Friday, November 1, 2013

One night stand или One night date?!!? 01.11.2013

Ете....Ајде сефте за овај месец. Дур си седам и си чекам да се спуштит еден филм ( уствари да бидам поконкретна еден анимиран филм Despicable me, шо сто посто го имате глеано појкето од вас, иако е за деца до 12 години) си викам ај да напишам нешто за денешнава љубов ( ако ја имат).

Не дека претходно не сум "какала " во врска со то, и начин на однесување и освојување, и како то немат мажи во градов, ама некако ми е стварно неисцрпна тема на муабет, како со вас така и со еден куп мој другарки и другари, колешки и колеги од на работа,познаници и сл.
По долгите муабети и размислување се дојде до заклучок дека се е сведено на секс. Во ред си викам така е. Тезата е издржана од двете страни, и од мажи и од жени. Порано се знаеше (демек жените не мислеле и тогаш на секс) само мажите се тие шо се первезни и иницирет некој си животински акт во кој треба да учествува и жена, или маж ( зависно од определбата).

One night stand ....  слободен превод на нашки : секс за една вечер - значит имаш секс без обврски, немат потреба да си знајте име или телефон, едноставно го гасите оној животински нагон шо моментално ве давит и двајцата. Немат потреба од планирање на иднина ( сем ак не се десит некое бебе па во све за љубав да му го бараш таткото),немат потреба да се познавате, немат потреба од ај лав ју мечиња, привезоци,пораки и сл...Значит 30 мин секс, или пократко и то е то. Добро. То така функционират во големите градој, шо не се во Македонија.
Кј нас прво не мојш то да го прајш з'ш сите ги познаваш и те познавет, утредента цел град ќе дознајт дека си имал/ла секс со некој па и мајка ти и татко ти,другиот ден гарант ќе го видиш некаде низ град или ќе седните во истиот кафич, ќе се заљубиш во него или веќе го сакаш, или ќе си ја трескаш глата како си можел/ла со него то да го напрајш.
Мене не ми е јасно шо ако имаш секс за една вечер? Сте се плеснале и шо? Големото чудо шо сте напрајле...ева ева...санкир на некој лошо му било па сеа ај....или поголем фраер/фраерка си шо си го имала него...не...само просто сте уживале бе...ама то е...мажи....елелел.....шо сте напрајле...исто ко да сте јаделе... сте имале секс....

One night date.... Ти се свиѓат некој и сакаш да излезиш со него.Ама нему никако да му текнит да те поканит. Или шо прочитав еден статус : Ке ти се јавам да излезиме-идно прелажано време. Шо кој пенис тој да ти се јавит? Јави му се ти. Имај доволно муда и за двајцата и покани го да излезите, па мајка јана нек е. Денес така то ојт. Не им теквит да ти пријдет, не пак на состанок, богати алоо во кое време сте на состаноци да ојте? Сеа се ојт на кафе.Немат прошетка и запознавање, немат туркање по треви и паркој, немат одење во кино или на некоја изложба.... Сеа ај да ојме на кафе. Или не...она најинтересното, ако те бендисвит некој, и следвит класика ко песнана од КУМ : Ај да прошетаме до надвор...или уште подобрата Ај да ојме во вц? Ам ак ти се шетат ој прошетај по студон сеа, ак ти се мочат ој.... не дека то го мислиш или прајш ама бар малку креативни биите.... Како и да е, и овој One night date се сведвит на One night stand...Од причина шо сите на то мислет, и со право....не е тука нишо лошо,нит крадите нит мамите...

Имам приметено дека дури и за некој викед - вечер никој не глеат убо да си поминт таму кај шо е. Туку убо да си поминит после то. Ќе се манијачит со некој, тој ја знајт и имат нејзин број и после журката ќе ја побарат, ќе ја почекат зад некој чош, никој да не видит тајно и конспиративно ќе одет со кола или такси во некоја негова куќа или куќа на другарот ќе завршет работа и то е то... И да то е европски начин на живот.

Нигде овде не спомнав љубов, зато шо ја немат. Изчезната е . Абшо е потрагично, ретки се оние кои решиле да ја побарет. Ипак...се се сведвит на секс, не?










No comments:

Post a Comment