Monday, November 12, 2012

Другари партизани... 10.11.2012

Оваа колумна сакам да ја посветам на симпатијата од една моја другарка.
Не дека е многу голем фраер во градов, ама з'ш та ме замоли, морам да му објаснам дека е фраер - со мало Ф.

ДЕН 1: Се запознавет преку колешка од на работа,или заедничка другарка.Се појавуват симпатија од двете страни.Нормално, море во кој век сте - пак морало машкото да се јавит, к'ак да не. Ајде викам ќе ти најдам број....Само не мој да трескаш од земја многу. Како да ти кажам,фино дете е, ок е....шо знам....Го познавам само од на работа, спрема мене е екстра, не е кренат, знајт да прајт муабет само се страмит по малку.... Пробај.

ДЕН 2: Да ти кажам се измував со ****...Шо зборвиш мор? Кога стигна? Чера не ти дадов број? Ам  се јавив и ме викна да глеаме филм.И ти, со двочекор одма....Дан се забајш некој ден...И му даде? Не мор,не биди будала.... Не ми се бендисвит до толку....и да ти кажам и не е толку страмежлив.... Мажи

ДЕН 3: Да му се јавам пак? Ај, сеа не претерви многу, да му се јавела...Чекај нека поминит некој ден...Ама шо да прам....Ми се бендисвит...Е стварно си многу едноставна....Стрписе малку...

ДЕН ух....појма неам кој...стварно поминаа многу деној, ух сигурно и неколку месеци,море година се напрај....И шо прајш? Уште се гледаш со онај простион? Амо,и ти...Ми се бендисвит...Ама стварно е прос...З'ш морат да ми се бендисвит? А да ти кажам тој е се јас шо не сакам. Значит, бев викендов излезена со друштво и го глеам него...Застанати во круг цел партизански одред а тој со мобилниот и на фб....абе си викам како мојт онај да ми се бендисвит...Абе ми идат да се убијам...Немој и викам,не вредит...Стварно како мојт да ти се бендисвит...И? И шо? Поминав се поздравив и си заминав. Пак ми пиша порака многу брза сум била...Да би го отепало нешто....Амор доста го колниш и ти...Стварно ај молимте објасними з'ш ти се бендисвит? Ам шо знам јас....мојт не ми се свиѓат толку колку шо мислам. Денојве сум некако осамена....Зато можда...Амо ајде, и викам, на зима каква сакаш да си....ти требит некој да те топлит, не морат да е тој. Се смејт...Стварно да ти кажам, мислев дека имам многу заеднички теми за разговор со него - излезе дека немам ниту една; физички не ме привлеквит прос е ко сајла, а за врска не станвит збор... Епа....З'ш уште го бараш? Можда з'ш тој е последниот кој ми посветил некакво внимание, последниот шо ме гушнал....Амо ајде, ќе ме расплачиш....Ќе си најш некој шо ќе те сакат.

ДЕНЕС : Си фатив дечко. Аман мор...Кој? ****** Шуќур,го мафна онај простион...Е...Шо време изгуби со него, ти реков јас ќе си најш некој...Да, aма шо време помина. Е де....Кој чекал дочекал....Туку кажи на кј го најде?

No comments:

Post a Comment