Monday, June 2, 2014

Тинејџерска (не) СВЕСТ 02.06.2014


Си идав од на работа сеа кон четири сатот, а пред гимназијана имаше куп деца, шо е нормално з'ш е школо, иако појќето не беа на часој.Се слушаја врисоци, свирежи од коли и плачења. Се довикуваа нечии имиња, а на семафорине неколку деца се бркаја, среќа шо колине имаја убај кочници, па не собраја некој од нив.

На зидчено пред аптекана седеа неколку деца од кои, на едното не му се гледаше кожата - целото беше крваво. Колку шо наслушав од минувачите се тепале две деца, иако горе-долу имаше околу 50 деца. Се вртеа телефони за да се соберет покасно со цел да ги разрешат сметките.
КОИ СМЕТКИ, БРЕ ДЕЦА, КОИ? Сигурно имаа околу15-16 години а веќе беа спремни да посегнет по друг човечки живот. Знам, бидејки видов, еден од нив посегна по столот кој беше надвор од сендвичарата. Значит, стол. Која е сериозноста на проблемот за да сакаш на некој да му ја скршиш глата?

За неколку минути после то бев дома, и цел пат се мислев дали да се јавам во полиција или не... Си викам, па добро не е мој проблем, не сум дирекно инволвирана во истиот а и не ги познавав учесниците во тепачката. Ама не ми даваше мир. И си се јавив. Да, го пријавив она што го видов. Затоа што полицијата е таа која треба да делува превентивно, кога веќе родителите и професорите не может.


Си се прашвам,зарем толку ниско падна цената на човечкиот живот, шо е толку лесно да посегниш по истиот, а и по својот. З'ш со лишување на нечиј живот се лишвиш од својот а и  целата твоја фамилија.
Се прашвев, колку други вакви случаи или со колд "тепачки" на малолетници - без причина, не биле пријавени на надлежните. Колку е ниска и совеста на обичните минувачи и граѓани да го пријават, или да поможет да се смирит ситуацијата.
Од друга страна, точно е дека не сме никој засегнати и дека не се мој или Ваши деца, ама должност е да се пријавит.

Искрено ко се јавив прво нешо шо прашав е дали некој пријавил? Ми одговорија дека не. А да се земит во обзир сине продавници, аптеки и самана гимназија и другарите и очевидците и никој не се најде да се јавит...
А шо ако зафрлеше со шанкерскиот стол и го остаеше на место? Или погодеше некоја кола, или кола да удреше некој од тие шо се бркаја на црвено после сите ќе беа, да , знам видовме...ама никој нишо не напрај.

Друга искрена ствар е то шо не ми беше прва тепачка на која сум налетала,ама е прва шо сум ја пријавила, и од сега ќе се јавувам з'ш само така можда нешто ќе се сменит во градов.
Почев од младинава....








No comments:

Post a Comment