Saturday, April 27, 2013

Не-гација = Надеж... 22.04.2013


Ух навистина бев многу "зафатена" од пред-за време на-и после политичките тракатанци и состојби во државава шо обичните и секојдневните теми ги тргнав настрана.
Па денес се осеќам, така...уствари се осеќам како вас...
Постојано коментирам, дебатирам и разговарам со луѓе ( шо е нормано, не знам било кој животински јазик) за оние емоционални состојби кои ги НЕгираме.

Викет дека и покрај то шо постојано го негираме фактот за постоењето на некоја емоција, за нешто дека навистина е така ,длабоко во нас го знајме одговорот.
То е на пример ко ќе ојш на факултет на полагање и знајш дека немаш книга чепнато си викаш : Абе шо, ќе положам, лесно е. Ама длабоко во себе знајш дек ќе падниш з'ш си труп и викендот ко си требало да учиш ти си скитал/ла по кафичине.
Или то ко ќе го видиш дечкото/женската кј шо се лапат со некој/ја друга од далеку...Си викаш, не немат шанси да е тој,ми рече дек не излегвит.
Хмм...она дека си се заљубил/ла во некој, а знајш дека не е возможно ништо повеќе од она што сте го имале ама не, си викаш можда и тој ме сакат.
И сите оние ситуации кои ги негираме.

Ко ќе го прочитам горенаведениов пасус уствари гледам дека негирањето се исповетвит со надешта, уствари му идат едно те исто.
Па така, ојш на факултет и се надеваш дек ќе положиш, се надеваш дек дечкоти стварно не е излезен, и да... дек и тој/та го осеќат истото шо и ти.
Пуста надеж, пуста да останит.Да не беше та, мислам дека стварно не би можело да се живејт.Си легвиш и се надеваш дека утре ќе станиш, се надеваш дек газдана ќе ти дајт навреме плата и то дек утре немат да врнит, а уствари негираш дека мојт да не се разбудиш ( пу пу пу скраја да е), дек немат работа и немат плата да ти дајт, и дек најавија за утре дожд ама ај си викаш, мојт ќе прескокнит.


Да, навистина ние луѓево сме чудни створења. И ко ќе ја знајме вистината за некоја работа упорно и упорно ја негираме.
Викат, ам знајш појќе не го барам ( а се надеват дека ќе и се јавит), не ми се свиѓат појќе (а упорно поминвит на местото кј шо тој најчесто висит)  и не му дават шанса на никој друг з'ш да, се надеват дек на тој трупот ќе му се јавит на сон Џамлија и тројцата наречници и том и џери и ќе му кажет малку појќе да си ги опулит очите, дек та шо го сакат е до него и блаа блаа блаа...
Ама џабе ти е, на онај и Аладин да му се појавит на сон со Зоро заедно немат да го уплашет и да му дает грам ум или моќ за користење на истиот, секако ако го имат.
















No comments:

Post a Comment