Tuesday, October 23, 2012

Мисла 24.04.2012

Кога би постоела некоја направа за читање мисли? Знам на што помислувате? Не! Воопшто не! Ако ги читаме туѓите мисли би немале време да ги слушнеме своите.
Мислам на направа која во еден ваш миг на творештво,вашата мисла неселективно ја става на хартија онака како што е замислена,без филтрирање,граматички исправки,дијалектски правилен правопис и др. бла бла литературно укоричливи елементи.
Сепак,при брзо пишување не мислите дека страда вашиот лев или десен зглоб,нормално зависно со која рака пишувате и во каква положба творите.Мислам дека е невозможно пенкалото да ги претекне мислите,па и додека пишувате ги делите зборовите на слобови и запишувате онака како што сакате да звучи.Кога некој би ми ја погледнал тетратката би знаел на што мислам.
Концептирајки ги текстовиве,размислувам за аудио-снимање на истите т.е. воопшто да не ги пишувам,само она : штракаш на црно копче на кое пишува REC светка црвено  почнуваш да ги филозофираш кристално чистите појави  од твојот ум,општество,па и умовите на твоите блиски.Вака кога го пречитувам горенапишаното со цел да продолжам воопшто не ми звучи страшно,но...истото и да го слушам?! Хмм.Се предомислуам.
Зарем неслушнатите мисли би можеле да сменат нешто? Но,ако се кажани тие едноставно престануваат да бидат мисли.Бледнеат во просторот помеѓу двајца соговорници,кои мислите ги преточуваат во литературно сематичка реченица која започнува или завршува со : Мислев да ти кажам ама...Јас мислам...

No comments:

Post a Comment