Monday, November 12, 2012

Џезирајте се ! 12.11.2012

Сабота навечер.Се спремаш за да излезиш...не з'ш е сабота туку з'ш ти требит малку да се социјализираш и за викенди.Следно шо требит да се напрајт е да се видит кј да се ојт. И без то немаш некој си преголем избор на кафичи во градов ( не дека не одам во истиве шо ќе ги  коментирам,ама шо е претерано - претерано е ).
Нормално,сите " кафичи " се стационирани во старион дел од градон (абе дур да стигниш до таму,имат сигурно едно пет - шес пати да ја свиткаш ногата мислам ,ак си носиш штиклина од 15 сантими, а  ако не падниш те чувал Господ).
И почвиш :
Кадмо (таму не се ојт,како шо викат една другарка за таму требит да имаш 16 години за да  влезиш,прво ќе те пречекат на врата едно бате,секако набилдано со кежуал јакна Обезбедување,морат по некој си непишан кодекс да носиш штиклина  и фасада од оние шо ги прајт Ремис бело со нијансирано розе на усните и дречаво беж на очите и фризура како тетка за на свадба...ние шо имаме над 22 веќе сме фосили и не ни е интересно да глеаме тинејџери како пијано се држет за стубојне...не дека то ни сметат и ние то го праевме....ама денешниве претервет)....

Ликвид...(ако не те запалет со цигаре или потурет со пијачка шо сигурно немат та флека ни со вениш да излезит си имал навистина уба вечер. Бонус е ако ја видиш Хелена Роза како ти мрдат со газинана, и распален дечко шо дуват салфети ,за да му е поинтересно)...Џез...(си ојш на местенце кј шо си мојш ем да си искулираш раат,ем тој со кого ќе прајш муабет ќе те слушат и шо е најубо не морат да се дотервиш ко за на свадба. Нормално,бонусите како Хелена Роза и нејзиното г'зе, фасадирани девојки и дечина немат).Ништо ич,помина еден сатот...Кафичиве морат да затворет...Кј да се ојт? Имаш два избори : Хавана  или кј Паткана...
Да се туткаш или не ?

Хавана...( Те пречеквет ко кралицана од Монако со црвен тепих и се то,со лента шо не требит да ја сечиш-тие ти ја отварет и лентата и вратата ; се качвиш ко до прв спрат и шо глеаш....Ништо...Г'з преку гла...Само шо влегвиш почвиш да плачиш...не дек немат место и не мојш да поминиш,туку з'ш овај законов за пушење не функционират овде.Некако се протвиш низ испотени мишки ,залепени кошули....ќе те изгазет неколку пати и то баш на истата нога и стигвиш во едно чоше....тамо не дек немат гужва ама бар не си на сред пат.Се вртиш лево и кого гледаш...Лице од владана т.е. поточно пратеник од Охрид... Си викаш ето - чоек од народот....Го вадит телефонот и пишит пораки...Си прајш муабет со другаркиве : Сигурно му пишит порака на Груевски : Шефе, законов за пушење нешо не функционират во појќево кафичи во Охрид,сигурно за то е крив Ацо...Абе сто посто сум сигурна дека то му пиша...Ха ха ха....Замисли,-викат другаркава-тие двајца седнале на сепаре за дваесет,а ние четири гувејме до нив...Абе шо ги е*** ќе си седнам....И стварно си седна и му сврте грб...Не ги изтркала ич...

Дојде два и пол...Коментираш : Дај да те качам ушка и да излезиме....И нормално,ти требит пола сат дур да излезиш....Долу пред Хавана се наметвиш и си тргвиш за дома,ко ќе ти речит една другарка : Ај,бе...рано е...ај да ојме до кј Паткана да видиме шо имат.....Таму се знајт....Немат - закон си е закон...Петок - Жармена, C'бота - Камелеон...и то абе плукнат ист репертоар....ако нек се угоде....морат истите песни иначе ќе се десит апокалипса ак не ојт нешо по претходно утврдениот терк... Влегвиш - се идентификуваш себеси - се туркаш по скалине за да влезиш (се сопинаш на тепихон еднаш до два пати) пред влезот горе те пречеквит стадо од пушачи (нормално истите се поставени и на скалите како жардињери) - внатре си ( немат место) - се вртиш и си заминвиш.
За цениве да не прајме муабет...Абе со сто посто заработка се ојт...Да не мојш чоечки едно пиво да се напиеш...за жестоко - не станвит муабет. И пак, ко ке сретниш некој и ко ќе го прашаш како си поминал викендов ќе ти речит : Да ти кажам право многу убо беше.Вие з'ш не дојдовте...Жармена беше,ептен се изнаскокавме...Ѓоко пееше и после то ојдовме во Хавана,а таму да ти кажам една гужва, ама таму беше знајш кој и зато останавме. А да ги видиш во кафичов абе со гла не мрдет ,само гувеет како мисирки, а за скокање - е братче ти да скокаш на онолкај штикли...
Важно видени се во некој од кичерајскиве кафичи... Пак ќе кажам....Залутвам и јас во некој од овие,а некој од друштвото и редовно се таму...
Ова се само очигледни работи кои ако се потрудите ќе ги видите....

1 comment:


  1. Заемот нуди 2% камата

    Ако ви треба финансиска помош, не двоумете се да не контактирате. Можете да добиете заем во опсег од 2.000 € до 1.000.000 € на многу поволни услови во целокупната законитост и сигурност. За да дознаете повеќе за финансиските аранжмани, ве молиме контактирајте не преку е-пошта. E-mail: marcuford@gmail.com

    ReplyDelete