Tuesday, October 23, 2012

Љубов 04.01.2012

Често се слушаме себе си како го дискутираме овој збор од различни гледни точки; за тоа дали постои,колку постои,што е тоа и ред други збунувачки работи кои постојано го окупираат женскиот мозок.Да почнеме со основните прашања.
Дали постои? И да и не.Зависно од која страна на вратата се наоѓате.Дали ви раскинал или вие сте го направиле тоа.Да не развивам уште на почетокот демагогии,ќе заклучиме дака постои.Сметам дека сум компетентна да дадам една дефиниција која верувам дека повеќето од вас ќе ја прифатат,или можеби не.
Љубов претставува душевна појава која предизвикува одредени промени во човековиот организам; се задоволува со примање/давање спрема себе си/спротивниот пол/истиот пол(зависно каква е вашата сексуална ориентација) не е болест,но е пренеслива,не е нешто неизлечиво но се умира.Верувам дека би можела да дополнам уште многу,но овие неколку карактеристики се доволни да ви потврдам,објаснам, да ве убедам да верувате во љубов(ако сте ја изгубиле вербата дека постои).Себе си се сметам за голем борец на љубовта;секогаш заљубена,и дефинитивно ако постои Купидон јас би му била омилена играчка.
Веројатно сите вие сте биле заљубени,неколку пати. Се поставува прашањето-дали тоа било љубов?
-Бидејки претходно заклучивме дека постои,треба да се разгледаат и промените кои оваа душевна појава ги предизвикува кај нас.Знаете дека носи пролет(секако ги чуствувате пеперутките кои го летаат својот прв лет во моментот кога ќе го  здогледате), вашето срце секундарно добива аритмија или не го чуствувате-па мора да ве враќаат во живот,вашите дланки потат,вашите нозе се враќаат назад,а вашето тело копнее по неговата близина.Како психички промени кои ги предизвикува оваа честа промена се исклучување на вашата лева и десна хемисвера (целосно губење на околинската перцепција,не слушате гласови,па дури и халуцинирате дека ви се приближува), тоа е оној миг кога го заборавате својот мајчин јазик( не отварате уста) а речиси го разбирате секој изустен збор.
Потребата за љубов најчесто ја задоволуваме со споделување на истата,со очекување да ни биде возвратена,најчесто спрема личноста која е насочена,иако таа љубов нечесто е возвратена.
Постои и онаа добрата невозвратена љубов.Што тогаш? Чуствувате дека вашето срце ќе препукне од толку многу љубов чувана во себе,што несебично ја споделивте наоколу а прототипот за кого е наменета одбива да ја прими.
Љубовта не е болест-напротив таа е вирус.Кога еднаш ќе се заразите не постои лек ни научик да ве ослободи(сем да си го откорините срцето).
Умрев за/од љубов! ЗАРЕМ?!?
Од љубов? Ух,зарем премногу сте биле сакани па не сте можеле да продолжите-НЕ. За љубов? Па...донекаде- ДА.Сметам дека дефинитивно можеда се умре за љубов,за мечта да се биде љубен,за да се спаси љубовта,љубениот...
Ах,љубов, ПОСТОИШ ЛИ?!?!?

No comments:

Post a Comment