Monday, May 6, 2013

Батина и абдали ширум градов...05.05.2013


Ами ајде по повод празнициве ( за многу години да ни се) морат да се напрајт една целосна слика за батинана шо седет, стоет или вркулет близу шанкојве во градов.
Друг повод ми е то шо разбрав дек пак имало тепачка во Хавана ( не ме интересират кој како и шо) а и кј Паткана, па таму дури три. То е ко ќе немат немат, ко ќе имат...после многу тепачки имало во градов... Морат нешо да се дешават.

Ојт вака :
Батуле претставуват суштество ( пошо чоек не е, читај натаму во дефиницијава) кое дефинитивно имат појке стероиди отколку развиени и моментално активни мозочки клетки, се потит во некоја теретана и креват бенч сто кила, возит некоја кола шо појќе брчит и чадит отколку шо ојт ( и со неа прајт шлајфки кј семафорине кј гимназијана-чест сведок сум), мислит дека ги поседуват сите луѓе околу него, носит ПОзлатени синџири на вратон, имат тетоважа по можност крст или некое диво животно ( абе недај боже пеперуга или еднорог да имат), носит свилени тренерки адидас, стално ојт во еден ист кафич ( и ко ќе го видит персоналон си викат...лелел...аман кој ќе го трпит) ,место цуцла имат пластично лајче вуста( доказ дек бил на кафе) и нормално истиов се движит во глутница.
Ваквите видови на суштества често (но не и морално) имаат потекло од некоја рурална средина близу градов.
Истите генерално имаат посетено, моментално се наоѓаат или условно се пуштени од некоја затворска установа за извршено полесно или потешко кривишно дело кое нормално е проследено со НАСИЛСТВО(имат класификација на делата, ама овие редовно се со насилство).


Кога станува збор за превласт за територија, автомобил,женска, локал или враќање на долгот ( истите често се занимаваат со давање на лихва) стапвит на сила законот на ЌЕ ЈАЈШ ЧОТЕК колку шо си тежок а мојт и појќе за ум за друг пат или она - ИМАШ НАЈМИЛИ.
Најчесто главната фаца во глутницава не ги валкат рацете имат свој поданици кои му ја бркет та работа( мене не ми е јасно како мојт некој шо немат два грама мозок да им кажвит кого и како да го тепет или недај боже).
Ако станвит збор за ексцес предизвикан во некој од локаливе имат една предизвикувачка реченица : Излези надвор! и нормално тој излегвит и имат некое вербално расправање от типот на шо ја глеаш женска ми и туркање па боксој. Да, нормално тој шо е предизвикан имат шанси да се бранит и да го наќофтат ама тој најчесто и не е сам.
Одма по токи-воки ги викат остатокот а тој се тргат надвор, ако другиве нишо не зрешиле или овај не ги пулел нивните женски.

Имат една телевизија Анимал Планет...е исто ко таму...глеаш ко орјаци викет, се дерет испуштет некои звуци..после слушаш тинууу нинууу и сите бегет а тој шо е наќофтан ојт в полиција, ко чотекот да не му бил доволен па сеа и да го мрцварет во притвор.
Во сто посто од случаите учесниците на тепачките се познати на полицијата, ама та не превземат некои тактички мерки од принцип до сеа непознат.
Да, и на та телевизија кажвет дека мајмунине со цел да привлечет женка, внимание да бележет територија викет и се тепет.Епа извини анимал планет ама овие не се мајмуни, овие се....шо се....Мајмунине имет мозок колку-толку, овие ни то го немет. Ак им дајш банана ќе ја јадет сосе љушпа....

Ко ќе излезиш некаде во некој кафич одма ги заприметвиш како седет на некое сепаре, со пури шо смрдет бетер од запалени какушки( замислите то вуста го редет), со флаша од некој пијалак и нормлано 3-4 девојки кои појма немет кој уствари се фраерите (со мало ф),имет по 17-18 години и да, нормлано се пресреќни шо ето имат некој да ги гушкат....Глупости...Девојки берите памет,за да не берите заби... Да, некои од нив обожаваат да ги биет оние шо ето се заебале шо седнале со нив.

Па анимал планет дојди да напрајш нова емисија со овој добро познат распространет вид на суштества, верви емисијата добро ќе поминит меѓу луѓето...

No comments:

Post a Comment