Thursday, January 24, 2013

Харе Кришна Охрид 25.01.2013


 Дојдов во Охрид да ја потврдам намерата на мојата компанија „Сахара Индија Паривар“ за изградба на суперлуксузниот туристички комплекс на брегот на Охридското езеро.... И нормално едно чудо тралалајќи за големината на овај проект... Пхххх....нормално.... капацитет од 100 000.....Ам то е Охрид сосе села плус Струга сосе партали и чак ќе останит место за уш некој Скопјанец ак сакат тро да одморит...

Имавме прилика да видиме едно чудо разбрзани министри околу Субрата Рој, како то се работит, се гледет нацрт планој, и нормално се почвит со купвење.... Ама дур не видам дек нешо стварно се изградило ( она ленти сечење и фрлање песок и камен-темелници не важит) не вервам па ак сакат и шо сакат нек е.

Како по обичај Ацо наш (голем маж) го немаше во близина (не дек тој не е заинтересиран) ама з'ш Ставрески е таму и мојт да го искарат и зато не дошол чоекот, не е ништо спорно овде.

Како шо разбрав ова е навистина огромна инвестиција, ќе имат прилив на девизи ( а за одлив на наши пари не знам), ќе се отворет работни места ( дај да не се заебаваме, сто посто индијци ќе си донесит, ем поефтино ќе му работет, ем полесно ќе се разбирет), то казина и хотели и базени на нивоу ( ма какво Дубаи, се во Охрид ќе се преселит) и нормално ќе се зголемит туризмот ( само то ни фалит во градов, иначе се друго цутит пак туризам) ехххх и вие.... Речите - шо си чудна.... 
И врти и сучи то е за да биде познат градот Охрид.

Дур го пречеквеа на аеродром ( на министрине само шо не им пораснаја уш некој чифт раце, па да может и трбушен плес да му заигрет), во Охрид нормално, временските услови добри со преумерена врнежливост и слаба појава на снег.... Е то ти е ударна вест..... Дошол, видел и си купил....

Во Македонија стварно се почитува индиската култура ( ама добри сме уште не шетаме со точки по челово, мислам стварно не е во тренд то), се пратат и нивните обичаи ( каде во стилот на Малечката невеста, Били алијас Sвер си најде помлада неста, абе стварно помлада цели десет години, но сепак и таа како Чампакали е далеку позрела од нејзините врснички, само да се надеваме дек немат некоја злобна баба та на Били да му ги истајт sрцките), и активно се учи индискиот јазик ( ам ак се истерат проектов морат јазици да се знает, башка како викет колку појќе јазици знајш - за толку појќе луѓе вредиш, а во муабетов то ти е колку 5 индијци).

Ојме понатаму, викат вака : 
Рој најави дека туристичкиот комплекс во Љубаништа ќе биде меѓу 10- те најубави во светот и дека ќе се рекламира глобално како планетарна туристичка дестинација. 

Ах бре.... Ко санкир немат доволно убајни во Охрид пак та да е меѓу десете најубај. Е, з'ш на пример Палас не го реновирет, не го спремет....Ем веќе е познат, ем на езеро....Нит морат да копет и уривет, нит морат да купвет ниви од граѓаниве.... Ама то е... таму немат толку пари да се напрает....

Купена е Славија.... е аман.....кј ќе се к'пет младиве летово? Само та плажа имат еден куп кафичи, еден куп спа центри и места за релакс масажи ( без хепи ендинг, бар колку шо знам јас) и еден тобоган... Е то е недолгорочно работење, или недомаќинлук.

Како скептик, морат да се прашам : И добро, замислите се реализират проектот, ама после да речиме 2 години немат работа ( како шо просперират се во државава наша, не ми изглеат дек мислеле долгорочно, море кој имат то пари да фрлат по казина?) не одет луѓе таму, требит да се затворит.... и после шо? 

Еден куп индијци ќе требит да ги вдомиме, рибине ќе почнет да е преврштет зш ќе е застојана водана, ќе се појавет жабојни и кј ојме? Никаде.... 

И тој без хотел и охриѓани без лозја.....







No comments:

Post a Comment