Wednesday, April 30, 2014

Скопје и јас... 30.04.2014


Воопшто не бев воодушевена од помислата дек требит да одам Скопје. Ич. Не знам зш, ама не ме фасцинират како порано. Сум живеела во многу пубај градој од овај, и ништо не ми е вау или ново.
Искрено го пишам ова зш сакав да споделам нешо шо мојт на појќето од вас му се десило. На пример стартно, во Галеб-ство, имат еден шофер абе нон стоп шо е напизден, ни крив ни должен мојт да си го окркаш. Истиот шофер си љубит турбо фолк - од онај српско-бугарскион. Па 50 души ги вртит во Дантевиот Пекол до осми круг, зш во деветти веќе сме Скопје и излегвиш од автобусон ко то животно прашање да е.

После то имат неколку ситуации шо не мојш а да не ги избегниш во автобус :
Она спроти тебе ко ќе сејт млад пар ( под млади мислам пост тинејџерски 19-20 години) и слушаш само пљас пљус, се вртиш и глеаш  јазици летет насекаде, па место нив тебе ти е незгодно.
Зад тебе ко ќе сејт дедо или баба најадена превентивно лук, па секогаш ко ќе сакат да седнит пубо го фаќат седиштено од двете страни и влечит за да се поткренит( а зш е расипано и ти со седиштето) добро, ама барем коса да ми остаеше,и исто, си кашљат во тебе.
Најомилено ми е она тој покрај тебе да купит на стража чипс или мекица, да те замрсит во јакната и да ти речит : сакаш?

Никогаш( колку шо се сеќавам) не сум ја пробала мекицата од стража. Мртва сериозна сум. Не знам зш. Мојт зш побитно ми е да си купам еспресо од лук оил, него мекица, и без то после целата мирисам ко јас да сум ги праела зш сите во автобусот јадет.

Стигвиш Скопје, туриват. И без то прст пред очи не се глеат. Убо тука шо живеам.Дома досадно, сама. Важно на скопскине канали имат еден куп исцелители шо может да те смеет ко ништо до 4 сатот сабајле, барем мене. Се чудам шо ојт по земјава.
И си викам, ајде да излезиме. Сама - сама. Чадор ич,ама си реков сакам да видам шо имам пропуштено за година дена.  Не ги имав видено сине споменици, а и бродојне во Вардар имаја шанса да се одкответ, па во случај да требаше да биит некој позади кормилото да се најдев.....
И така си тргнав, сама.

Она ко ќе поминит кола во вирче и за влакно ќе се поттргниш, па ке ти олеснит, за некој пешак со нога да цапннит и да те напрајт појќе бербат од шлепер, или ко ке сакаш да скокниш вирче, ама краток си во нозете па го фткаш рабон од тротоарон и до колејнци си воден - е то ми се деси, и не ми сметаше.
Ги немав сменато бришачиве на наочариве па мораше да ги стам в џеп. Можев да го осетам дождот.Дап. И стварно е...Одвај гледав, римејлот ми беше растопен и сто посто изгледав ко некој да ме имат тепано два дена- без престан, и пак не ми сметаше.
Дури не ми ни сметаја патролите на полицијата која ми мафна, зш сама ко чукната шетав.
Поминав со раката по работ на онај мостон, железнион, нов шо е.... ладно железо....ама фино чуство за миг да ги бришиш безбројните капки дожд, за во истиот миг како да не си го напрајл то.

Не се трудев ни да си ја исцедам косата, не би сменало ништо.
Скопје - Центар. За миг ми беше убав, раскошен, иако беше каллив и заспан, уморен и за некој досаден. Ми беше убав. И тогаш ми текна, па да.... Го сакам дождот, затоа.....












Sunday, April 27, 2014

Шо му фалит на боемскиот живот? 27.04.2014


Сума сумарум на април :
Искрено, имав неколку "неуспешни" обиди на скоцкам нешто убо и читко ( а можит и ова за некој немат да е убо) ама да си го кажам своето. Во изминативе неколку недели мислам дека повеќето од вас беа окупирани со то на кој не му се вервело, то дека требит да прајте разлика, да ојме во европа сега, и то дека времево беше променливо т.е громој дека имаше....нема да навлегвам појќе...некој од кој и јас беа зафатени со пејофот во ракометов...то е....други почвет за матури, трети за први мај и поминала годината.

Последен пат ко бев излезена ( то беше вчера) ама мислам излезена она да личиш на чоек ( зш ретко носам штикли ко на трет спрат шо секоаш на сиодвење ги ставам в ташна и си менвам балетанки, или фасадирана ко ќе се опулам во огледало да не се познам и да си речам - здраво маче :) ха... им реков да пријателине, Ве Молам друг пат ко ќе ви речам за излегвење да ме потсетите како си поминавме минатиот пат, за да не идам тук да си одам кј шо ми е местото -Џез.

