Monday, February 25, 2013

Оскаровско - политичка експертиза ? 25.02.2013


Па добро... Денес барем во нашава ананас држава (з'ш банана е здосадено, па ај нек е друго јужњачко овоштие) не е тешко да си експерт, политиколог, социолог, нешто нешто за здравството, нешто нешто за толкување на економските состојби, за временските и озонските појави, за глобално и градско затоплување и ладење, за образование наука и уметност, и за сите горе - неспомнати општествено засегнувачки појави,за кои народот не е баш заинтересиран да ги тупит од причина шо не го засегет.

Мислам , стварно ти требит експерт да ти кажит дек бранана во Слатино не мојт сеа да се попрајт з'ш временските услови не го дозволувет то и з'ш земјиштето било излизгано, то дек Македонија е веќе во криза, т.е. пардон мала рецесија ( која мала човече, не сакам ни да помислам како би изгледала поголема), експерти од типот на :
ВМРО - вски : Македонија се стреми и е на чекор за влез во ЕУ и НАТО ( да, само тој чекор е двочекор и уш малку и во троскок ќе се напрајт, ама добро,  со добар залет се е можно)
СДСМ - овски : БЦ шо вети - оствари. Точно, да се сложвам.
Ако БЦ ветил по еден вработен од секое семејство така и било, т.е. да се објаснам, ако во едно семејство работеа повеќе лица, едно мораше да биде испуштено од на работа со цел придржување до обеќаното само и само еден вработен;
 странски експерти од типот на - шо ми е гајле, Филе не се мешат во традиционалното македонско јадење ( не го биват за праење запршки, а и не одговарал на тенџерето кј шо се праела манџата), доста е и самото солено, па уште тој да го тузлосат и после кој ќе го јајт то?

Експертски типувања од тоа кој има подобар коефициент за остварување на мандат - оскар ? Па, ќе почекаме до 24 март да видиме оскаровците од пред две години ќе си го земет пак златото и дали пак СДСМ ќе освојт златна малина.

Номинациите од дамна се веќе видени, некои и повеќе пати.
Некои кандидати се навистина упорни, па неколку златни малини не им прават проблем. Сепак станува збор за златни, не е било што. Режисерите, како секој добар нели експерт од нивна струка, плански го напишале сценариото и ги доделиле улогите на глумците кои ќе се закитат со оскаровските или опозициските злата, па да не бидете премногу изненадени, ако сакате можам да ви го уништам исчекувањето и да ви кажам кој тоа ќе победи на доделувањето на изборните оскари кое ќе се одржи на 24.03.2013 година на територијата на РМ.

Секако, изборно - оскаровскиот сјај не би бил целосен доколку не помине со кљошкање, нервози и предвидливи тензии, како и тоа за пуштање трачеви во жолтиот печат за можен фалсификат, пуштање на бугарски воз, од скопје до софија и назад, нефилтрирани изборни списоци, местени номинации и копирани сценарија и се она останато без кое доделувањето на мандати не би останало забележано во светската јавност.

Па, јас како оскаровско - политички - ананас експерт можам да ви откријам кој ќе падне, брзајки да го подигне оскаро - мандатот ( во стилот на Џенифер Лоренс) ипак та носеше предолга тоалета, за  која се сомневам дека некој од номинираниве кандидате ќе се дрзнит да ја облечит, не за друго - не им стојт толку многу ПРЕФИНЕТОСТ.
Ама, не е интересно, а и башка мојт да ми го скратет правото за индиректен пренос директно од оскаро - изборните случувања за кои ви обеќавам дек ќе известувам ко ќе дојт времето, нели.



No comments:

Post a Comment