Wednesday, October 31, 2012

Прстен 31.10.2012


Тој : Како мислиш без обврска-врска?
Таа : Не сакам врска,сакам онака само...без обврски...Знаеш,се јавуваш на телефон кога сакаш да потрошиш некоја енергија и тоа е тоа.Без долги разговори на телефон,без валентин мечиња и срцепарателни пораки и без она Те Сакам...
Тој : Добро...Кога сакаш да се видиме?
Таа : Па,ќе ти се јавам.
Разговорот се водеше ноншалантно,без треперење на ниеден од гласовите.
Таа : Кога последно бевме заедно?
Тој : Па,пред еден месец...Тоа беше нашиот трет пат...
Таа :Хммм...(значи 4 месеци без обврска)...Интересно...Летово навистина немавме време да се видиме....А разбрав и дека имаш девојка...
Тој : Не е ништо сериозно,онака,ме знаеш...не сум за врски...Или како што викаш ти....без обврски...И онака таа не е од овде...
Таа : Навистина? Од каде е ?
Тој : Од Австралија...
Таа : Ах,тоа е онаа девојка што ја запознав кога се сретнавме? Добар избор.Знам дека ќе завршиш со неа...Конечно ќе можеш да побегнеш од Македонија;а не е некако постара од тебе?
Тој : Да...да ти кажам порано ми беше смешно и прилично зборував дека никогаш нема да можам да се замислам со некоја постара од мене...ама ете...

Пред некоја ноќ...Додека воздишките гаснеа на нејзините усни : Што правеше денес?
Тој : Бев до златара.Барав прстен.Ќе имаме гости од Австралија.(блага насмевка на неговото лице)
Таа : Зарем не ти реков дека ќе завршиш со неа. Предчуствував.Знаеш женска интуиција.(нежно го потчукна по рамото; нивните тела сеуште гореа од водењето на љубов)...Знаеш,не се плеткам со женати мажи...
Тој : (само ја погледна и ја погали по косата) Тоа нема да биде уште некои 6-7 месеци.
Таа : Ја сакаш?
Тој : (ја заврте главата и стана да се облекува) Мислам дека треба да си одиме...Утре сум прва смена на работа.Навистина нема да можиме да се гледаме додека е таа тука.
Таа : Па се надевам ќе ме поканиш на свадбата.
Тој : Секако...( и обајцата знаеа дека тоа нема да се случи,дека оваа ноќ беше последна која ја поминаа заедно)
Таа : (стана и го намести креветот кој беше уште топол и кој мирисаше на нивните тела...Гасејки ја ламбата ја затвори врата од нивната не-врска)

No comments:

Post a Comment