Friday, November 23, 2012

Грацка гејша.... 23.11.2012

- Амор, мачка жити се кј ја имаш најдено она пријателкана?
- Абе, ја знам работеше кј мене во близина и од таму. И почнавме да излегвиме и така. З'ш?
- Како да ти кажам... Имам слушнато муабети за неа дека била по спортот, ама и го наплаќала. Значит, не знам. Јас имам слушано од други, лично не ја знам... плус луѓево можит и од љубомора да зборвет а да немат врска...Ама провери ти пак.... З'ш она с'ким си такав си, а шо да зборвет за тебе покрај неа.
- Да ти кажам запрепастена сум од такви. Порано бар се знаеја таквите, или на бандера некаде ќе висеа, или фино културно ќе си порачаш ескорд служба да ти донесет. Денес, испаѓат секоја втора да се репат за пари...
- Хах, ам то е, сиромаштија.
- Бев излезена со пријателки, и дојде пријателка на пријателкава шо ми кажвиш. Та отворено си кажа. Имат најдено еден шеесет и кусур годишен (кој знајт дали му станвит) некаде од Германија е дојден, ама бар си кажа. Цел спрат и го средил, со килими, ламинати, и ја регистрирал колата... Се комплет.... А за возврат....
- Добро, та имат родители. Тук шо ак имат... Не им е гајле.... Абе си терет ќејфот. Да знајш на крај таквите најубо си поминвет. Ќе најдет некое муле шо не е од овде и шо не знајт шо сорта е и ќе си го наредит.
- И то шо викаш. Да ти кажам ми кажвет за некој момичина, да ги видиш ќе си речиш онаја не знајт носон да го издуват, немат шанси. Ама после ко ќе ја видиш со еден со друг со трет.... Комшивкана ми кажвеше, некоја им се пикнала во бракот и ево сеа се разведвет. Тој, нејзиниот кредит зел за накити и парфеми да и купвит. Абе и маживе не се то шо беа. Ќе ги измафтет, ќе му ги земет парите и џаде. После на друг кол.
Денес така функционират општествово. Оние кј МРТ бар си знајш. Можда ќе закачиш некоја болест (мада ги вакцинираја последно) ама немат мешање и дополнително исплаќање на приходи. Една вечер, фино културно и плаќаш петстотче (за се комплет) и си бегаш дома. То ти се проститутки. И си кажвет јас сум ороспија. То нејзе и е работа, имат цел да задоволит некој, ради пари.
А сеа, помодерно е спонзоруша, ак им речиш ороспија се љутит. (ха ха ха) Да ти кажам таквите се и поскапи. За нормални приходи, абе имат за една вечер да го одерет да не знајт кј терат после. Мојш да ги познајш од далеку. Знајш дек сољ немат во очине, а ти продават пуфки од стилот која сум јас. Нејзинине заборчени до гуша, татко и пребеган по западон з'ш на пола Охрид му борџит, испродаено се, ама важно - Имаме дама која носи квалитетни парчина облека, е целосно негована и одржана и скокат од џип на џип....( ова да го прочитате со тон на мудрец, звучит поинтересно). За таквите не вредит да се прајт муабет.
(после некој ден )
- Мачка, ај помини на работа да ти кажам нешто. Имаше право...( уффф шо имам сеа кажано пак имам право, навистина ретка ситуација, ама во последно ми тргна со погодвење) Ставам кафе да знајш.(кј неа на работа)
- Мачка, само шо се испилив (веќе е 12 сатот а јас само шо ги отворив очиве), дај кафето и кажви.
- Во право беше за она плавана.... Таква ти била... И кејфот најмногу си го праела со женати.
- Не да ти речам ама.... Ти реков.... А кој ти кажа?
- Една брачеда ја провали, каква била и шо била....ц ц ц ..... морат да се тргнам од неа.... со мојов образ си го белит нејзинион, а мојов го црнит... Ќе ја откачам на фино културен начин. Дерман да се немало од таквите. То цел бизнис е напраено....
- Да ти кажам, бар со време ќе се тргниш од неа. Пубо око да ти истает, него име. Само вервам дек и нив не им е лесно. То треба да се одржава. Постојано да си насмеана а да ти се плачит, да се будиш до некој барџо шо татко мојт да и е, сите во градов да знает убо која си и шо си, ама ти ко ќе влезиш некаде то да го напрајш со крената гла и гради. Тешко им е. Да ти кажам за жалење се.
- Еее....така маче.... Зато пубо ќе излезам сама, ќе се напијам една пијачка раат, и ќе си бегам, него со некоја од та категорија.

No comments:

Post a Comment