Saturday, December 1, 2012

Младинска невработеност ? 01.12.2012

- Молам ?
- Надица?
- На телефон.
- Се јавуваме од Младински Совет на Охрид, утре во 11 часот ќе се одржува трибина во малата сала во општината на тема Младинска невработеност, дали можеме да сметаме на вашето присуство?
- Секако ( радо би се искарала со некој од локалниве претставници на народот), ќе бидам таму.
( Пред малата сала во Општина Охрид) : Како сте? Супер, ево да видиме шо ќе кажите денес. Само ние сме, или ќе имат претставници од некој што е на власт или локалниве општински комитети?
- Па ние ги контактиравме, ама многу се зафатени во предизборниве трки за гласови.
Супер си викам, повторно не игнорирет кога станвит збор за некоја тема за која тие упорно не сакет да изнајдет решение, а истото постојт од дамна. Значит темава ви е за невработеност?
- Да, конкретно за млади и невработени... (хах, ги исполнувам условите, фантастично)
Дур чекаме пред врата, па сигурно видов дестина души шо ги познавам од градов, а шо знам дека се пробисвет или немет три дена школо, ама битно работет ( во случајов се мафтет) во некоја од канцелариине во Општинана.
- Еј, како си Надица?
- Убо ево, некој состанок имаме и така? Ти од кога си овде?
- Ам имат три - четири месеци. Важно плата се земат.
Ете, си викам... Другарчево имат средно образование, работеше како обезбедување во некој од локалниве кафичи, а сега во Општина си земат плата. Се трудев да ги скријам фрустрациите кои секој млад човек, кој завршил факултет, кој гледат како наоколу  мамини и татини дечиња, политички војничиња и внуци на владики си се вработувет. Кога ќе размислам малку, она шо ни го викаја ко бевме мали : Учи сине учи за да не работиш - јас стварно учев и стварно никаде не работам се исполни. Во глава со брзина која е за мили секунда побрза и од светлината почна да се барат суштината на проблемов. Не требит да имаш некое предзнаење за да ти текнит дека нормално проблемот е непотизам, корупција, а како најпопуларен партиска книшка.
Секако, ова е грубо нафрлено си викам, кога суштината е многу подлабока, а то е самото општество.
Кога мама и тато би биле на некоја функција или ако имет некој си голема корпорација ( хм, во Македонија то би било некое си претпријатие, не сум запознаена со постоењето на некој си корпорации), секако би ме пикнале и мене на работа, а исто би постапиле и вашите родители. Е, а на запад то го немат. Ако ти не си способен, не се интересираш или едноставно не те биват, па немат да работиш ни во компанијата, а богами за некоја функција ќе се опитаме од проста причина шо тие го користет капацитетот на својот мозок и размислувет долгорочно, или на македонски - з'ш мојот син да ја водит компанијава ако не е способен за истото и да фрлит 30 години шо јас сум ја создавал, или да ме страмит со некоја одлука шо ќе ја донесит, а истата не требит да е донесена.
 За разлика, овде во Македонија, ретки се тие шо размислувет западњачки : Па луѓе, невработеност имат, поубо да работит некаде моево дете одтколку некој друг да му ја зејт работата, ако немат абер за економија, право, или ете општа култура и комуникација со луѓе.
Како втор начин да си најш работа е корупција. Уф, сигурно имат многу корумпирани ама јас неам корупваљки за да ги подмитам истите. Ама ме фаќат инает, з'ш да им дам пари за нешо шо требит да се остварит од проста причина шо јас сум компетентна за то работно место. Ете, ама не. Во Министерство за Економија (карикирам, можит да е и друго министерство и подрачна едница, или во локална самоуправа Охрид)  имат потреба за човек кој имат завршено музичка академија ( брао, бар весело ќе им е во канцеларијата, мојт ќе им свирит секој ден по нешто па ќе ги мотивират да работет) а не со соодветен факултет, (ма шо зборвам мојт стварно музичка академија е соодветно за во Министерство за Економија ?)
И, нормално  малку да поглеате вести, т.е. чак и набрзина да ги менвите каналине, ќе слушните партиски вработувања, партиски вработувања.... Ам сеа то е. Ние шо не сакаме да се експонираме многу з'ш, ако размислиш, да работиш некаде во државна институција, и автомацки ако се менит власта се менвиш и ти... не карактерно, едноставно си бараш друга работа не би сакал да се бележиш. Ама немат братче. Денес ретко интервју да се обавит за вработување. Едноставно се идентификуваш со членската книшка и знајш ако имат избори мојт ќе се вработиш, зависно дали локални се изборите или не. Интерно слушаш, се шушкат дека имало нови 13 вработувања во Општина Охрид, и 30 вработувања на Аеродромот во Охрид. Е ај да видам оглас некаде. Оглас - никаде. Или оглас имат, ама колку фиктивно да се завршит работата, тој шо е одбран си почнал одамна.
Сите овие проблеми влечет уште подлабоки корени. Не станвит збор за криза ( Македонија од секогаш била и никако да излезит) , ни транзиција ( од ко памтам за мене е во транзиција), станвит збор за прост македонски менталитет, малограѓанштина и балканизам.
 Појави кој тешко дека се искоренливи, бар во наредниве дестина години тешко дека ќе се сменит нешо на поарно, сем ако младите не се вработет, и целосно ја отфрлет та застаренос за неработење (нишај врата - земај плата), каде се цени квалитет и навистина се почвит дасе  функционират ефективно, а сме млади и ефикасни.
Зато пред да го вработате син ви, или да подмитите некој, размислите, мојт син ви ќе го пишет по весници дека проневерил милиони евра, ама за то вие сте си криви, вие сте знаеле дека имат криминални предиспозиции, ама ако, поубо тој да работит, отколку детето од комшијата.
- Надица, кј замина? Можиме да влезиме.
- Супер, баш го разглобив проблемов. Интересно ќе ни е.
- Повелете...


No comments:

Post a Comment