Saturday, October 27, 2012

ЕУтаназија за Македонија 20.10.2012

Си било еднаш едно мало транзициско државче кое се наоѓало на крстопатот наречен Балкан.Како носечки пешачки премина било газено,претрчувано а и неретко покрај него биле направени и големи собраќајни несреќи,и сето ова се случувало додека Македонија била во коам.Навистина,кома која трае повеќе од 20 години.
Ако земеме да провереме што навистина кома значи ќе го потврдиме она што веќе лаички го знаеме.Цитирам -Кома е состојба на длабок патолошки сон од кој болниот не може да се разбуди ни со најјаки дразби или на македонски претставува медицински феномен во кој целата активност на мозокот е исклучена,моториката и движењето на екстремитетите заостануваат,сем виталните функции(дишење со помош на апарати),хранење (преку венски инфузии) и нормлано тука е работата на срцето кое чука како кај нормален човек.
Дијагностицираната кома кај нашава Македонија изгледа вака :
Активност на мозок...хм...Владава и опозицијава и тоа како ни се активни,но не го користат премногу нивниот мозок-значи не постои никаква мозочна активност; моториката и движењето на екстремитетите заостануваат...па добро бе луѓе- економска криза е плус ако добро ги пратите и едните и другите,првите ќе ви кажат дека Македонија е во позитивна рецесија алијас Латас (економски сеуште непознат поим), извозот,туризмот и нормално инвестициите се во пораст, а вторите ќе ви гувеат како млади невести и ќе ве убедуваат во спротивното.Па кога ќе ги собереме 2 и 2 и ќе добиеме 5 ќе утврдиме дека никакво движење на моториката не е застапено. Витални функции : дишење-храна...Ова си го овозможуваат некои 20 тина проценти кои не живеат од социјални случаи,кои не се затекнати од некои од претходните 2 фази или оние кои не живеат во Македонија; и нормлано срцето...Па народе видете тоа сме НИЕ.Ние кои упорно ја одржуваме во живот оваа наша Македонија- Македонците.Ете...раширена демагогија и прост патриотизам.
При следење на оваа состојба,докторите и набљудувачите решаваат да се изврши ЕУтаназија врз Македонија.Па,добро кога ќе размислам 20 години кома и не се баш надежен период за будење.Значи,зошто да се трошат сретства за одржување во живот кога може да се изврши -Убиство од благородни причини-ЕУтаназија?
Лаички,кривично-правната дефиниција на ЕУтаназија претставува лишување на живот на лице кое подолго време се наоѓа во кома,лице кое трпи неподносливи болки,нормално во согласност со блиските со можност на донирање на срцето и другите органи.Или преведено на нашки,кога ЕУтаназијата би била извршена Македонија нема да постои...секако би била северна,источна или друга некоја страна на светот согласно од блиските...Па кој е поблизок до ЕУтаназијата од нашиве прекрасни политичари? А, можеби,мои србомани,бугарофили и останати продадени души да се донирате во некоја блиско-далечна будна држава.
Да се надеваме дека Еутаназијата ќе биде одложена.
Можеби конечно Македонија ќе ги отвори очите !

No comments:

Post a Comment