари. Чек.

Бонус група : Неискапени. Ја смешна ја тажна. Ма до душа мислам дека е стварно за плачење, не дек то очите те печет од шо не се подносливи, туку бедно е бре. Стварно која беда. Греота.  Ги гледаш место леб тој уплаќат, и после просит  - глувонем бил. Ам и јас ќе сум глувонема за таквите ко него бе. Па чак и немат да гледам. Немат. Зш да ми е жаљ. Здрав, прав ко магаре некое, море не магаре вол сејт и то шо некој му го дал од жаљ го фрлат. Шо дан се збогатит со 1000 денари.  

Така, место да ги фрлате парите дајте ми ги мене, јас ќе ги чувам. или па добро...многу попаметно би ги искористила. Чек.