Муабетот ми е следниоф : убо си поминав, мислам нормално не е битно кај си тук со кој си, и имав убај луѓе околу мене ( мислам на мојте пријатели, подалеку од нашата маса не глеав, кратковидна сум) ама наоколу имаше многу несреќни луѓе. Дап. Како заклучив...па многу лесно...колку и да се смејте ви се пулит во очите дека не сакате да биите таму, дека некој ви фалит, дека радо би ја исклошкале та другарката шо чрчорит за вас зад грб.
И како секое сериозно друштво, почнавме муабет на та тема.
Е, да генерално македонскиов народ е несреќен. Шо му фалит?

Научени на безгрижен и неуреден живот базиран на користољубие и завист, кј шо све буквално се гледат низ призма на пари, кај шо  не ти е гајле за сопственото мислење туку за мислењето на мнозинството, кј шо вистината е глува а правдата ќора, кај шо младината е без грам свест а возрасните заборајле за то шо ги учеле нив, кај шо овој боемскиот живот ја доживува  својата одисеја... и све то благодарение на заборавот на една вдахнувачка емоција -Љубов.
Можев да користам некоја многу по-фенси придавка, ама ова ми беше нај, со цел поблиску да ја доловам емоцијава. Немат да должам за то шо е, сите колку-толку сте ја доживеале, сеа кој појќе кој помалку.

Да се вратам на муабетов. Е добро, и како то се несреќни, и то баш без љубов?

Па така, немет пријателство имет корист, не споделвет емоции ( среќа, тага - ко ние на пример, другарка ми се вработа, не по струка и една обична работа колку да не сејт дома, ко и се јавија двете пиштевме од среќа, а овие- ќе се јавет да ја накодешет дек не е за та работа само да и упропастет, или ко ми умре кучето другарка ми рикаше со мене, денес- ке ти се смеет, зш е животно), споделвет клиентела и матерјализам, споделвет цинизам и завист. И на крај, ќе останет сами.И просто, луѓе без вистински пријатели се несреќни луѓе.

Немат љубов. Врска базирана на :лаги, неверства, зш шо  најубав пар ќе сме тој е батулец од оние набилданине а јас сум шмизла - топ пар од оние ефтинине Холивуд тинејџерски филмој, зш тој имат стан кола и шо знам јас, ако нека ме бијат немат потреба да се сакаме битно е шо ќе речет луѓево, и све е битно само не си битен ти, т.е. поважно е мислењето на другите него твоето. Или ко ќе се будиш покрај некој шо не го сакаш,е па не знам кој е среќен тогаш, богомолкана можда, зш му ја јајт глана на партнерот и не морат да го глеат појќе.

Шо знајте вие мене како ко ми е? - Никој не ме разбират... Мислам стврно мамо ај одјеби. Овде тесно ја поврзнам љубовта со почитта...Нормално, некој требит да те научит да сакаш, а ак мајка ти појке сакала да ојт во козметички салони или екстремно да е зафатена со работа за да те прехранит и немат време да те научит на основни емоции, ти ќе бидеш осудена од кралот, да не речам несреќна ќе бииш некое време, зш нормално кралот ќе те пикнит в затвор и таму не мојш да си среќен, сем ако затворот не е во Норвешка.

Не знает да се сакет себе си, Се некој друг е подобар од нив, па морат да се бориш за уба еманципација во општествово. Морат да се трудиш да импресионираш некој шо ето, и не ти е толку битен во животот ама ако, и се со потсвесна цел, да го истакниш твојот антином на достигнување а да го дискредитираш неговото. Се понашаш ко фатална фагоцитоза (зборов го слушнав на радио и ми е збор на неделата, т.е. да бидам појасна - се понашаш ко бактерија шо е способна да уништит цел организам) и на крај од денот ко ќе го напрајш то -  да си несреќен.

Многу од вас, мојт и да не се сложвет со мене, ипак се работит за мислење. Сигурна сум дека многу од вас не ги прает работите шо ги прает среќни, не споделвет љубов и радости, туку себично си ги чувет за себе. Исто сум сигурна дека многу од вас ќе речет дека немат никакво влијание на емотивната празност со то како некоја личност е гледана од вашите очи.
Имат.

И така заклучивме дека генералниот кривец за несреќата на луѓево во нашево општество е љубовта која  ја немат. Не се пари, не е невработеноста, не се сите оние социо-општествени фактори кој секојдневно ни го окупирет умот, туку е една емоција која е забораена. Зш и порано не биле толку богати и ситуирани, образовани  и не се понашале ко фодули по градојве ама биле среќни. За ова слободно мојте да ги прашате вашите баби и дедовци.

п.с. join to the club of happiness... try to be happy - share some love -  не е Боб Марли, јас сум :)