Monday, April 15, 2013

Пари давам, топче давам е ИМЕ не давам... 15.04.2013


Ко бев мала им се љутев ко ќе ми раскажвеа прикаска шо почвеше со СИ БИЛ/ЛА/ ЛЕ... Не за друго од секогаш мислев дек се помалу креативни ак им почвит исто секоја прикаска, ама сеа научив дек крајот го красит или мојт да го посерит делото.
Второво е многу поверојатно од ова првово.

Немат да какам за рингишпилон шо го стаја во Скопје, самото по себе е покакано, ак се зејт то дек птици ќе го надлетвет секој ден, а тие птици милион посто пиет вода од Вардар па мојт и дијареа да ги фатит, з'то рингишпилот настрана.
Немат да какам и за враќањето на Јохан, з'ш би било себично од моја страна, прво како чоек а второ з'ш сите околу мене во Македонијава ја покакаја та работа уште пред да се вратит.
Немат да какам дека бате Бране се разболел, мојт да го заречам чоекот, зато ќе ве молам без какање на та тема. Тој одамна е покакан, па морат да ги сменит пелените, или да почнит да повиват некој друг.
Дефинитивно немат в-уста да ги земам сто-годишниве проблеми во државава, т.е. проблеми од типот невработеност, криза, лопована и хоштаплерај, Скопје 2013-2014, или било која друга тема шо е какана како шо кажав со години, сем ова со Скопје - та потазе е.

Ќе какам за темата ИМЕ шо не е постара дефинитивно појќе од сто години и дефинитивно ај лично шо ме засегат туку и ми е тема шо последно ја дебатирав стварно жустро ко санкир - не знам.
Ко се бореле во минато и историјата знаеле дека се борет за Македонија и никој ништо не им оспорувал. Сега... Сега никој немат за што да се борит.Фрли му пара и ко кучка со ќори кучина или како и да беше трчет напред...Ајде...
Патриотизмот го знает само како збор, го имет слушнато на вести или во некоја народна песна.
Камо сега да се боревме сите со пушки, со бајраци в раце...бар знајш нешто ќе постигниш- или ќе те убиет и ќе ти напрает споменик или ќе убијаш и ќе напрајш споменик.
Шо е за право секој го имат истото за свое мислење и став, ама за ова...шо знам, барем јас мислам дека тој требит да е еден.
Друга работа шо  мислам е то дек ниеден значит АПСОЛУТНО НИ ЕДЕН жител на ова држава, на ова територија и под ова небо немат АПСОЛУТНО НИКАКВО ПРАВО да размислуват а камо ли да потегнит за смена на име :
1. Шо не го поседуват, не го поседувал нити ќе го поседуват
2.Шо со самото такво размислување се негираме себе си се она шо нашите предци биле и шо нашите деца ќе се
3.И од каде то дек истото требит да се сменит?

Точкиве лесно мојт да пробат да ги  демантират некој шо мислит спротивно со аргументи шо и јас сум ги размислила и сум ги демантирала.
Стварно никој немат апсолутно никакво право за името Македонија.Никој не го поседувал, не е ничиво, туку со самото раѓање на единката то го наследило и го пренесвит то наследство на своите поколенија. Немат никој право да сменит некое минато од типот на:
Дедо ми беше македонец, баба ми македонка а јас СМВГХЕЛЕФКГ -донка (ниедна од буквиве не значит ништо, само ми дојде да ги притиснам).
То шо ретроактивно би важело истото. Шо би значело дека сите пред нас шо биле родени пред години и години немат да се македонци. Епа пријателе шо би рекол Џамбазов, немаш право да го смениш нивното - она за што се борев- не беше б'лгарин или грк - беше Македонец.
И то дек истото требит да се сменит? Ти се мољ(меко љ)ам, санкир мачка контењерка е државава па ај кој како сакат нек си ја викат - не мац мац туку мјау мјау, или на на... Богати...

Размисли дипломатски. Ако се сменит името ќе влезиме во ЕУ и НАТО. Добро, а народов го опита некој дал сакат во ЕУ или НАТО. Санќир таму клекнати со раширени р'це не чекет. Само  да им седниме в-скут. Со ова платичка македонска претворена во евриќи - ќе немат полни контењери - све ќе е испразнато. А и башка мислам дека кј и да е немат уште долго да постојт ЕУ, кравите од кј шо молзеа ќе прецицет уш тро,а парите шо ги имет здиплено не им се давет. НАТО ко На То, или на охридски - На Ова-епа сватете го како сакате.
Мојт ќе се вработаме ак се преимениме.Секако Министерство за нешто на Пишман-Република.
Државјанство - пишманка;Фудбалска Федерација на Пишманија, Пишмански Литературен Јазик, Пишманска народна музика,и омиленото Пишманско девојче китка шарена..... Ај... Пеј ја песнава.

Само да можам да одам Ну Јорк абе ќе им ги ископам очите ќе ги напцујам убо ќе им го кажам истово и ќе ги покакам од чотек и нормално ќе ги пратам во Грција да питет. Па макар и да лежам в затвор.Така крајот би го красел делото.
Некогаш то вредело, а сега? Барем јас мислам дека вредит...









No comments:

Post a Comment