Tuesday, October 23, 2012

Те сакам 09.10.2011

Колку време помианло кога последен пат ви кажале дека ве сакаат? Или ве прегрнале,или ве натерале да затреперете како последниот есенски лист пред да падне на земјата?
Сигурно доста,штом вашите дланки треперат од штотуку преживеаната емоционална бура. Гледате дека надвор е ладно па речиси некои десетина степени,а покрај вас нема никој да ве загрее; не помислувате на печката бидејки струјата поскапела. Нема кој да ги подари насмевка,или едноставно да го затвори прозорецот пред кој стоите гледајки надвор. Вашите родители се на работа,или дома,но,не чуствуваат никаква потреба да ви кажат дека ве сакаат.Знаете дека е така,но потребно е да ги чуете тие два збора како продираат од ушните школки до вашето срце.Знаете дека ве сакаат-тие се ваши родители-или така ве убедиле.Сеуште седите покрај прозорецот?
Ете можете да го земете телефонот и да им се јавите на вашите пријатели-сигурно ќе ви понудат утеха-онака на брзинка-знаете дека до нив има некој кој ги чека,или некој кој ги држи во прегратка.Итате низ вашата глава прашувајки се Зошто?
Каде изчезна магијата на они два збора- ТЕ САКАМ- без разлика од кого ќе бидат кажани-едноставно имате потреба да ги чуете...
Па добро-колку често сте ги кажале вие? Што размислувате,знаете дека можеби никогаш не сте ги кажале,или да,но било одамна. Па зошто сакате да ги чуете? Можете да застанете пред огледало и на својот одраз да му кажете ТЕ САКАМ-но нема да ви одговори.Можете дури и да го прегрнете огледалото,но тоа нема раце да ви ја возврати прегратката,дури можете да ја почуствувате неговата студеност. Ве гледам се качивте на рамката на прозорецот.Ве молам слезете пред да направите нешто навистина глупаво.Оставете го дождото да паѓа,вие не сте дожд,вашите солзи не се дожд,слезете.Не гледајте надолу,високо е,ми се превртуваат цревата од самата помисла дека стоите на работ на прозорската рамка на последниот кат од десеткатнивата.Ете спуштете ја ногота,не, не не на таа страна,ве молам не...Не....Жалам што не можев да го сопрам вашиот пад врз лепливиот паркет.Си ја удривте глават и надлактицата-жалам,таква болка сигурно немаше да чуствувавте ако префрлевте на другата страна.Тогаш немаше да чуствувате никаква.Силни сте.Го затворивте прозорецот и запаливте цигаре тресејки се од страм.Се застрамивте пред себе.Доволно сте храбри за да продолжите да живеете и да кажете ТЕ САКАМ.Слободно јавете се на вашите родители,пријатели па и непријатели-и тие на тоа би одговориле со - И ЈАС ТЕБЕ- верувајте!

No comments:

Post a Comment