Sunday, April 27, 2014

Шо му фалит на боемскиот живот? 27.04.2014


Сума сумарум на април :
Искрено, имав неколку "неуспешни" обиди на скоцкам нешто убо и читко ( а можит и ова за некој немат да е убо) ама да си го кажам своето. Во изминативе неколку недели мислам дека повеќето од вас беа окупирани со то на кој не му се вервело, то дека требит да прајте разлика, да ојме во европа сега, и то дека времево беше променливо т.е громој дека имаше....нема да навлегвам појќе...некој од кој и јас беа зафатени со пејофот во ракометов...то е....други почвет за матури, трети за први мај и поминала годината.

Последен пат ко бев излезена ( то беше вчера) ама мислам излезена она да личиш на чоек ( зш ретко носам штикли ко на трет спрат шо секоаш на сиодвење ги ставам в ташна и си менвам балетанки, или фасадирана ко ќе се опулам во огледало да не се познам и да си речам - здраво маче :) ха... им реков да пријателине, Ве Молам друг пат ко ќе ви речам за излегвење да ме потсетите како си поминавме минатиот пат, за да не идам тук да си одам кј шо ми е местото -Џез.

Муабетот ми е следниоф : убо си поминав, мислам нормално не е битно кај си тук со кој си, и имав убај луѓе околу мене ( мислам на мојте пријатели, подалеку од нашата маса не глеав, кратковидна сум) ама наоколу имаше многу несреќни луѓе. Дап. Како заклучив...па многу лесно...колку и да се смејте ви се пулит во очите дека не сакате да биите таму, дека некој ви фалит, дека радо би ја исклошкале та другарката шо чрчорит за вас зад грб.
И како секое сериозно друштво, почнавме муабет на та тема.
Е, да генерално македонскиов народ е несреќен. Шо му фалит?

Научени на безгрижен и неуреден живот базиран на користољубие и завист, кј шо све буквално се гледат низ призма на пари, кај шо  не ти е гајле за сопственото мислење туку за мислењето на мнозинството, кј шо вистината е глува а правдата ќора, кај шо младината е без грам свест а возрасните заборајле за то шо ги учеле нив, кај шо овој боемскиот живот ја доживува  својата одисеја... и све то благодарение на заборавот на една вдахнувачка емоција -Љубов.
Можев да користам некоја многу по-фенси придавка, ама ова ми беше нај, со цел поблиску да ја доловам емоцијава. Немат да должам за то шо е, сите колку-толку сте ја доживеале, сеа кој појќе кој помалку.

Да се вратам на муабетов. Е добро, и како то се несреќни, и то баш без љубов?

Па така, немет пријателство имет корист, не споделвет емоции ( среќа, тага - ко ние на пример, другарка ми се вработа, не по струка и една обична работа колку да не сејт дома, ко и се јавија двете пиштевме од среќа, а овие- ќе се јавет да ја накодешет дек не е за та работа само да и упропастет, или ко ми умре кучето другарка ми рикаше со мене, денес- ке ти се смеет, зш е животно), споделвет клиентела и матерјализам, споделвет цинизам и завист. И на крај, ќе останет сами.И просто, луѓе без вистински пријатели се несреќни луѓе.

Немат љубов. Врска базирана на :лаги, неверства, зш шо  најубав пар ќе сме тој е батулец од оние набилданине а јас сум шмизла - топ пар од оние ефтинине Холивуд тинејџерски филмој, зш тој имат стан кола и шо знам јас, ако нека ме бијат немат потреба да се сакаме битно е шо ќе речет луѓево, и све е битно само не си битен ти, т.е. поважно е мислењето на другите него твоето. Или ко ќе се будиш покрај некој шо не го сакаш,е па не знам кој е среќен тогаш, богомолкана можда, зш му ја јајт глана на партнерот и не морат да го глеат појќе.

Шо знајте вие мене како ко ми е? - Никој не ме разбират... Мислам стврно мамо ај одјеби. Овде тесно ја поврзнам љубовта со почитта...Нормално, некој требит да те научит да сакаш, а ак мајка ти појке сакала да ојт во козметички салони или екстремно да е зафатена со работа за да те прехранит и немат време да те научит на основни емоции, ти ќе бидеш осудена од кралот, да не речам несреќна ќе бииш некое време, зш нормално кралот ќе те пикнит в затвор и таму не мојш да си среќен, сем ако затворот не е во Норвешка.

Не знает да се сакет себе си, Се некој друг е подобар од нив, па морат да се бориш за уба еманципација во општествово. Морат да се трудиш да импресионираш некој шо ето, и не ти е толку битен во животот ама ако, и се со потсвесна цел, да го истакниш твојот антином на достигнување а да го дискредитираш неговото. Се понашаш ко фатална фагоцитоза (зборов го слушнав на радио и ми е збор на неделата, т.е. да бидам појасна - се понашаш ко бактерија шо е способна да уништит цел организам) и на крај од денот ко ќе го напрајш то -  да си несреќен.

Многу од вас, мојт и да не се сложвет со мене, ипак се работит за мислење. Сигурна сум дека многу од вас не ги прает работите шо ги прает среќни, не споделвет љубов и радости, туку себично си ги чувет за себе. Исто сум сигурна дека многу од вас ќе речет дека немат никакво влијание на емотивната празност со то како некоја личност е гледана од вашите очи.
Имат.

И така заклучивме дека генералниот кривец за несреќата на луѓево во нашево општество е љубовта која  ја немат. Не се пари, не е невработеноста, не се сите оние социо-општествени фактори кој секојдневно ни го окупирет умот, туку е една емоција која е забораена. Зш и порано не биле толку богати и ситуирани, образовани  и не се понашале ко фодули по градојве ама биле среќни. За ова слободно мојте да ги прашате вашите баби и дедовци.

п.с. join to the club of happiness... try to be happy - share some love -  не е Боб Марли, јас сум :)












No comments:

Post a Comment