Sunday, April 7, 2013

Изборно - кардиолошки зафат во Скопје ! 07.04.2013


Е добро. Гледам телевизија и се чудам. Не дек сум нешо засегната од вториов круг ( сем нормално шо стварно мислам дек  Струга требаше да победит македонец) ама некако не добив релевантни информации за  некои Градоначалници во државава. Искрено сум симпатизер на нашава партија, ама не и на нашава телевизија.
Мораше да менам неколку канали за да видам кој победил во Центар, Куманово и Струмица.
Ам добро, релеванто информирајте, з'ш народов требит да се информират, да знајт.


Видов сега дека во Центар наредниве 4 години ќе оперират Жерновски. Па добро, мислам мене ми е чудно. Ако сум јас доктор и во ризик сем другите органи ми е срцето, логично дека него прво ќе се обидам да го спасам. Е сега ќе почнит да се рушит во Скопје и да се раздавет споменици, кој шо си сакат мојт да си побарат и да си добијат.
Е, да беше Ацо наш пак во Охрид сто посто ќе ни го даеја Цар Самоил да го стајме спроти чинарон, тамн' ко ќе го видиш Самоила, одма го креваш погледот и гледаш тврџина и одма туристи, се плански.
Куманова, па мислам добро убо шо не дојде некој од Авганистан да се кандитират за градоначалник, бар нафта ќе им донесеше....добро мојт и некој бомбаш самоубиец, оти така ќе е сега.
За делон во Латинска Македонија...ам и јас знаев дек ЗаеФ ќе победит, да бидам реална тој им дават леб на струмичани, па нормално и за него ќе гласет. Толку за резултатите.

Лидерот на СССССсс даде изјава дека државава ни е под диктатура, и дека до срж ќе се бори се додека не  падне Владата шо по дифолт би значело дек во Мај на конгресот на СССССсс немат да се сменит апсолутно ништо. БЦ ќе си останит, опозициска ССССССсс ќе си останит, и криминал ќе си растит.
Да видиме шо ќе кажит за некоја недела, мојт а мојт и немојт да го сменит мислењето, зависит од то шо ќе му кажет да прајт.


И за крај. Па шуќур поминаја избориве, сеа мојме да почниме да глеаме дела, т.е. кој дела
кој Големиот брат, а кој некоја од овие шалабајзрскиве турски серии.


No comments:

Post a Comment