Thursday, November 15, 2012

"Невидливата" рака - Како да не ! 15.11.2012

Адам Смит убо си кажал на времето: Стварно имат "невидлива " рака....Кј нас на сценава ги имат четири (фала му на Бога) кој се мафтет постојано на телевизија гестикулирајќи некакви невербални знаци кој само тие может да си ги разберет. А, како економски поим ,википедијашки ја пастирам "невидливава" Смитовска рака :

Секој настојува да го употреби својот капитал во поддршка на внатрешната политика, како би овозможил на таа стопанска гранка да произведува со најголема вредност; секој работи на начин на кој годишниот приход на општеството би бил што поголем. Така, општо земено, тој нити намерава да го крепи јавниот интерес, нити знае колку всушност го крепи. Претпочитајќи да го поддржи домашниот наместо странскиот интерес, тој се грижи само за својата благосостојба; и упатувајќи го стопанството на начин на кој производството би било од најголема вредност, тој мисли само на сопствената добивка, и во ова, како и во многу други случаи, тој е воден од невидлива рака за да ја поддржува целта за која тој не се ни интересирал. А ова пак не е ни лошо за општеството. Најстојувајќи на својот интерес тој често го крепи интересот на општеството поефективно отколку кога навистина сака да го поткрепи.“ (Книга 4, Глава 2)

Така....А на македонски то би звучело вака некако : Да, целосно се согласувам со првата реченица,секој настојува да го употреби својот капитал за подршка на внатрешната политика (внатрепартиските односи,регрутација на нови кадри),како таа стопанска гранка (ам ај де СДСМ или ВМРО или некој од нивните коалициски партнери) да произведуваат исперени мозоци во што поголем број, и нормално секој работи на начин на кој годишниот приход на општеството би бил поголем - нормално з'то се сега избориве за да се докажет кој појќе се грижит за општествените потреби. Така, општо земено, тој нити намерава да го крепи јавниот интерес ( е овде би ги вброила сите оние предизборни,доизборни и послеизборни ветувања,како од едните така и од другите и третите ,кои реално не се исплатливи за исполнување, за нив како партија и за Македонија како држава, ама звучет доста примамливо,ко некој бесплатно да ти ветил патување на Хаваите, па си викаш : Ајде,мојт овај пат ќе одам јас, ќе ме извлечет, ќе се исполнит желбава....Стап со буфка - ќе се исполнет.) И ниту знае колку всушност крепи; па стварно да не се предизборниве кампањи никој од главниве политички фаци немат да се експонирет толку,кој во мал фудбал давал голој.кој одел по гости кај граѓаните и разговарал за нивните потреби.....Шо имат да се разговарат? - Исто како и нив, луѓево
без разлика на кој шпил карти припаѓет, и дали имат џокери или не, имет иста потреба: да преживеет ! То нормално мојт да се исполнит ако работиш,тогаш редовно си ги подмирвиш обврски кон ЕБН, Прониклива, Доградба - Наградба и Нискоградба, Водовот и Кефализација,Радио-Трофазна Такса и секако ова не се заборават - рата - за некој од наменските кредити кои со огромен ќејф ги добиваш од банкиве, дур не закасниш со некоја од ративе,па ти се јавувет по мобилни ти идет дома и такви ми ти работи. Е,а ако испуштиш некоја од  горенаведениве обврски тек тогаш почвиш да преживуваш.... Стварно, требит да се викнит онај фраерон од ултимејт срвајвл да преживејт кј нас.
Секако требит да му станит јасно еднаш засекогаш на граѓаниве на државава наша ,дека тие се грижат само за нивната благосостојба, си лобирет во странство (кај некојси од ЕУ или некоја друга организација,унија или друг собир на народи кој ќе му ја дајт целосно неговата подршка), тие мислат само на својата добивка - тоа е победа на избори - и во секој случај тие се водени од некоја си невидлива рака (е за ова баш не можам да се согласам,р'цете баш им се глеет и на едните и на другите особено ко ќе сечет ленти на улици,болници,некој општо корисни објекти,училишта;ко ќе мафтет од говорницана од парламентон,или ко ќе држет пресконференција; сем ко ќе е зима па ги пикет в џеб з'ш им студит). И ова пак не е лошо за општеството. Нормално - прост народ - силна држава.... И нормлано по некоја грешка на математикиве народот е тој шо добиват на крај, а шо добиват само ние си знајме - Шамар од "невидливата" рака...





No comments:

Post a Comment