Thursday, November 29, 2012

Оргазам 30.11.2012

Е стварно чоек да не мојт раат да се спремит за туширање (телефонов ми имаше презвонато 3 пати, а за малку и четири кога) : - Амо ќе ти купам врвца за тој мобилниот на врат да си го носиш (ха ха ха) и веќе се покајав шо кренав. - Значит дерман од вас се немат.
- Не дерманосви многу, излези на тераса малку. Си викам шо, серенади дан ми прајте; и глеам пежо 207 ми блиндират. - Не глеаш? - Нажалос да, шо ви текна мо? ( одвај глеам две раце кј шо мафтет ко да имет прединфарктно стање). - Ам ми се јави ***** и не собра мене и ***** и си викаме ај и ти и ќе ојме кј ********. - Добро вас стварно не ви е арно (ак се зејт во предвит дек е десет сатот навечер, вервите стварно не им е арно), кј ќе се давиме? - Ам на вино ќе ојме бочката се отворила, и да се пробат, ај сеа не тук се џашари - слегви( ова слегви ко со закана го примив). - Убо ај, да фрлам едни тренерки и слегвам( нишо од к'пењето, ко ке се вратам; Мамооо, оо мамо, излегвам јас! и слушаш: Добро ќерко, ти куќа имаш? Сеа не си дојде? -Да, одма се враќам, не ме чекајте ( под одма подразбирам за 4 -5 сати или утре, мислам во вакви случаеви).- Ајде дундо, уџи и чамац. - Добро, требит да возиш 10 км, бар трезни сте? - Да бе, допрва е интересното.( и така на своју како да кажу вољу, ризик јак,мила душа и да погинеш колку можеш ќе се спасеш ( иде дунав, едноставно не можам да престанам да се смеам)- во случајов спас не постојт тргнавме на отварањето на та пуста бочка)
( После некој 25- 27 минути, дур вркулиме околу печката) :
- Е мачка стварно винцево ти е оргазам.( и осеќаш 4 пара очи навркулени спрема тебе,па целава беф прашалник, хммм реков нешо шо не требит). - Да бе, тебе се ти е оргазам.
- Е, ај молим ти објасни ми како мислиш оргазам?
- Па така. Исто како прво кафе од сабајле, хммм.... на пример нескафе стронг (не е реклама), ја осеќаш аромата и те мамит да се напијаш; ја пиеш првата голтка и осеќаш како полека ти ги будит сетилата и ти го дразнит хипоталамусот (хипоталамус претставуват центар во мозокот кој е виновен за сексуалните нагони), па брзаш да се напијаш уште една голтка и уште една и уште една дур не го испијаш целото, а не сакаш да го завршиш (кафето)...Хммм... То е оргазам... Исто! ( глеам фасцијални експресии како да во право си, па климање со гла). Имаш нешо да додајш?
- Па, според твојава теорија, то би било како после дуздисана сабота навечер, и скапани нозе од штиклине 15 ка, некој да ти ги масират стапалата. Почвит полека, ти осеќаш болка з'ш само платформана е висока  10 см, ама сакаш да продолжит полека, па побрзо и побрзо, дур болката не ја снемат...(з'ш иам чуство дека муабетов ќе ни забегат)...И то ти трајт многу кратко.
- Ето глеаш, исто.... Едноставно не сакаш да завршит.
- Според мене оргазамот е чудо - не постојт ! (  ц ц ц , неверник еден)
- Да ви кажам, дур сме кј оргазмиве, прочитав дека женскиот оргазам бил многу појак од машкиот ( чим ******* го кажвит ова значит вистина е, девојкава е подвижна википедија), па така машкиот мозок не би можел да го издржит.
- Неее......(пригушена смеа, па мајку му, помина десет и пол, морат да сме тифки, ќе станит некој на кој не му е дојдено до теорииве за оргазми)
- Да ви кажам, одамна го имам забораено то чуство ( ја глеам зачудено)
- Мачка, то не се заборават.... Едноставно.... НЕ...
