Saturday, January 19, 2013

На Охридски .... - з'ш така требит.... 19.01.2013

Не дек ми сметат нешо ама да ..... кој пенис пак да скокаш по крстот???.... Не е среќа да го фатиш по петти пат.... местенка е.... Санќир не мојш ко чоек само да влезиш, да се макниш во водана и да остајш некој шо мислит дек ќе е посреќен од тебе да го фатит крстот...
 Сметам дека требит да се воведит некој ред, т.е. тој шо еднаш го имат фатено крстот да не скокат по него пак....Не за друго здосадено е истиот чоек да го глеаш на фулскрин ко ќе  го давет на вести среќникот кој се изборил за крстот. И, да Варош...пфффф.... ех шо сакам да  слезит  некој од село некое близу охридско на пр. Волино ( онака ми текна неам нишо против никој) и да го фатит тој пус крст.

Доста за крстот - си кажав шо си сакам, а сеа... уфф баш се расправав со еден скопјанец на темата - замислите ние во Охрид не сме зборвеле ни близу литературно а камо ли македонски, з'ш никој не можел да не разберит. Па, ти и другине скопјаништа шо мислите дек не зборвиме македонски ( а и за литературно зборвиме сигурно појќе од вас, з'ш кај нас викет ЈАС а не ЈА) разлистајте малку Литература и Македонски Јазик па да се расправаме...

Ви теквит на вицон со господ ко го создавал светот, а ѓаолот Охрид и за то како се е убо
н'тре, имат езерце, планини абе да ти е милина да живејш таму, ама љуѓе  (ова е меко Љ да се разбериме ) едни шо остај, абе катиљ... да ти е шубе некој накриво да опулиш... И да... се мислев се мислев, и домислив дек стварно е така....  Абре све кој од кој ...
Имат и некој шо чинит појќе, ама тој не нејтив Охриѓанец, как шо викет старине дојденец е од некаде.

Шта се тиче нашето Т ... Па мораТ така да бидиТ.... Од принцип шо така си зборвиме, така си пишиме, а и да фалиТ Т на тастатурава, ќе се снајме....
Велет дек ние сме биле посебен народ, ко санќир.... Диви луѓе, завидливи, негостопримливи, љубоморни.... Ам таков не е секој чоек... Добро ај, ние потерсене сме тро... Само за сеир....
Ќе се согласам дек сме диви... За разлика од оние јужнацине, неандерталци сме...

Ко ќе влезиш в кафич во Охрид прво нешо е то дек ќе те испулет од гла до петици( и секако имат некој шо водит евиденција ак носиш исти фармерки од чера), ќе се скинет во оговарање ( за то со кој си одел/ла, спиел/ла или дек се дрогираш,проституираш или за то колку прос аутфит имаш и останати работи шо завршвет на - ираш)....
Еми, прости едни...ак некој играт то не значит дек е :
a) на тешки дроги
б) пијан/а
в)сакат да привлечит внимание
Можит да си стајте сами под г) само се забавуват з'ш му држит г'зот и з'ш не му е гајле шо мислет другите околу него, така да за џабе си го трошите малиот ум.
Ко ќе влезиш во кафич негде накј Гевглискион регион (сине градој сем Скопје кј шо поминвит Вардар), ех таму е друга приказна.... Влегвиш и никој не се замарат со тебе.... Мојш да играш ко будала ( ќе ти се придружит некој), ак немаш кј да застаниш ќе те соберит некој, и сите ти прает муабет ко да те познавет со години...  Питом народ.....

За разлика од појќето Охриѓани кој го сакет градот на лето ( з'ш само тогаш имало живот, и нормално тогаш се прает пари - демек туризам и то) јас си го сакам на зима.
Тогаш е рај, пак уште ак имат паднато снег, мераци....
Се е толку мирно, тивко... да ти е ќејф да шеташ покрај езероно... Шо морат гужвишче да трпиш, пола сат да ти требит да ојш од чинарон до плоштад....
На зима народов малку мрзлив станвит, не мрдат од пред телевизор, сем за викенди и нормално ак пркнит тро сонце во недела, немат кј да седниш раат кафенце да се напијаш на некоја од терасине... Ама арни сме.....

Се во Охрид си е како шо требит.... Така сме научени да функционираме; од фаќање сеири, до оговарање...Мал град, то е...секој со секого се знајт, а ак живејш во Варошон, не само шо го знајш тук и роднина ти паѓат....
Како и да е, не постојт град како Охрид... Не дек сум од таму ама то е.... вистината....
 Кај и да си - во Охрид да си ..   З'ш така сакам.....

No comments:

Post a Comment