Monday, December 24, 2012

Прост народ - силна држава 24.12.2012

Добро, навистина, кога ќе почниме да размислуваме со своите глави, оти во последно и мислењето можe да се монтира... Навистина греота, греота за сиот овој  народ што денес мрзнеше по улици, се жалеше дека немат пари за јадење ( а фрлаше со јајца и кромпири), и безцелно ги трошеше своите гласни жици- џабе викате немат кој да ве слушнит.

И додека левиот аперкат на Макрадули е десна рака на Бране, страда Македонската новопечена демократија. Додека се кљошкавте во собранието ( каде ви е културата, Вие кои сте ставени таму како избраници на народот, Вие кои треба да бидете олицетворение на една партија без разлика за која станува збор, Вие кои го изгубивте достоинството бидејки ние гледаме) надвор како муви без глави, леташе збунетиот народ на сите страни.
Добро, ајде, го опколивте спикерот Велјаноски ( треба да се погледнете во огледало, мажи, сите имате повеќе од 30 тина години, имате деца и фамилии, жени, некои во блажено стање, некои кревки на изглед но гласни за уши), која е целта?

Подобро лав да води во војна магариња, отколку магаре - лавови?
Па денес видовте, магаре кое се труди да поведе во војна лавови. Што требаше? Да се исколи народов помеѓу себе? Каде ви е тогаш демократијата та на едните, та на другите?
Манипулирате со плитките умови на простиот народ, оти ДА, да бевте паметни ќе се информиравте за она што ако и што ако не се донесе буџетот.
Како слабо изрежиран македонски филм, бидејки знаеа и едните и други дека ќе "пукне"  (автобуси од сите краеви на Македонија се упатуваа во Скопје) ги форсираја своите "оскаровци" да одиграат веќе одамна испланирани акции, кои во стилот на Роки Балбоа ( сам против сите) тргнаа во борба.


Очигледно е дека проблемот ќе треба да се решава со интерен увоз...прашањето е што да увеземе....дали народ или политичари? А може и обратно - или едните или другите да се иселат од државава....


Денес, каде беа оние кои навистина ги разбираат економските поими, промени да им објаснат на граѓаните со прост македонски јазик дека нема да има никакво Грчко сценарио?
Каде се оние независни телевизии кои нема да ставаат на мета една или друга парија, каде е релевантното информирање со прост навистина прост јазик?
Оти она гласачко тело кое постојано слепо заокружува бројки, заслужува да му се објасни на јазик кој го разбира. Дали поради Божјата милост во нашава земја имаме три неворојатно драгоцени нешта: слобода на говорот, слобода на свеста и разборитоста да не применуваме ниедно од тие... Како неми ги гледаме видеата кои ја покажуваат ограниченоста на македонскиот ум во секој поглед. Ограниченост која се темели само на устата на пастирот и она што тој го зборува.
Погледнете, кога ги прашуваат за што мрзнеат - не знаат да им одговорат и едните и другите, знаат само еден збор БУЏЕТ....

No comments:

Post a Comment