Saturday, October 27, 2012

Екстра вештачко дишење за Грција? 27.10.2012


Диши...недиши...Не можам да видам најдобро...Ајде Грција...После првото некако почна да ги придвижува трепите,но недоволно.
Сигурно адреналинската инекција од Германија не била доволна...Одиме уста на уста...еден,два,три...во центарот на Атина...Кој ли знае што се случува во внатрешноста на организмот.Кога ја извлекоја Грција од океанот на кризи,беше во безсознание.Затоа викам Екстра вештачко дишење.Никогаш не се откажуваат од неа.Сигурно многу им значи штом упорно сакаат да ја бакнуваат.
Кутрата несвесна Грција.Само таа си знае како и е.Ја бакнува некој што не го сака,некој друг и ги притиска градите(овие вторите притискаат на лошо место,изместија неколку органи на респираторниот систем што резултираше со- ненормално незадоволен народ,будење на пензионерската свест,палење на знамиња,судир помеѓу полицијата и народот сето тоа зачинето со неколку молотови коктели).
Зошто едноставно не ја остават да си умре?
По што тоа е таа толку важна? Внатрешните органи и се страшно уништени-не може да бидат искористени за трансплантација,не стои најдобро со комшиите и воопшто целото маало,не и се знае точната дата на раѓање и тоа од каде таа потекнува...Па зошто тогаш толку упорност?
Можеби тоа би било смрт на ЕУ,а не само на Грција.Можеби со тоа ако ЕУ не успее да спаси една ваква држава,нема да може да се избори со ниедна друга криза.Како што следам,некако слабо и котираат акциите на берза.
Само замислете,кога Грција би ги ококорила очите,нема да има потреба да и се забрагодари на ЕУ алијас Германија алијас Меркел,дури може слободно да го заборави тоа и да си продолжи да си глуми смрт.
Ако,само ако....троши си го за џабе кислородот на твоите граѓани Германијо,штета што Грција одамна дише на апарати,па твоево уста-на уста е застарен метод!

No comments:

Post a Comment