Tuesday, October 23, 2012

Добрите стари времиња 22.11.2011

Сите времиња што останале во минатото се добри.Вечерва мислам дека можеме да ја прескокнеме темата за минатото.Ајде да видиме дали воопшто можеме да зборуваме за иднината,ако некој воопшто од вас поседува такви предвидувачки моќиЗначи,целата иднина ни е составена од желби,тоа е еден.Желби кои ги поскакуваме сега,тоа е два.И,желби за кои ретко сте сигурни дека ке се остварат,тоа е три.Верувајте,знам да бројам повеќе од три но овие се повеќе од доволни.Целосната иднина е составена од желби? Точно.
Посакуваме : кариера,среќен брак,здравје,среќа.дипломирање,врска,пари,работа,патувања,диети,одмазда,вработување итн итн.
Добро,горенаведените ги замислуваме денес,за утре,задутре,за месец два пет да се остварат-значи за во иднина. А, сега да видиме за колку од горенаведените примери сме сигурни дека ќе се исполнат.Ќе ви одговорам јас,а секако и вие.Да почнеме.
1. Кариера,хммм...ја посакувам,верувам ќе се исполни...хмм....премногу рано да се мисли на кариера.Добро, понатаму.
2.Среќен Брак (пишувајки ги зборовите се насмевнувам) моментално на повидок немате врска,а камо ли брак,и тоа среќен
3.Здравје-па здрави сте-колку толку,млади и полни со енергија
4.Среќа-на овој или на оној начин,а можеби и мислите дека сте,и дека  ќе бидете во иднина,зависи од вашата карма
5.Дипломирање- тој уште не започнал средно школо,или факултет,а ја слушате реченицата: Јас кога ќе дипломирам ќе...ќе почекате има доста време за тоа
6.Врска-претходи на точка број 2
7.Пари- секогаш ќе ви недостигаат,сега и во иднина,никогаш доста,подобро да не ги измислеле се надоврзува со точка број 8
8.Работа-ако најдете работа за она што сте учеле(точка број 5) па можете да заработите пари ( точка број 7) и со нив да остварите некои од горенаведените точки...на пример 1 и 5.
9.Патување-секако кој не сака нова година во Париз,не бидејки вие уште не сте дипломирале па не сте се ни вработиле,не сте изградиле кариера па немате ни пари за да го остварите истото.
Дури не се сеќавате коа последен пат отидовте Скопје.
10.Диета-за ова не мора да поседувате никакви пари,можете да заштедите.Не попусто се сеќавате на реченивата -Од утре сум на диета(а поминале речиси еден месец утревци)
11. Одмазда-ќе видат тие што ќе му направам за тогаш.Планови,планови планови а срце не ве држи да го направите тоа.
12.Вработување-види точка 5,7,8...
Заклучок : Да не беа желбиве би немале иднина?!? Кој знае можеби примерите не беа најдобри....

No comments:

Post a Comment