Tuesday, January 15, 2013

Онака "пријателски"... 15.01.2013

Добро е што секогаш можеш да се потприш на својот најдобар пријател.... особено во оние осамени ноќи..... хммм...ноќи во кои добиваш се, сем пријателство..... мислам дека разбирате за кои ноќи ви зборувам... И утрото ништо не е исто како порано....

Добро позната тема..... мислам дека е докажано дека пријателство не постои помеѓу машко и женско, од принцип што природата го диктира, од начин на различно функцонирање, и од метод на реципроцитет....
Знам, сигурно некој од вас ќе си помислит : Немат врска ова шо го зборвит, јас имам најдобар другар/другарка, со него споделувам се, тој ми е како брат/сестра и останатите бла бла блаааа ствари....па да размислиме....добро ајде, вие имате дечко, а од каде сте толку сигурни дека вашиот најдобар пријател  немат некои скриени чуства за вас? Или, кога би биле сами во некоја ситуација која е створена за бакнеж малку повеќе пријателски дали би го бакнале? хмм.....ајде признајте, колку пати имате сонувано за тоа како хммм па добро имате секс со вашата најдобра пријателка / пријател?
Тој шо се измами себе си (срам да ти е, возрасен/возрасна си за тие работи, признај дек осеќаш нешто), а тој шо призна ( убо за тебе) - и во двата случаи морат да и кажите на вашата/вашиот пријателка / пријател , па добро како се чуствувате....

Секако, или ќе добиете или ќе изгубите...

Ух, да ти кажам како би го...... ама не знам бе, заедно ни е многу убо, со него сум јас....не можам да повервам за некој работи шо ги зборвам.... едноставно не можам да ја тргнам насмевката од моето лице..... а и начинот на кој ме гледат...ухх....сигурно сексот би бил..... ама не знам дали вредит да го уништам нашето пријателство.... ( ако мислите дека ние од страна не приметуваме како двајца се гледаат т.е. како водат љубов со погледи, се лажите....на километар се чуствуват дека имат нешто повеќе, сем пријателство)...
Не можам да престанам да мислам на неа.... таа му е бивша на еден мој пријател... не ми се вервит дека тој ја изневери... како да ти објаснам...го сакам нејзиниот мирис на печени колачина, повикот кога ме прашвит дали сум оздравел, насмевката која ми ја праќат кога и да се видиме.... Уххх, брат....ти си се заљубил.......ама не смеам....таа ми е најдобра пријателка.....и згора на се бивша на мој пријател......

Навистина сметам дека не постои такво пријателство, тргнувајки од тоа дека за да започниш со некој пријателство било дали станвит збор за другарка или другар, таа личност треба да ти се допаѓа....да уживаш во времето поминато со неа, да те засмејува и работи кои сами по себе ја создаваат онаа "пријателска" хемија....
Преминуваме на фаза 2....
Мислам дека е најтешка фаза во било кое пријателство, особено во ова кое вечерва го дискутирам. Тоа е онаа фаза во која сем мисли разменувате и нешто друго.....

Наредното утро...уххх....тешко дека ќе го погледнете во очи.....се навикнувате.... ви станува интересно затоа што ништо не се сменило во неговиот однос спрема вас, само што сега знаете како изгледа кога доживува......
Како што поминува времето, вашите по"пријателски" средби се зачестени, разговорите нормални, но нешто во вас почнува да се менува.
Знаете дека иако не сте кажале на никој сите тоа го гледаат.... начинот на кој ве допира ( ако порано бил погруб, тоа се сменало....секој негов допир во вас буди нешто од претходната ноќ:; понекогаш признава дека сте во право, иако порано не се откажуваше се додека не ве убедеше во спротивното)...

Се менуваат еден куп работи.... не сте повеќе пријатели...го м'рзам онај термин - пријатели со бенефиции.... како да не...не сте ништо..... се додека не признајте ако некое ново чуство се родило во вас...... можите да сте пар, а можите да продолжите да бидите ништо....
Имат случаи во кои сте се оградиле емоционално, па поминува онака, ги ставате работите во заборав, продолжувате секој по својот пат... па и кога ќе се сретнете ништо не е исто како порано, ги немат оние заебанции, потчукнувања и подбуцнувања.... се е сведено на едно Здраво (како си и шо имат ново) кажано колку да не се напрајте на три и пол и да го одмините....
А понекогаш..... само посакувате да сте заедно.... ама си помислувате :
Добро ни е и вака.... ( само не знам до кога)...

Дали мислите дека постојаните повици на телефон се само она "колку да те слушнам", се грижам за тебе; дека пијањето кафе кога сте сами не е состанок, дека ноќите поминати заедно се само секс, дека не сте љубоморни кога ќе ви каже дека е на кафе со другарка, дека ви поминува на работа само затоа што бил во близина, дека вашата моментална симпатија е кретен и не ве заслужува....
Размислите....понекогаш е добро да расчистите.... Зошто да си го трошите времето со некој со кого немате блиска иднина, па макар и тој некој да е  вашиот најдобар пријател?


No comments:

Post a Comment