Tuesday, May 21, 2013

Матурски парадизер ! 22.05.2013


Во чест на мојата, вашата и нивната матура. Да. Се навршвет 5 години од ко праевме матура, и можам да заклучам дека : Ние бефме многу пубај од вас. Ха ха Ха.... Да. Девојки и дечки ние во нашето време ( ак се земит дек не сме живееле во неолитот туку само неколку години пред вас) навистина бевме многу пубај.
Прво :  го знаевме зборот пристојност.
Второ : ги пуштавме нозете до кј шо ни беа долги теписите.

И ние ко бевме матуранти имаше исклучок - за вулгарност, денес...па добро, исклучок се пристојните.
Сабајлево ко одев на работа имаше зурли, тапани и кларинети и нормално една многу расположена девојка шо мојт а мојт и да не и испарило пивото во лименка шо го конзумирала во Десарет, или мартинито во некој отворен кафич.
Та беше навистина расположена , со задоволство ги занимаваше сите околу неа шо како многу добри другарки ја остајле да се глупират ( истите беа седнати на столој околу неа) и дефинитивно ја оговараја.
 Изговор : Матурантка е - научила да се потпишвит на латиница ( пошо полуматура е да знајш на кирилица).

Имаше од кич, покич и најкич. Нормално имаше принцези со долги коси, круни, обетки и накит од британската ложа ( за такви мојте да сонвите), имаше девојки од типот на - умеам да танцувам на шипка и не не ми е кратко фустанчево задникот ми е низок па зато ми се глеат; девојки од типот на- рок до јаја и не сум за кичерај матура по стартка и кожњак-некој камшик дан имат за позајмвење; канско-берлински тоалети - мама и тато ги порачале поради нивната пренајразгалена ќеркичка од некој познат мак креатор од рангот на Кокев за то зеле кредит шо ќе требит да се отплаќат-јас неам намера да одам на факултет ако уписите се во септември, дотогаш мојт и ќе земет уш некој добар потрошувачки кредит-за свадби.


Тенка е линијата помеѓу вулгарност и сексипил. Денешниве девојчиња навистина не го разбирет то и терет строго кон модернистички вулгаризам шо ги измамвит воздишките од спротивниот пол проследени со помислата : ороспија, ух уште една, еј види ороспија, можам да ја легнам, ороспија, ороспија.....
Замисли само ти се молам пеееер( шо би рекле комшо скопје) девејчено имат вервел или не цели 13 години, верви знам з'ш учит со сестра на моја најдобра другарка. Да. Девојчето е сликано милион посто после 12 часот кј трскине во езероно кј шо се собирет Патки, епа јас и давав појќе години од мене.

АЛО, ИМАШ ТИ РОДИТЕЛИ ДА ВИДЕТ КАКО ИЗЛЕГВИШ?
Бравос за тие мама и тато. Шо мислет дека продавет маливе? Секс? Па да...Она требит да се зејт и да се наќофтат по тој газот.... Не... Па после да те тужит за семејно насилство. Пази малолетник шо немат прнато во вода со 13 години во ноќен клуб или како и да е регистриран.
Денес навистина немат млади, се е пораснато.
Од 9 години почвет со алкохол, од 10 со цигари,12 со кафичи, 13 со раширени нозе устари она ( nice legs- when they open) 15 веќе се мајки а на 17 среќно разведени. Редоследот мојт и да  е различен.

Коментиравме со мојве школски, дека со овај ум сеа па ни на крај на тој ум не би праеле матура. Прво з"ш е прескапо, второ шо ми требит уш некој фустан за во шкафон, и трето со тие пари ќе си прошетам некаде или ќе си уплатам рата за на факс( нормано ако не ти е животна желба да објасњаваш раке пуке - раке шлаке и да си така позната, па ах-ох-дааа- позната, и нормално старлета позната. Сите овие се едно те исто-различна форма).
Највпечаток ми остај една девојка која на неа имаше ладно оружје. Да, тоа треба да се уапси и одма во притвор за носење на оружје во јавност и создавање страв и немир кај останатите граѓани ( да, ме вознемири со тие штикли-кломпи-трње-шајки шо ги имаше на нозете во убиствено црна боја, недај боже да се сопнит самоубиство во холивуд -хајхил стил ќе имат).


Помалку е повеќе.
Требит да се укинит матура. Стварно требит.
75,98 посто од матурантине излегвет неписмени и не знает една крстослофка да решет, ак ги прашаш как се бележит Шпанија ќе ти напишит Ш ( чести случаи, ај сеа и вие не се мислите, со Е се пишит еф смајли дек сум бистра :), не знает кој ја напишал Војна и Мир, и нормално кој е главен град на Германија.
Прво опа иха, да ги потрошиме убо мама тато и сине роднини шо ќе фрлет по некое евро шо им било планирано за рата од кредит, регистрација за кола или пари за синот/ќерката шо студират во ск; па после ќе си полагаме македонски математика и др предмети шо НЕ ги учевме, па сеа ко ќе дојт јајцето на газот ајде одма за два дена спреми матура.

Зато мој драги и мили родители, роднини браќа и сестри ( постари и можда за нијанса посвесни од вашите матуранти браќа сестри и внуци (иако мислам дека не би вршело никаква промена) пробајте да им посочите што е навистина пристојно.
Ау, да. Најтрагично во целава оваа матурска парада е шо сто посто од девојките фустаните и штиклите им ги купвет мајките. Алоо, тргни и ја завесата и види како и стојт и дали стварно не е толку краток и деколтиран. Ќеркати ќе требит да излезит пред професор, дедо, стрико, таксист, брат... А и некој манијак шо ќе е на улица да си прајт ќејф.
 Девојки, пуштете ги то фустаните, клајте прслуци и гашти, истајте ја надградбата, трепките и ноктите, активирајте некоја хемислвера од вашиот ум и почните да живејте.
Вервите ќе ви се исплатит !







,






No comments:

Post a Comment