Tuesday, October 23, 2012

Слепило 13.06.2011

Каков би бил животот во потполна темнина?
Дали би биле доволно храбри да спроведете испитување  за да го дознаете тоа? Еве, на пример земете црн превез и ставете го околу вашите очи. Пробајте да издржите 24 часа за да можете да ги сумирате резултатите. Би забележале колку многу немаме со тоа што гледаме- можам да го докажам...и првата минута помината во темнина беше доста чудно искуство.После втората се навикнувате. Чуствувате дека вашите останати сетила,мирис,слух,допир работат со многу поголема брзина од претходно.
Водејки разговор со пријалтелите (кои дефинитивно ве гледаат чудно-можете да го почуствувате тоа)се трудите да го пронајдете нивниот лик во вашата библиотека од сеќавања,да замислите како изгледаат само според она што го слушате.И верувајте, да трагате само по она сеќавање каде што вашите пријатели се среќнимили пак...не можете да се сетите на ништо.Сваќате колку се сиромашни вашите сеќавања и колку малку,па,им посветувате внимание кога ви зборуваат.Колку малку ја паметите нивната насмевка,или подигнати веги.Се напрегате да го почуствувате нивниот мирис и топлина...колку да можете да се ориентирате на која близина се наоѓаат.Правите една целосна слика на околината во која седите.Доброто во оваа работа е што самите можете да ја креирате околината.Зависно од ширината на вашата фантазија можете да си создадете прекрасен свет.Со затворени очи можете да го слушнете звукот на гасеницата која копа во скапаниот корниз,чукањето на срцето на вашите пријатели. Можете да го почуствувате мирисот на згаснатаа свеќа,новиот весник,мирисот на овенатото цвеќе,мириси за кои не сте знаеле дека воопшто се наоѓаат во вашата душа.Почнувате да добивате слика за она што се случува околу вас без да го гледате истото.Сваќате колку навистина немате доверба во себе.Патетично.Ги допорате предметите околу себе и се трудите ја ја замислите нивната боја.Го чуствувате силниот зрак на сонцето,но не можете да ги видите облаците кои наидуваат или смиреното небо.Ох,колку само навистина сме слепи.Колку пропуштаме со тоа што еден ден сме ставиле превез на нашите очи.Светот е поинаков-кога го гледаш.Навистина е суров и прекрасен во исто време.
Сега можеме да го направиме и вториот тест : Ставете црн превез околу вашата душа.Забележавте промена?!?1
Доживеавте целосен дебакал на вашата личност.Ниедно од вашите сетила не функционира.Наеднаш ослепевте,оглувевте,па дури не го чуствувате ни силниот мирис на запалената совест кој се шири непрестано околу вас.Мислите-можеби премногу го стегнавте превезот околу вашата душа.Сега тргнете го превезот...Забележавте некаква разлика?!?! НЕ! Го прогласувам овој тест за неуспешен.Неуспеав да ја побијам теоријата дека човекот е слеп и кога гледа....навистина е така.Премногу време трошиме фокусирајки се на на работи кои навистина не претставуваат ништо што навистина не исполнува,заборавајки го мирисот на блага мента на усните на нашиот љубен,мекоста на нашата прекривка,звукот на раштиманата виолина или грубиот допир на нашите родители,
Сме станале целосно сенилни за она што го перцепираме на овој или на оној начин.
Верувајте,светот на оние кои навистина го изгубиле сетилото за вид,слух,мирис....е многу побогат од нашиот.Не трудете се да го побиете овој факт-впрочем и самите знаете дека е вистина.
Сега можете да ги ококорите вашите очи и да ги впивате различните мириси,звукови од вашата душа.Освежете се со некое пријатно сеќавање,трудејки се да се сетите на истото,на емоцијата која тогаш ве обзела.
Правејки го тоа - ќе прогледате со вашата душа!

No comments:

Post a Comment