- Па не ми е баш дојдено до оргазми, било со кафе, било со масажа.
- Ти, па ти... Цврцни малку од винцево, поопуштена ќе си...
- Да, имам прочитано дека... ( и сите ја опуливме *******, стварно е читана) Добро друг пат ќе ви кажам, страшни сте....
- Опуштена си сум, ама онај мојон, и не е толку опуштен. ( ха ха ха)
- Маче, како се снаоѓат во навигациско твојон?
- Не ме ј*би... Никако... Да го пуштиш со две офци нацртани, не ќе мојт да ги најт...
- Епа, објасни му, како то......ојт.... Не сум имала проблем со то....
- Амо прос е, ќе викниш малку појќе, то не дек е таму, туку не дупит федерон од креветон, тој си мислит готово... ( ха ха ха .... толку од пригушеното смеење, се слушет чекори над нас).
- Дами, ај тоа смирите страсти малку.... Еј, озбилете се, осеќам дека ќе бидиме протерани....
( вратата од собата се отвори; едногласно сите) : Добровечер тетка ****, дан сме гласни малу?
- Не, не спиев јас ( по ѓаволите, значит стварно по ѓаволите, муабетиве ни се слушнати), ама чичкови ***** спиет, на работа е сабајле па бидите малку потивки. ******** ела малку надвор...( ох, шитовини, готови сме, не дек мајка и е старномодна, ама стварно е незгодно да се опулиш во очи по онај муабет).После шуш- буш пред врата, ******** влегвит соба: - Надица, ми рече да ти кажам дек теоријата ти држела вода ( ха ха ха ха аааааааааахах), исто било како чоколадо. Значит и чоколадото е оргазам.
- Па да ти кажам, мајка ти во право е. Прво земаш една коцка и ја топиш полека, па земаш уште една, па уште една дур не го изејш цело... Па после ојш кј комшијата по нова чоколада (ха ха ах) можеше да речиш на продавница, ама ај... Чим комшијата ти е многу згоден...
- Ма, нееее.....
- А, дали знајте дека во тие две - три секунди дур траел оргазамот, не сме биле способни да размислуваме за нишо ( погодите кој ја изрецитира дефиницијава, не ви кажвам овај пат).
- Па да ти кажам мачко, тогаш и баш не ми е до мислење, тогаш збесвам....
- Добро, мачко, и викам, ти секоаш си збесната.... Ова беше вишак на информација... Туку
одврт  - заврт дојде дванаесет и кусур, ај палите патиките и да си бегаме...
- Ама, па ти... шо ќе прајш дома ти? Дан плетиш допрва?
- Не, плетењето не е оргазам ( хах) ама ќе спијам. Скапана сум денојве, и башка од дома ќе брчорет, а не сакам да се расправам.... И ак се напијам уш една ќе заспијам одма.
- Па то сакав да ви го кажам преска со виното ко ме прекинавте, ама сеа не ви го кажвам ( ова ни го напрај за да се почуствуваме криви дек не ја сослушавме, ќе не бојкотират со информации)
- Еј ај допивајте, стварно немат смисла,плус на работа сум сабајле, а мамурна не можам го работам она шо го работам.
- Мачка, стварно винцево, шо би рекла Наица ( обично ја голтет Д, не од шо не знает туку за да ме жифцирет) ти е оргазам, ама ќе бегаме сеа, ипак сме со усул ( шо си го заборајвме дома).
- Епа ај.... Глеам дека брзате,чао.... ( не изгњави сите по ред и не пушти расположени да си ојме дома)
( Кј мене пред зграда) - Епа мачки, друг пат вакви егзибиции, и бочки пробвење не.... Само во присуство на родител( ха ха ха) И пак: Не си нормална.( класика).
- Се пулиме утре. Хммм... Нормално, вие сте како невреме, не мојт чоек да ве избегнит. Ај бегам.
Конечно дома... хммм... Како би пробала една коцка чоколадо....

No comments:

Post a Comment