Tuesday, October 23, 2012

Временска машина 18.03.2012

Сигурно постои момент во вашиот живот кога посакувате да не сте се родиле,да заспиете и да не се разбудите; или да ве замрзнат во некоја хибернирачка состојба,па после некои 10 години да се разбудите.
Да ги отворите очите кога технологија еднаш за секогаш ќе го достигне својот крај,кога работата е на средината на доброто(тргнувајки од она-во иднина ќе биде подобро),кога престануваат поголемиот дел од вашите проблеми,кога работата што сте сакале да ја завршите е готова,кога вашите блиски конечно ќе ве разберат,и,да кога вие ќе се дознаете себе си.
Кога ќе размислам подобро,таквиот момент е се почест,така што имам чуство дека сум хибернирала некои 20-30 години,но ништо не се сменило.
Дали луѓето би биле посреќни кога навистина би постоела некоја временска машина за патување во иднината и враќање во минатото.И,ако постои дали би имале храброст да погледнете во иднината;бидејки постои шанса она што ќе го видете да не ви се допадне,па да се вратите назад.Или...минатото...ако го направам вака...па тогаш не би го запознала овај/оваа;не би ме запознале со мојот нов шеф,не би добила бинго,не би поминала тогаш...
Но зарем со менувањето на нашето минато не го менуваме и минатото на оние кои биле инволвирани,а со тоа и нивната иднина? Мислам дека луѓето не размислуваат дека со тоа ќе сменат и еден цел нечив свет.
Временска хибернирачка машина...Те носи во минатото,но ти си ист...добиваш предизвик да смениш една единствена работа.Следува прашањето- Која? Ух...од каде па таа идеа само една работа? Зошто да не се две или три или десет? Реков една,не претерувај...Па добро,ајде да видиме...хммм....Како и да е,додека размислувам што би сменала,резултатот е ист-денес не би била тоа што сум,сите тие случувања влијаеле на тоа што сум денес.На моето мислење,карактер,живот.
А,да одиме во иднината? На пример за десет години,период кој сакам да го прелетам.Во главата си нижеме прашања: дали сеуште сум сама;деца;фамилија; дали сеуште сум жива? О па тоа е добро прашање.Што ако ве нема во иднината,тогаш...? Тогаш претпоставувам дека храброста да живееме ќе ја користиме во сегашноста,дека проблемите ќе ги решаваме будни,работите ќе ги натераме да одат одлично,и за промена ние ќе ги разбираме нашите блиски.
На крај на светот на кого му е потребна хибернација и временска машина?

No comments:

Post a Comment