Tuesday, October 23, 2012

Граници 02.03.2012

Добро...Кога ќе знаеме дали сме ја поминале границата,ако воопшто постои истата?
Навистина,се прашувам кога чашата почнала да се прелева,и зошто воопшто почнала? Зарем не може да биде подлабока,па да помине уште доолг период додека стигне до врвот?
И,да,секако,кои сте вие да кажувате дека неговото/нејзиното однесување ги поминало сите граници? Впрочем,ако тоа се вашите граници не значи дека се и нивните.Ако вие не умеете да гледате,дали тоа значи и ние да се преправаме дека сме слепи само колку да ви правиме друштво? Од кога тоа човечката глупост има граници?
-Дали кога вие ќе раскинете со момчето,а таа има еден куп додворувачи таа е ороспија? Или кога вие ќе се здебелите некое кило,таа изгледа како сучка; вие можете не можете да одите до Скопје а таа е на викенд во Париз-па таа никогаш нема да порасни...или...вие сте завршиле факултет а таа ни средно па вие сте попаметни...
Навистина,ОД КОГА ТОА СВЕТОТ ПОСТАВИ ГРАНИЦИ?
За мене...само небото претставува граница,сонцето насока,ветрот пријател,а луѓето...луѓето сеуште не сум ги дефинирала.
Зарем мора да ги прифатиме границите на општеството,да завршиш факултет,да се вработиш,да се омажиш,да имаш деца.
Верувајте ова навистина се граници кој никој не ги минува,но ако ги поминете,верувајте ќе бидете вратени назад од оние кои чекаат на истите а немаат храбтост да ги поминат.Станува збор за социопатолошките осуди кои ги граничат нечивите човечки умови.
Кога не би завршиле факултет,би пропатувале по цел свет,и да...би биле среќни...кога не би сте омажиле,би љубеле посилно,кога не би се вработели би се бореле за она што го сакате...Верувам дека станува збор за прилично дискутабилна тема која на крај се сведува на човекољубие но она-самољубието.Навистина...
Само замислете каков би бил светот без бракови,без факултети,без пари...Тогаш би имало повеќе љубов(би немало разводи),би имало повеќе паркови,писатели,уметници(луѓе кои ќе го прават тоа толку проклето добро без диплома,оние кои ја имаат никогаш не би копале паркови да засадат цвеќе),без пари.Верувам дека не би настанал хаос.Би требало да се вратиме во времето на првоте робовладетелски заедници во поглед на помирувањето на своите долгови-една овца-700 kw струја...или како и да се пресметува...
Барем би биле посреќни...

No comments:

Post a Comment