Saturday, January 12, 2013

(НЕ) затоа што те љубам.... 13.01.2013)

Морав да напишам едно навистина големо НЕ колку да не дојт до некое недоразбирање за следните неколку минути кои ќе ги потрошите да го прочитате ова ( и нормално, да не бидит погрешно сватено). Некој од вас мојт ја имат прочитано Затоа што те љубам од Гијом Мисо (насловот немат врска со темата на книгата, интересна е) ама ова не е поврзано во ниеден миг  со истата, само сметав дека насловот е соодветен за она што сега ќе го коментирам.

Многу од нас, ако не и сите луѓе, често се прашвет шо е то љубов, дали постојт, з'ш постојт, како тоа  никој не ја глеат  а сите ја осеќет, и ред други ствари поврзани со овај мит.
Па да, сметам дека е мит од многу причини ( сигурно некој кој читал малку повеќе психологија ќе си речит - сигурно многу е разочарана- се цитирам себе си, и еден куп другарки), некои од нив се речиси контрадикторни едни со други, некои целосно се надополнуваат а некои....некои не можам да ги напишам со зборови, едноставно сметам дека овој мит, самиот по себе е емоционален, па и не можам да изнајдам доволно зборови за да го објаснам она за кое деновиве размислував. Љубов....

Кога веќе сме кај љубовта, јас знам само за онаа вистинската. Верувам дека постојт вистинска љубов; истата не морат да е обострана.... Тоа вие онаа љубов, како првата, исто како неа, се случува еднаш во животот но трае засекогаш. Вие го сакате него, тој вас не... Знаете дека тој е од оние љубови што дури и да го заборавите, и да бидете со некој, тој секогаш ќе биде дел од вас, иако од дамна сте го пуштиле, длабоко некаде во вашето срце ќе тлее она што сте го чуствувале за него, можеби не толку силно како некогаш, но секој нареден пат кога ќе го сретнете ќе ги почуствувате трпките по вашето тело.

За безусловната љубов ....неизбежна е оваа тема... Безусловна љубов- ова би подразбирало нешто кое не е условено, кое е целосно....или...јас те сакам ако ти не ме сакаш мене...пффф.....иначе з'ш да поставуваш услов, ако ме сакат го сакам и јас.... Се ти е простено во овој вид на љубов.... Ако сакаш некој безУСЛОВНО дали то значит да простиш неверство з'ш неверството во муабетов е услов? Кажав на почетокот навистина се е толку контрадикротно што.... колку и да го тупам на истото сме.... сите сакаме условно..... некако...

Целосна љубов....целосно да сакаш некој.... па зарем е возможно целата наша љубов да ја подариме на само една личност?
 Па, не нормално....Секогаш некој дел ќе му припаѓа на некоја претходна љубов..... Секогаш ќе има миг кој ќе не носи до него/неа..... некоја песна ,мисла, мирис, место....

Кога на некој му кажвиме - Те љубам- ( или те сакам) тоа би требало да значи дека : не мојме без него, ни значит премногу...... што тоа навистина би значело.....навистина не знам.... затоа не те љубам.... нели.....не звучит воопшто злобно или некако.... Ете пак.....љубовта навистина е мит....никој не ја докажал, а имат еден куп мисли, песни, книги, слики кои зборуваат за тоа љубов.
Можеби на некој пред милиони години му текнало за оваа природна позитивна емоција да ја крстит со љубов, па денес сите кога се чуствуваме така љубиме некој.....шо мислам дека навистина....па добро, ми немат некако смисла... и додека го пишам ова
 станвам уште повеќе збуната....мојт не толку како вас во мигов ...



No comments:

Post a Comment