Tuesday, January 22, 2013

Изговори 23.01.2013

Требаше порано да го напишам ова, да ги критикувам добро останатите, а и себе си, па можеби кога ќе го препрочитам истово, ќе престанам со (не)убедувањето дека нешто можам или не можам да го направам.

Оди вака: без разлика дали станува изговор кој го користите за да ги убедите другите или себе си воглавом се мамите самите .
Замислите добра саботна журка, ве викаат другарките, остатокот од друштвото е веќе таму, и нормлано вам во последен момент мојт да ви текнит дека :
а. Ве болит стомак
б.Немате пари
в.утре сабајле сте на работа па немат да мојте да станите
г. ХХХХ изговор со кој ќе мислите дек сте ја завршиле работата
Во реалноста, генерално не ви се излегвит, мојт да ве болит малку стомак ама то не е причината за да ги заебите другарките шо ве чекет; секогаш не се потребни пари за да си помините убо, и шо ак сте утре сабајле на работа, сигурно ќе станите за да ојте, ништо не ве коштат да напрајте кејф на душата- да го опуштите мозокот и да не мислите на ништо.
Во реалноста на оние шо мислет дека грешам : можит стварно толку многу ме болит стомак (пффф....секако ко ќе е 5 минути пред излегвење тогаш најмногу знајт да болит), no money- no fun ... најчест изговор, некогаш се потребни да ги видите пријателите насмеани и позитивни ; па нормално дека немат да излезам, јас сум сериозна и одговорна особа и за разлика од тебе - работам; и да изговорите ХХХХ ( гужва имат, чера бевме излезени, ме мрзит)...

Ко ќе чекаш некој за да дојт па да ојте некаде....  Извини шо каснам, не можев да најдам такси, сеа влегов пред малку да се капам, немав шо да облечам, косава ми беше за никаде па ја пеглав, ме застана Петко на улица и не можев да го откачам, ам на штикли сум....
Сите отприлика знајме колку време ни требит за да стигниме некаде ( ак си од Охрид, макс 15-20 минути за да го поминиш цел град, пешица( во ова категорија не влегвит пешачење со штикли, то е лазење, а ак знајш дек ќе лазиш порачај такси 5 мин пред да ги стајш штиклите)) ; ак ти требит 2 сати да се капиш, влези порано никој не е должен да чекат ко утка на паркинг, плоштад и мини маркет; имаш шо да облечиш, отвори ги очите поубо 100 посто чера си купи нешо; надвор врнит шо кој пенис да ја пеглаш косата ко пак ќе ти се напрајт туткал.....
Вие: сакам да изгледам убо па зато се капам 2 сати, се шминкам 2 сати и лазам 2 сати.... епа тогаш спремај се порано 2 сати да стигниш на време, да не те чекет другарките ко проститутки на улица.....

Ко ќе ти се бендивит некој... Не мо, видиме каква сум, на нишо не личам, имат девојка, другар ми е, колега ми е, брат на некоја другарка/другар, се занесвит и то....
Вака, сигурно не си толку проста ( или мојт си) и нормално другарката/другарот викат : не бе нишо не ти фалит уба/в си, топ си и останати СИ работи ( нормално најдобра другарка/другар ти е, немат да те мамит), и шо ако имат ( не ме колните за ова) и шо ак ти е другар ( објаснав шо мислам за другарство меќу маж и жена : Women are for friendships,  men are for fucking), истото важит и за колегата ( верви немат ама ич да ти е незгодно, уствари мојт малку на почетокот), сите се занесвет кој појќе кој по малце.....

Ко ќе сакаш да држиш диета : Е никако да ослабам, ја држам она диетана со портокали.... абе почнав да вежбам мојт до метаболизмот ми е....а не јадам..... стварно и вода да се напијам ми се лепит...
 Реално диета е начин на живот а ти после Хавана јајш сирењак во Вегера, да, диета во која јајш се само портокали не; не јади скришум, биди си реална...то шо почна да вежбаш нје значит дек ќе го потрошиш изеденото од одма.... и на никој не му се лепит водата - сите ја мочаме...
Вие : Како да не, проста, немат врска стварно сум на диета, Трпа ми е сведок, секој ден прам по 20 стомачни и трчам околу маса, убав е сирењакон од Вегера, ам поскап е малку ама убав е......

Немам пари....немам работа.....е*ати државата, владата, министрите, Охрид мал град зато немат работа, за шо учев факултет за да работам во бутик? , понижење ми е да работам, мама и тато работет....
Ам ќе немаш пари ко не мрдаш со г'зот од пред рс, имат работа за тој шо сакат да работит, добро ова до негде и јас викам е*ати, то е економија; и шо ак е мал град, ко санкир во Скопје цутит ( исто е со тие пари да преживејш во Скопје), и јас учев па шо, одма директор не может да те стает.... ак ти е понижење не се жали дек немаш пари.... мајка ти и татко ти немат цел живот да се до тебе....
Како да не... јас ќе работам во Банка, во администрација, во Скопје..... глеам....работиш од шанк на шанк....

И останати работи кој ги сакате ама не се остварвет од некој од замислените изговори дек некој, нешто ве спречвит да го напрајте то... Мајка ми викат : Немат неможам - имат САМО несакам... и во право е.... се се мојт....  ко ќе се сакат..... 
Мојте и да сте точни, и да го фатите типот од факултет, и да работате, и да ослабите.... ако сакате....

П.С Некој од изговорите ми се омилени ( често ги користам и јас), некој се на моите пријателки а некој се и сосема случајни.... Напишете си ги вашите.... Ќе видите колку мојте без нив....


No comments:

Post a Comment