Thursday, May 16, 2013

Ит'с вединг тајм !!! 16.05.2013

Ух времево само за тенис и за другарки е. Свадби... Хм ак имате гребено на тавчето ќе ви врнит на свадбата, а денојве временскава прогноза е то дек ќе врнит и то убо, така да ако макавте од тавата од ајварот не планирате свадба овие неколку дена, сем ако...па шо знам, ако вие имате некоја посебна брза причина за да го направите тоа.

Дур одевме накј една другарка за да го глеаме тенисот ( то се дешаваше пред некој 15 минути) ми викат сопатничкава моја : Време е за свадби и венчавки....  Хм, ме замисли...шо зборвиш мо, за кој сеа разбра? Уствари то ти била некоја моја колешка шо ја глеам секој ден а не ми изглеаше ко за таква, па добро имаше дечко со години ама дали то водит секогаш кон брак?
УУУ ( со многу у е ова) мори, ами убо ајде со среќа да им е. Абе имам приметено ко ќе ни виќет ај и на ваша гла не викаме фала амин, само си чутиме, ко да не сакаме.

Прашање број еден : колку време требит да имаш врска за да влезиш во брак? Дали она со години или некој месец па да се запознаваш во бракот е она вистинското, или да си заедно цел живот со еден?
Па добро, цел живот е стварно долг период, пак со една личност. Ај викам време  мо, нашине мајки на овие години не имаја родено и пораснато ние... па немаме ни симпатија не пак дечко да планираме брак или деца. Или то можда и не се планират.
Да, по муабетите со пријателите и пријателките никој не се одлучвит за да стапит во брак, а ако несакајки се десит некое дете, па тогаш се снаоѓаш и оп - енд оф д гејм.

Да се вратам на прашањето број два : колку години требит да имаш во г'зот за да размислуваш за брак? Па, Били ајијас sвер си зеде малолетничка, малолетнички гледаме бремени по патојве и на матури, бремени невести...ко трудночата да е усолов за брак, или можда е?
Другаркиве мој имет по 26 години во газојне, некој и по 33 и не размислувет за то. Девеес посто немет дечковци и не размислувет за врска не па брак.
Реално да прајме муабет сите немет приоритет да се мажет. Да завршиш факултет ( завршив), да се вработаш ( работам) да имаш некој ( немам никој) и после шо, оп брак.
Па врвит времево и то стварно врвит немилослно. Мислам да бидам искрена понекогаш и јас си мислам на та тема. Кој тоа мене ќе требит да ме трпит цел живот?

Не, јас не сум мажена, маж ми е женат за мене. Да, з'ж да не. Зарем морат некој лист хартија на кој јас ќе  го стам моето име и по дифолт да морат ( а не сакаш) да зејш нечиво презиме. Ако на пример тој некој се презиват  карикирам ) Трпоски јас би морала да сум Трпоска, и со то му се ставам себе си на располагање - негова припадност. А ако го зејш онака на пример Трпоски тогаш - у шчо ме како така, во наше време немаше то.
И со него морат да се будиш наредните неколку години...не неколку....па добро мојт и неколку, ама појќе одет на она до крајот на животот.


Најмногу сум загрижена за она дека го немат она вистинското...она љубов, се е онака ради реда. То дека морат да се мажиш-жениш само за да не бидиш оговаран и етикетиран од страна на општеството како стара мома или ерген.
Нашите баби и дедовци и вашите, па погледнете ги сеуште се гледаат со истиот оној сјај како некогаш со грижа и љубов, па не е ни чудно шо дотрајале и пеесет години.
Нашава сериозно претендирана европски настроена Влада дури се потруди да воведит и мотивациски даноци за сите сигла мажи и жени : Немат да се мажиш/жениш е ќе си платиш данок, па да видиме.

Со истово ова сакам да им честитам на сите мој колги и колешки, школски и бивши школски кои стапија во брак. Навистина. За некој ден прајме и неколку години од матура а повеќето од мојот клас се со дечина - пораснати.
Каде сме ние?










No comments:

Post a Comment