Tuesday, October 23, 2012

Машко- женска дигестија 29.12.2012


Насловот,секако самиот по себе е импресионирачки,но и толку несватлив што додека го пишувам ова се прашувам дали го одбрав вистинскиот збор-дигестија; не дека не се двоумев,па добро мислев на односи,мислења,еротика и сите оние бла бла бла машко-женски....нешто...И не дека нема да зборуваме за тоа,но еве,ќе ви објаснам зошто дигестија.Бидејки сум женско,и ќе бидам пристрасна,ако пишувам за некое од горе наведените ствари(па и феминистички настроена) одбрав работа која и кај двата пола е неизбежна,неконтролива,се случува сама по себе и за чудо и кај едните и кај другите на ист начин.Секако,пред да дојде до самото дигестирање на внесената храна и едните и другите поминуваат низ одреден психо-физички процес,селектирајки што да биде изедено,колку ,во кое време,на кој начин и со кого...Верувам дека ние-жените-поминуваме низ цела една фаза кога станува збор за исхрана и за тоа како да се конзумира истата.Па, бидејки верувам дека кај посилниот пол е пократка ќе почнам со нив(истото го пишувам со информираност и искуство-имам двајца браќа,и многу другари со кои сум разговарала за истото;секако тие ја гледаа едната страна на разговорот,додека јас го разработував нивниот психолошки однос со храната).Повеќето од мажите се гурмани(некои од нив знаат и сами да ја приготвуваат храната),најчесто ја консзумираат на брзина(немајки време во овај брз начин на живеење),сакаат да јадат во друштво на своите другари(најчесто во доцните утрински часови,враќајки се од ноќните клубови во некои од локалните фаст-фуд ресторани),или со својата фамилија(за некои од празниците во кои морално е да се собере целата фамилија),не се премногу прибирливи за тоа што ќе јадат(можат да изедат и цело магаре кога се гладни; секако има и од оние кои внимаваат на својот изглед броејки калории,протеини и сл.)За разлика од нив,ние не дека сме многу прибирливи но дефинитивно сме повеќе од нив.Кога станува збор за тоа што ќе јадеме веднаш почнуваме да пресметуваме за тоа каква реакција ќе предизвика истата во нашиот организам.На пример,ако има на домашнотот мени грав(обично во петок-баш во денот кога треба да се дотерате вие имате оброк кој го подува вашиот стомак,и предизвикува реакции кои сами по себе се природни но не се воодушевувачки за во јавност).За разлика,мажите со сласт ке го изедат негрижејки се дали ке им стои набрано блузето кое треба да го носат вечерта.Кога ја купуваме храната во маркетот(повторно зависно од личноста)броиме калории,за тоа колку исотото чини,дали може да се најде супститут за истото,колку би траело,дали би било вкусно(често сме скептици за некои производи)...
Највжниот миг во целата оваа работа е со кого...па добро...со фамилијата....(храната претставува пренесување на жртва,треба да се чекаат сите додека седнат,дојдат од на работа и нема станување додека не завршат сите со оброкот)или(ова решение ми се допаѓа повеќе)со вашите пријателки во некое локално барче каде сем евтиното лашко пиво служат и вкусни работи(похован кромид...аа....звучи бљак,треба да излегувате вечерва и не сакате да мирисате на кромидојни;повторно споредба....оние посилните не се замараат премногу дали ќе шират радиоактивност околу себе мирисајќи на кромид,лук)....Ако спаѓате во група на девојки кои внимаваат на својата линија ќе одберите ниско калоричен оброк,вегетаријанска пица,салата и други скапи но ниско калорични вкусни работи кои ги стругаат вашите заби бидејки не се зачинети,и не мирисаат ама баш на ништо.Вашиот ритуал на јадење го надополнувате со кратки паузи за коментирање за келнерот,услугата и храната,секако подпивнувајки од водата или сокот од цедено овошје,знаете,она правило:не се зборува со полна уста,не е културно.Не дека и ние кога сме гладни не би изеле цело магаре...хммм...добро не баш цело,(секако би ги оставиле ушите и опашката) но верувам дека по напорниот работен ден ретко која од нас размислува за тоа што да зготви,колку ќе биде калорично и сите оние претходно наброени работи.Секако,моментот кога доагате дома,сеуште облечени со палто и чевли го отворате фрижидерот и го грабате она најблиското на првата полица(не се наведнувате бидејќи цревата ви се залепени од глад,денес немавте време ни да земете човечки воздух ,а камо ли да јадете) и на помошната маса го конзумирате со страст она кое мислевте дека никогаш нема да го пробате.Тоа е тоа.Вашата потреба за глад е задоволена,па можеби за вечера вашиот партнер ќе направи нешто на кое нема да мора да му ги броите калориите,кое ќе можете да го јадете со раце,да ги оближувате вашите прсти....едноставно да уживате во истото и да...да заборавите дека сте женско и да ждригнете....Би пробале?

No comments:

Post a Comment