Saturday, January 12, 2013

"Сродна" душа 12.01.2013

Можит насловов ви делуват романтично ( нешо како оние добри убави филмчиња кои ги давет на Халмарк)  ама навистина не е, особено кога ќе земете да размислите за она дали реално постои таа душа.

 Сериозно, навистина романтичните филмови, комедии и драми го расипуваат секое очекување од една врска,очекувањето од партнерот (па да, девојките - вклучувајки ме и мене- си фантазираат за некои работи кои денешниве мажи не ги знаат а камо ли да помислат да ги направат), мислењето дека таа сродна душа ве чека на аголот од кафичот, или дека ќе го сретните во автобус ( згодниот дечко кој ќе ви го отстапи местото); на факултет ( случајно ќе се судрите со секси колегата/асистентот и секако листови и книги на сите страни па заедно ќе ги собирате и нормално случаен допир на дланките), во маркет (ќе му се насмевнете и тој ќе ви го отстапи местото на касата), на кино (случајно му ја стегате дланката на ептен страшната сцена); додека купувате книги ( во истиот миг од милион книги баш двајцата ја сакате Notebook....пфффф како да не) и еден милион добро американизирани романтични сцени кои кога ги гледаш срцето ти треперит и си викаш па з'ш да не....мојт стварно постојт такво нешто....

НО....

Еве ги фактите дека не постои нешто од типот на: сите книги на Николас Спаркс ( романтика која ќе ве разнежнит од добриот карактер на мажот, од неговата трпеливост, храброст, сигурност...па си викате: З"ш онај мојон не е ваков?); сите епизоди на Сексот и градот ( сем онаа каде му се враќаме на бившиот, па после поминатата ноќ заедно си ја чукаме глата, и онаа каде сексот трајт појке од сат и пол- онај добар динамичен секс, без пауза), Титаник (каде го оставаш богатиот вереник за некој шо немат сољ во очите, хах...како да не.....сега си бараш некој од Аусталија,Америка па и Германија....), еден куп турски серии ( не ги знам сите по име, но секогаш мажот ја остават жената з'ш ја сакат швалерката, имат љубов на сите страни без разлика на финансиската состојба, го губиш сеќавањето, ама знајш дека си го сакала него и еден куп бла бла блаааа патетики)....
Хммм.... Роденденси подароци од типот на троцифрен број на ружи, свеќи, пикници, изненадувања во купатилото, масажи, подароци под перница, слатка порака на фрижидерот, тркалање во суви лисја и снег, случајна фотографија која подоцна ќе вви ја прати,смс порака : мислам на тебе.... Ухх....не дек овие работи ги немат....па добро ги имат ама.....толку се ретки шо и не постоет....

Кога ги критикуваме мажите:
Замисли, за роденден ми даде 1000 денари да си купам шо сакам, од шо бил господинот толку зафатен да купит едно чоколадо..... До кога не ми е јасно....Не е за поклонот, ама 4 години врска па не заслужвам да излезит и едно цвеќе да купит....
Секогаш после сексот си одам дома....Се осеќам ко... шо знам...немат прегратка после секс, немат бакнеж....го правиме то и ајде пријатно.... 2 години сме заедно, а не сме спиеле...мислам она спиеле заедно...ко санкир јас јадам луѓе од сабајле....
Бев на фризер и на депилација ( нормално главно за мене) а она тепилоно мое абе како не пукна да приметит дека сум се средила.....ништо ич....
И еден куп примери кои секоја од нас на овој или на оној начин ги поминала... Навистина, Холивуд ги уништува очекувањата во врската....

Па..... ако случајно некоја од вас ја пронашла сродната душа..... заборавете ги оние филмови шо сте ги глеале, книги шо сте ги читале..... з'ш во реалноста ништо не е онака како шо го напишал Спаркс.....

No comments:

Post a Comment