Thursday, November 28, 2013

Недостаток на инспирација - сингл лејдис 28.11.2013

Стварно...за миг се посомневав дека мојот бунар на инспирација пресушил. Уствари како мојт да пресушит ко постојано го надополнуваат подземните води кои ми го менуваат нивото од разумно во алтруистичко  однесување.
Уствари една подземна вода која често знае да ги ми ги измести коцките кои си помислувам дека конечно сум ги наредила, која знае да си игра плима и осека со мене и која страшно ме инспирира да го напишам ова. Си знајш ти.

Толку за мојот недостаток на инспирација. Пред некоја недела стварно ме фати паника, не поради то шо по природа сум паничар, туку поради то шо еден куп другарки почнаја да си пеет ол д сингл лејдис...Не дека сите ја сакет толку Бијоне, туку з'ш се сингл.
Нормално, ко ќе се собериме некаде, на кафе, по дома или кј некоја на работа станвит тема на муабет спортска ( т.е. која кого фатила иако коефициентот и бил многу мал, ама пораснал со текот на времето - мојт поради некоја пластична операција на нејзините гради или грешка во билтенот, то како сите наши колешки од на факултет, комшивки или другарки од средно се мажиле а некој чекет и дете - второ) и како то ниедна од нас не е меѓу нив.

Почвиме со напад :
Мажите се криви, уствари то дека немат мажи во градов, и според Статистичка Асоцијација на Македонија стварно во  Охрид немат мажи, отприлика на еден маж по две до три жени - шо имат смисла - ретко кој да е само со една, едноставно им мрда опафчето,после то дека сите мажи се исти - шо е стварно да, ретки се ендемските видови на истите и најчесто се раселени во другите градови на државава ;
Одбрана:
Абе млади сме, мислам стварно 24 години, не ми е приоритет да се мажам и деца и се ама....нормано имат ама... едноставно понекојпат ти требит да те гушнит некој од сабајле, или да ти донесит кафе в кревет ( без кајмак з'ш му преварило), или да ти дајт масажа за да те расонит или успиет, да ти прнит ко ќе најмалце очеквиш ( уствари ти не очеквиш ама то е, важно те насмеал и ќе имаш причина да го заебаваш), да те насмејт до солзи со неговиот смисол за хумор шо понекојпат ти ојт на нерви или во најлош случај по мобилен да ти објасвит како да го отвориш куќиштено од компјутерон во 12 навечер (а ти во живот едино имаш отворано тегла од мармалад, или далинско за да ги истајш батерите) ама толку шо ќе  се потрудит да ти објаснит ќе го отвориш и ќе напрајш се за да не изглеаш проста) е такви се тие мажи кои ги бараат оние како мене.

Претскажување на иднината:
Ќе биит, ниедна страчка без опашка пак и ние без дечко. Абе, за година две, три пет...кога било...Никаде не брзаме. Само, шо ми рече една другарка : абе, да рано е денес ама утре ќе е касно. Искрено ми идаше да и заврзам неколку шамари ( з'ш и та ги користит горенаведениве техники за напад и одбрана, з'ш ко ќе и се бендисвит некој - само и се бендисвит и не превземат нишо а та е една од многуте кои исто татктизираат и чекаат подобра игра во билтенот) епа да, утре ќе е касно.

Љубохулие :
Не вервам во љубов, сум сакала неколку пати и еве....глеаш пак сум сама...доволно ме заебале за да му дам него шанса. Од кј да знам дека немат да ме заебит. Ам ак не ризик ствара капитал. Ак не ризикуваш, нему сигурно немат да му се сонит дека би сакала да пробаш нешо со него.
Посекако појќе ќе ти е криво  ако не пробаш, отколку никогаш да не дознајш дали би успеало или не.
Не морат да е љубов.....







No comments:

Post a Comment