Saturday, November 17, 2012

Мажи 17.11.2012

Размилсувај како маж, однесувај се како дама....Пффф....од кога тоа мажите размислуваат? Можеби навистина делува феминистичко, но во повеќето случаи, искуства (како мој,така и од еден куп пријателки и другарки) не би рекла дека тие размислуваат, или можеби го прават тоа ама несвесно.Без - љутиш- еве само некои приказни дека хемисверите кај машкиот мозок ретко се употребувани ,сем кога станува збор за спорт (како спорт ќе го вклучам и кладењето - дефинитивно се натпреварувет кој појќе утакмици ќе начукат или појќе ливчиња ќе напрајт,или кој појќе пива ќе испијат), автомобили и мотори (која колкава каросерија, коњи и шо знам јас други автомобилски работи и делој - како да се сменит делот од автомобилот), трачарење ( да да, имат и статистики дека мажите повеќе сакет да си трачарет, без разлика дали темата е за некој нивни другар, некоја нивна бивша, или комшивка) и нормално ,главното..... жени (која каква била и со кого одела, овде спаѓат и комшивката и се шо би и праеле нејзе, девојката што штотоку влезе во кафаната, бившата - се расфрлет со клетви, и нормално , тешко тој со кого ојт сега; колешка од на работа или факултет, девојката на другарот)....
Па речиси исто како нас, само ние сме малку пософистицирани во однос на клетвите....кј нас немат колнење- се ојт дирекно во напад; за автомобили и мотори не станвит збор ( зборот автомобил се употребува кога : ние возиме и баш не паркиравме нај нај, ќе не згазеше некој манијак шо помина на црвено, и некоја спонзоруша шо ојт со некој шо возит некоја си позната марка на автомобили (под позната марка се подразбирет овие три: Ауди,Мерџо и БМВ - з'ш само нив ги знајме од "јаки" марки).
Точно, мажите се посилниот пол кога станува збор за мускули кои секако ги набацале со макотрпно вежбање во некоја од маалските теретани, помош за рушење на sидој, и премештај на мебел ( брат ај молимте помини дома, ми стигнаја дрвана да ми поможиш да ги наредам; дој жити се да го крениме онај шифоњетон од дневнана старана ме полуде; брат, требит да се турнит онај sидон од кујанана ќе ставаме ламинат, ама после ќе напрајме една скара),физичка пресметка -  кога требит некој да се натепат ( леле брат, држиме, ќе му ја скршам глана, излези бе надвор, брат ела со мене да не го тепам сам), имат пречки во собраќајот (секогаш се најџвит фраер да турнит од позади) и секако ја користат нивната сила за кревање на гајби во некој од локалите каде што работат.
Кога женска ќе му се доберит на некој во нејзина близина и едноставно ќе пробат да воспоставит некое си ниво на комуникација, то не значит дека: е луда по тебе, ти се пуштат или сакат да те плеснит ( секако имат и исклучоци шо е нормално), едноставно си и симпатичен и сакат да те запознајт, или и е досадно па ти си и во близина и за да не гувејт ко млада невеста решила да си попрајт муабет. Од машка страна ова значит, леле ова е запалена по мене, и нормлано заебанции од типот јас сум фаца и не те познавам, па немат потреба да ти прам муабет.
- Келнер, ела ела малку....ОооОО келнер, абе брат овај глув дан  е .... Е...она женскана онде шо е застаната со уште две,она во розево ја глеаш...е та....оди прашај ја шо ќе пијат од мене...И нормално идат келнер и ти викат: дечконо онде со сивана кошула прашвит шо ќе пијате од него? И тука имат разменување на погледи, ако те бендисат ќе ја прифатит пијачката и ќе дојт да се запознајте, ја одбиват пијачката - не си и интересен-, или во твој најлош случај - ја прифаќат пијачката и не те опулвит појќе. Мажи како мажи, си мислет ај, ќе и пуштам пијачка и одам со неа....хммм.....можда не појќето ама....си мислите ај сеа признајте.......
Женска не праќат пијачка , како шо кажав претходно, ако си и симпатичен ќе дојт и ќе се запознајт со тебе, или ќе напрајт исцрпувачки разузнавачки анализи па утре ќе видиш френдриквест на фб.
Да го користет малку појќе мозокон ќе соберет храброст и ќе ти пријдет. Шо викат една другарка: Маче, чера онај простион абе не знам.... праќат пијачки, јас му викам ела застани овде...тој ко ут....ништо ич... Или...хммм.... Му се јавив и му кажав дека ми се свиѓат,а осеќам дека и од негова страна имат симпатии, молимте кажи ми шо да напрам да му дам до знаење дека сакам да пробам со него нешо....Толку е ќор...
Мажите кога се во друштво се навистина како камелеон...
З'ш морат да се фраерчите и да да глумите лудило кога сте со другари.Кога се сами се бајчиња... Шо викат една пријателка : Се гледам со еден ,ко ќе сме сами не знам...по телефон нон - стоп муабети со саати, обрнуват внимание...а ,а го видам со друштво ко да не е тој ; замисли идат и ми викат: Кј си ма ******* се немаш јавено.... И се понашат ко да мојт сите да ги имат....
Кога веќе си некој, биди тој некој и во друштвото. То здраво шо ќе го напрајте не е нишо големо, само одраз на вашата култура. Морам да признаам дека имат и еден дел кој не се толку зависни од то каков статус ќе имет во глутницата, па едноставно си терет како шо им е ќејф.
Кога станвит збор за некоја од образовно - културно - уметничките активности и дешавки, мажи немат... Или креативноста им е сведена на минимум.
Како главен адут дека мажите стварно не го користет мозокон, ам е де..... мојте да видите дека главната политика на земјите како шо се Грција, Шпанија, Италија,САД па и Македонија....ак не и цел свет.... Првите три пропаѓет ко титаник, четвртана никако да излезит во војна, а нашава....сами ја знајте состојбава на земјава кј шо си живејте.... Па да беа жени на чело на државиве сигурно немаше да е ваква денешницава.... Ух, само кога малку би го користеле тој умот....

No comments:

Post a Comment