Thursday, November 22, 2012

Па што ако имам некој килограм повеќе? 22.11.2012

- Стварно како может да се толку слаби? - Уххх, ак ти речам дек појма неам ќе те измамам, ама да знаев ќе бев како нив.( муабетов го прајме по чаршија, инспириран од неколку згодни девојки шо ќе поминет покрај нас).
- Ам, ќе ти кажам како может: не јадет ко невидени, или јадет ама таков им е метаболизмов. Плус ти види се,полојна си од мене, пак се жалиш. Да ти кажам скрваено ми е од то, диети, ова колку ослабела она колку ослабела,она се попрајла....Страшна работа. Шо е толку тешко да се сакаш онаков каков шо си? Мене шо ми фалит? Да ти кажам секое кило си го носам как шо требит, секое мефце шо ми се тресит ко ќе трчам, секое целулитче си го сакам. А и во сексот не ми сметат ( ха ха ха ). И нормално добив констатација дек не сум нормална. Преценето е она шо го глеаш на телевизија; она викторија сикрет, или глумицине. Ак разгледаш низ историјана, немат кралица шо е слаба, немат акт кој е нацртан на некоја коскелава женска, а тука ти е и Адел ,се е наметнато и извештачено.
- Абе, знам дека е така ама.... Ама шо? Тој шо те сакат ќе те сакат таква каква шо си. Со клемпави уши, шилест нос, мали гради, ретка коса, ниска, висока, слаба, дебела, говорна мана.....Онаква каква шо те дал господ. Башка денес, во современово опшество.... Шо само си набиваш комплекси....
- Сакам да си ги оперирам ушиве... Ми штрчит едново....
- Амор, ти слушаше шо зборвев....ти тушит умот така? Прво не ти се познават, косата ти е долга; второ и да ти се познавет то е последното нешо шо го приметвит чоек кј тебе.... Тебе ак ти беа клемпави  Бучко шо да речит... Ќе летнит уш малку....( бар се насмеа, осеќав дек паѓат во та нејзина глупава депресија за клемпавото уше, и како то никој не ја сакат з'ш и било такво). Тук побрзај, требит да се најме со  ******* и ***** на плоштад... Нормално, се најџвиме со нив, седвиме на кафе и тема, ни пет ни шес: Диетана од Жан Митрев.
- Амор невесто, кажи сеа тебе шо ти фалит?
- Амо, попраена сум две кила.
- Ам оди истрчај до прва, оди какај и ето... Ќе ги скиниш... (ха ха ха)
-Мене да ти кажам, не ми требит диета ( викат *******) сакам да ја оперирам лузнава на коленово.
- Абе, денес денов то... Немат нешо паметно да се кажит а? Која шо сакат да оперират? Ох боже...
- Ти теквит ко бев мала ко паднав од ролерине ( е ми теквит) имам една голема лузна на коленово ме нервират се познават....
- Ама стварно ти забегвиш.... Еф земи ја **** за рака и ојте некаде оперирајте се... Јас стварно не знам, вие ак не се сакате такви какви шо сте, как очеквите некој да ве сакат вас? Едноставни едни... И после, сама сум, не ми се излегвит, досадно ми е, најми дечко.... И како прво сите убо шо изгледет не се паметни ко вас. Некоја од оние џигрицине шо изгледет како да се излезени до некој порнич незнајт една проширена реченица да составет, немет некоја општа култура ниту пак некое интелектуално ниво, и како ќе привлечет внимание, нормално со цицки.... Ви викам убај си сте... Ак сакаш да смениш нешто напрај го то за тебе. Оди ишишај се на пример, (ама ******* шишки не се важет) , ој шо знам јас, на масажа, посвети си внимание за тебе да ти е поубо; а ак мислиш дека не те сакет заради лузната, или клемпавото уше ој оперирај го.... Макар мислам дека то е глупава работа... Тие пари мене мојш да ми ги дајш.... ( конечно гласна смеа) И престаните да се жалите, з'ш оние тројцана од преска ни ги слушет муабетиве, ќе си помислет дека немате ич самодоверба ( немат да згрешет) и ќе се смеет на глупостиве шо ги кажавте. Инаку диетана од Жан Митрев е ок. Ак сакаш да ја пробаш ,пробај ја. Мада мислам дек и првоно решение ќе ти успејт за тие две кила. И, да вечер ќе се ојт некаде ?
Мојме да скокниме до пабон.
( Вечерта во пабон кј Балабанофци)
- Невевче, онај на шанкон само шо не те силова со опулон,ој види шо сакат.
- Викаш да одам? Ам ај не, почекај пуфки да ти донесит.... Оди мори, запознај се....(по долгото убедвење дека косата и е наместо, и дека немат ништо  на забине ******* тргна во офанзива; се враќат после пола сат) : Сум имала многу убај нозе.... (ние се смејме) - Шо зборвиш, не ти ја виде лузната на коленото шо сакаше да ја оперираш? ( се замисли малку, па рече) : Ко ќе размислам не се познават толку ... а ние додадовме - В кревет уште толку не се познават... - Му  дадов број утре ќе се видиме.... Ете...Сеа викни ја келнеркана да и платиме...

No comments:

Post a Comment