Wednesday, January 9, 2013

(НЕ)верен маж 09.01.2013

Кога ќе си замислам колку брзо поминуваат годините.... Уххх не дека сум престара ама времето летат.... Ова ми е прва колумна за оваа година и морам да кажам дека е инспирирана од целосно вистински настани, кои се многу малку улепшани со цел да се поинтересни.

Речиси на сите веб портали, без разлика дали станвит збор за портал кој  наменет за мажи и жени (точно да, во стилот на notformen, femina, just man) каде и  едните  и другите често прелистуваат со цел да добијат некоја релевантна информација за спротивниот пол,можете да најдете милиони совети за убавина, здравје, и нормално љубов и секс.
Последно што ми падна во очи беше она - Како да откриете дека вашиот партнер ве изневерува?
И секако имавте наведени еден куп оперативно- тактички мерки од типот на следење, проверување на маил и телефони, како и ангажирање на соработник ( другарка, колешка или познаничка која има доста врски па може да ви дава информации за моменталната состојба на вашиот партнер), и секако од партнер вие се претворате во Поаро, кој по секако ја губи (и да ве изневерувал  да не ве изневерувал ќе ве остави, особено моментот кога ќе дознае за вашите мали игри на детектив), па да заклучиме, едноставно прашајте го дали ви е верен и ќе си ги скратите маките.

Како најчесто оправдување ( зарем не можите да смислите некое поиновативно) : Бев пијан, та ми се пушташе, мислев дека имаме раскинато - а вие само имавте мала кавга по телефон и мојата омилена - па ми недостигаше, врска на далечина...
- Зошто мажите едноставно не можат да го чуваат својот патент закопчан?

Како Адам на Ева - немој да го јадеш јаболкото отровно е, така жените на мажите- немој да си ме изневерил - отровна сум! Пусти мажи, навистина ми се интересни, особено моментот кога го гледаш "среќен" со својата девојка во локалната кафитерија, а утрото само што си го испратила од твојот кревет. Навистина, гледаат во очи и лажат. -Те сакам, а ти намигнува тебе....и ти си го ставаш прстот на глава и си викаш: значит навистина, лицемерие на нивоу, викет : Ако жена мојт да одглумит оргазам, мажот мојт да одглумит цела врска. , шо со право и го рекле.
Имам неколку пријателки кои го искусиле овојт тип на мажи, како и изговорот -Ми недостигаше, па затоа морав да плеснам некоја твоја другарка, комшивка, колешка....
Имате врска од некои добри 3 - 4 години, планирате каде за летување, купувате спални или ја уредувате неговата  ( која треба да стане ваша), и наеднаш се случува нешто за кое мислевте дека никогаш нема да ви се десит вас.
Прекрасниот партнер го немат да се јавит некое време, па вие се сомневате, и наеднаш ви раскинува - по телефон- ( најчести раскинување се преку телефон, едноставно немаат доволно мадина да дојдет и да ви кажет во лице : Не те сакам, имам друга итн итн..) и си викате : (цитирам) : Копиле смрдено, како не му е страм 3-4 години одевме, не заслужвам да дојт и да ми раскинит лично; или : Маче, душава ми го колнеше, гнаса...овде јас го чекам, а тој таму со друга.... а јас ја сакам оваа: Да дајт господ секогаш со неа ко ќе е мене да ме спомвит....
То е не дека навистина ќе фатит некоја од клетвиве,ама доволно се повредени, па самото му идат.

Браво за оние кои успешно водет двоен живот, кои се до доцна на работа, или излегуваат да гледет или игрет фудбал со некој другар, одет на кафе со истиот другар.... А кога си идет дома се преуморни од "фудбалот" кој го играле.

Дами мои, вервите во секој случај е крив вашиот партнер, а не кучката, ороспијата или идиотката шо му се пуштала, з'ш никој на сила не можит да го направит тоа што мажите го прават со задоволство.


No comments:

Post a Comment