Tuesday, March 5, 2013

Митиншки старт - атак ! 05.03.2013

Додека се трудев да стигнам до на едно место, случајно бев завлечкана во огромна маса на луѓе, кои, со оглед на тоа дека беа наметнати со црвени маици, дефинитивно се упатиле на плоштадот за да го слушнат Груевски како го означува стартот на предизборната кампања.

Се прашувам, зарем таа не беше започната уште во декември? Оти се така ми се чинеше, со тоа Ти Ти Ти, а не Јас Јас Јас.

Да ви кажам ми идаше да си пукнам дур ги слушав како разговараат еден со друг, движејки се во правец кој дефинитивно тие не го одредиле, бидејки слепо пратеа некој кој го немаше на чело.
Навистина, ( бидејки живеам на Туристичка), имав поглед кој е вреден да се чекат, како зајдисонце на Кариби. Така , од мојот балкон ( на 4 ти спрат) можеше да ја видиш лентата на автобуси кој беа начичкани толку близу еден до друг, шо сто посто од авион изгледаа ко лента за претицвење на автопат.

Да се навратам, да , имаше разговори од типот на :
- партиски, и то како ќе победиме, тие ќе изгубет ( конечно), кој бил во право а кој не и кој крадел најмногу ама океј ;
- Абе брачко да ти кажум ваа ракија не ја биве, треабше од нашта да донесум;
- Ми нисмо у Куманова, искочисмо во Охрид,
и мојата омилена - Еве сме на кеј у Охрид - е извини срцка, ама ние си викаме покрај езеро.

Дур си одев така не можев а да не се опитам по не знам кој пат з'ш некој на пример шо е од Струмица, Штип, Кочани или др град шо е на 5 - 6 сати клинкање од Охрид се забрал да дојт. Сигурно то мрцварење не е само и само за Груевски, или обратно, се забрале охриѓани да одет Струмца за Црвенкоски. Сигурно не е то дек ќе слушнет нешто ново.
И ми светна : Идет да го видет Охрид, не за друго и времето им се погоди, абе пукаше сонце.
Стварно, пријателе, Охрид беше преполн. Сред сезона не е динга олку. Луѓе на кафе, по ресторани, на вечери, по тротоари...Мислам дека и во сезона требит да се организирет митинзи. Санкир морат избори да имат, па да се организират безпари превоз до Охрид. Можит фино лепо да се ангажират некоја туристичка агенција : Ајде, специјална понуда по повод месец тој и тој, неколку часовна екскурзија во Охрид, за само ИЧ пари. Услови : партиско знаме, и мајца по желба, зависно од која паритија си.

Не дек во Струмица е поарно.
100 % е бетер з'ш немет езеро, кј ќе шетет, ај по чаршијана малку, мојт и по некоја нива да скинет некое сезонско овошје. Таму све е сино - жолто,Охрид црвено - црно. Ам то е, за толку колорит сме платиле.
102,5 % ко имет идано автобусине за Охрид, на разглас ко поминвеле пред општинанан ја имет пуштено - Домаќине добри гости ти дојдоја, штета шо Ацо не ги чу.

Друга работа шо ми идаше да ја напрам, беше то да се качам на бинана, да напрает мој холограм и дирекно и во Струмица да пренесвет, и да го запрашам овај македонски народ :
Добро бе луѓе, колку од вас ги знает целите та на едните та на другите. Колку од вас ја знает историјата и значењето на името на нивната партија, з'ш гарант да ги прашаш шо значит ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ, еден немат да знајт. Уствари тие само знает ВМРО и еСДеС.
Ох, народе мој македонски, за кој се тупате во гради, кога ни самите не ги познавата идеалите нивни, кога ни самите не ги знаете химните нивни... Впрочем, сигурно сте ја заборавиле и онаа нашата, ако не целата, сте ф'тнале некој стих.

Ајде народе, Заев од Струмица 2- 3 кила чушки, френки и бостан, од Охрид Бакрачески 4- 5 кила риби, сакате калифорниска пастрмка, сакате охридска пастрмка. И да, намерно ги спомнувам овие типични работи сега, вон сезона, з'ш ветувањата ни се давет сезонски, а ко ќе дојт време за берба и риболов нигде ги немат, ама важно кажвет дека ќе сеет и ќе фрлет трски.

Да Охрид и Струмица беа полни со луѓе без идеали, со луѓе кои немаат право на глас, со луѓе кои се стрижани од сите страни. Ама да, дур имат овци ќе имат и волна, а ножиците ги имет и едните и другите.









No comments:

Post a Comment