Sunday, January 27, 2013

Без наслов 27.01.2013

И некој за ова ќе си речит : ето ич не е креативна, не мојт еден наслов да напишит.... Ам да ти кажам, не сакав многу да го оптеретам мозокот, си викам, ај нек се терат вака.... Без Наслов...
И стартно : Шо е постаро, кокошката или споменикон од Ацо во Скопје?

Денес имаше неколку ударни вести ( меѓу другото во Гевгелија страшно дуват), Шпанија стана пехароносач на нивоу света, а политички се по старо, уствари кокошката е постара од споменикон од Ацо.Ето то го решивме.

За првово не морат да ви кажвам многу, стварно дуват, исто ко во Охрид.... или малку посилно?! Ќе ми требит баја време да се позанимавам со ова.
Шпанија ко Шпанија.... Си можеше - си победи... Не знам шо се деси со Данска.... Ко Македонија да играше.... а мојт и ќе победевме.... Сто посто Кире само ќе имаше даено 9 гола во второ полувреме, а Номче еден.... Ама добро, доста за сегашноста, се селиме малку во политиката денес...
Бранко ко Бранко... Напрај три салта.... и то сите назачки... Си мојт чоекот си прајт.... Не му се ојт напред, досадно му е ...вака назад...ехееее... ќе се вратит во времето ко беше тој премиер, шо би се рекло пред Христа неколку години... Од дамна е то бидено, дури и не се сеќавам...
Груевски ко Никола.... Му викат на Бранко : Дај бе Бади ко луѓе да си напрајме муабет, а тој ко животно нејкит... Чунки Никола не разбирал на дабарски, а не знајт дек Никола имат преведувачи шо работет и во зоолошка, па ќе се преговарат...
Едноставно како не разбират Бади дек се работит за "иднината на нивниот народ"... Охооохо.... Нивен...Види море љубов - се борет за нас, ко санкир ние златна рипка сме па кој ќе ја фатит да му исполнит 3 гласачки ливчина...

То е се народе... бар за дене... За вас од Гевгелија Милка Чоколадната : )

No comments:

Post a Comment