Sunday, October 28, 2012

Дожд 16.05.2011

Навистина не постои ништо поубаво од поврзување на себе си со природата....Босото трчање по дождот додека другите брзаат да се скријат од истиот е навистина момент кој треба да се проживее...Навистина прекрасно е чуството да си сам на брегот кој постојано е заплискуван од брзите бранови кои го наквасуваат и остатокот од телото за кој мислиш дека е сув....Ноќта беше "крунисана" со не така моќниот митински огномет...Навистина не брзав никаде....Само замислете го чуството на милионите капки кои се слеваат по вашето лице....влажната коса ви ги прекрива уморните очи и за миг ви нуди спокојство....Небото е прикриено со слаба магла предизвикана од експлозијата на човечките воздишки.Се додека умот ви скита некаде во ноќта сваќате дека седите на едно место непомрднувајки го вашето тело...не дека не сакате....навистина станува ладно од слабиот северен ветер кој цел ден провејува,и дождот кој не мисли да престане да врне....барем не ноќва....Луѓето навистина како да заборавиле да комуницираат со себе.....и кога го прават тоа упорно не сакаат да ја слушнат другата страна...парадоксално...да...навистина поврзувањето на себе си со природата е исто како поврзувањето на мајката со своето новороденче....нераскинлива врска......сепак не би ви препорачала да шетате боси по дождот...барем не сеуште......

No comments:

Post a Comment